Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Го повреди Шчезни. Комуникација дефанзивец-голман левел Гибс. Ти шо се фаќаш за голот е раритет плус.
Aвгуст 2014-та ...
![]()
Декември 2014-та ...
![]()
Мислам дека треба да остане (Брендан Роџерс) до крајот на сезоната затоа што на полусезона е ризично да се отпушта и набрзина да се става друг менаџер, повеќе фактори влијаат. Па и на лето, не знам кои се слободни тренери па да дојде во Ливерпул. Нешто слично се случи како со Кени, потроши доста пари ама нема резултати, веројатно ги губи конците како авторитет во екипата и поверојатно е дека екипата била one man team на чело со Суарез.
Мислиш дека треба да го бркаат?[DOUBLEPOST=1416924446][/DOUBLEPOST]И остави и јас нешто да постирам за Ливерпул![]()
преоптимистичка е табелава .... ливерпул 5ти ? ма немој да ме јебеш бреTабелата на крајот од сезоната според Англиските статистичари
Прегледај го приврзокот 107651
* И тие знаат дека 4тата позиција секогаш е резервирана![]()
Знам брат, знаеш и ти зошто едно 20 пати се постирани, 2-3 пати последниве недела дена.Не беше поентата на постот да покрене дискусија за бркање на роџерс, туку за неговите изјави, кои по глава му се враќаат сезонава.
Му се удира и ова од глава само пак ќе кажам, Тотенхем изгуби битен играч во Бејл, Роџерс го изгуби и Стариџ, затоа сеуште нема да кажам дека е тим кој зависел само од еден играч. Се разбира тоа не го менува фактот дека Суарез беше вонсериски лани.Лани викаше дека ако потрошиш над 100 милиони фунти, би требало да чувствуваш притисок и да си во борба за титула.
Нели, алудирајки на огромното трошење на Тотенхем. Сега, тој потроши 100 милиони фунти, а е на 12-то место и го осеќа истиот притисок за кој што се збореше.
Зошто одма правиш споредба со МанУтд? Каде тоа знаеш дека он алудирал на нив или си претпоставуаш? Муабетот му беше дека самиот себе си се правдаше што лани го купи пример Аспас за 10м а годинава Бало аз 16. Тоа беше поентата на муабетот со тим кој игра или не ЛШ. Никаде не кажа „Сеа да ги видам УТД како ќе се снајдат“. Јас и ти знаеме дека УТД може да го купи кој сака, играл или не ЛШ, Роџерс што е менаџер и менаџира тим од ПЛ нема да знае.Па збореше како со ЛШ можеш да купиш класа играчи, алудирајки на Јунајтед, дека ке има проблеми да привлече топ играчи. На крај, ливерпул заврши со марковиќ, ламберт, лалана, манкиљо и балотели, а Јунајтед без ЛШ со Фалкао, Ди Марија, Шо, Ерера и Блинд.
Горе ти пишав за ЛвГ.Ова му е капаче, со предупредувањето кон Ван Гал колку шокантна може да биде Премиер Лигата.
Пошокантна и не може да биде. Од титула во рака, скоро до отказ за помалку од 8 месеци.
Роџерс ако биде избркан, ни прв ни последен. Мислам, прво смешно е што ги споредуваш менаџерските способности на Клар и Роџерс, после смешно е што ги споредуваш и клубовите и очекувањата на едниот и на другиот.роѓо ке биде нешто како Стив Кларк, жртва на сопствениот успех кога ги донесе WBA на 7-мо место чинам, а после го отпуштија на полусезона што не бил погоре од 7-мо место.
Не го гледам проблемот кај него со ливерпул, иако, човекот ми изгледа помирен со судбината. Никаква емоција во него, ни на клупата, ни во пост меч интервјуата. Ги гледам сите, за да можам да ве информирам, навремено.
Не сум сигурен дека ке успее да ги мотивира играчите, премногу играчи има што му потфрлија, а реално, нема ниту еден кој се издвојува по перформанси, околу кој би можел да гради нешто.
Ги читав изјавите на вашите сопственици, аман, истото што го викаа нашиве за Мојс, имаме ние долгорочен план со него, му веруваме, ке се врати на победничките патеки, и изеде секира,
Јасно како ден.ливерпул пре би го сменил тренерот, отколку таа финансиската структура што ја имате со платите.
Муабетот од погоре. Ако купеше само тројца, и еден се погоди ко Озил (што не постои), ќе беше со двајца нови играчи, ростер за да си игра во регионална општинска лига.Ги утна роџерс сите транфери летото, иако се радувавте на квантитет. Му требале играчи за 3 фронта.
Сега барате квалитет, зашто квантитетот не носи резултати.
На роџерс му требаат подобри играчи, човекот покажа дека знае да менаџира играч од светска класа со Суарез, и да не беше слипчето на стиви џи, сега ке го славевте роѓо.
Пак ке кажам, од гледна точка на фан на ливерпул, пу пу, не би сакал да го отпуштат роџерс, иако си имаше големи свои утки, како тактиката на мечот со Челси на пример на домашен терен, па после мечот со Палас, како она глупоста со Реал, како купување на тешки просеци.
Али, во глобала е добар менаџер и мислам дека не би требало да го отпуштат, иако последниов месец прави некои, според мене, нелогични потези кои му ја дрмаат фотељата.