Како може вера да биде погрешна или вистинска?! Вера е! Не е знаење, не е факт.....верување е!
Многу е едноставно! Знаењето е променливо, а верата е константна.
Да го земеме примерот со прогресијата на атомската теорија:
1. Првин било чистото филозофско гледиште на Демокрит непоткрепено со никакви докази.
2. Атомскиот модел на Далтон
3. Моделот на пудинг од сливи на Томсон
4. Радерфордов модел
5. Боров модел
6. Моделот на квантен облак
И ова сигурно не е конечен модел, туку и понатаму атомската теорија ќе се менува.
Гледаш дека знаењето е променлива величина?
Вистинската вера на Православните била иста и во 1-от, и во 4-от, и во 10-от, и во 15-от и во 20-от век и ќе остане иста засекогаш.
Гледаш дека верата е константна величина?[DOUBLEPOST=1416780612]
[/DOUBLEPOST]
Со други зборови, ова го прогласувам за лага, затоа што едноставно таа алтернатива ме ужаснува и ми прави морници по грбот.
Дали огнот што многу лесно може да ја изгори органската материја од која се состои твоето тело е лажен зашто те ужаснува и ти прави морници по грбот?
Ipsissimus напиша:
Ти немаш знаење - сознание, имаш само верување, кое се темели на ужаснувањето од помислата дека после смртта немало ништо
Погрешно!
Ти немаш знаење-сознание, додека
јас можам да ти постирам томови со сознанија кои ти од некои необјасниви причини си ги превидел. Искрено, се чудам како можеш да превидиш, пренебрегнеш, занемариш толку многу докази, а притоа да бидеш трагач.
Оној што трага по Вистината, не отфрла ниедна опција, не одлучува уште на самиот почеток што несмее да биде вистината! Тоа е залажување и заблуда.
Јас трагав и мојата потрага заврши зашто ја најдов Вистината. За неа има уверливи докази колку што сакаш, само треба да се потрудиш и да ги пронајдеш.
Од сè срце ти посакувам и ти да ја најдеш Вистината.
