Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
ми тргна нешо спортскава :pipi::ROFLMAO:
 

Attachments

  • 1.jpg
    1.jpg
    110,3 KB · Прегледи: 54
  • 2.jpg
    2.jpg
    61,2 KB · Прегледи: 52
Рекламата на Златна Копачка е дека имат најдобри коеф и дека се најдобри од најдобрите.

Пази коеф за Хофенхаим дава/не дава гол :

дава - 1.65 , не дава 1.55.

Елементарна математика да знаеш, ќе знаеш како крадат и колат тука.
Мизерија.
http://bitcoin-betting-guide.com/sp...sources/overround-and-probability-calculator/
Еве ви дигитрон шо рачуна маргина. И бегајте од кладиОници што имаат над 6-7% маргина.
 
Банфилд - Килмеш ми мириса на 2ка вечер...
 
Видов како.
Го немам гледано Саез ама типот ти беше логичен. Подлипник и јас го гледав пред некој ден и добро играше, а овој Саез претпоставувам аматер е, слаб е на ранг листата. Ама често се случуваат вакви работи на Челенџерите.

Иначе кој и да беше дечкото што го играше Федерер испадна дека не за џабе бил толку голем коефициентот на Федерер, ипак повредата си го направи своето. Штета за Роџер али тоа е тоа...
 
Еве една мала анализа на нашиве кладилници(ако сум испуштил некоја/нешто или ако сум згрешил дополнете/исправете).
1. Моцарт -
Да почнеме со најлошата :) . Никакви коефициенти, најголема маргина, имаат некои специјални игри што другите ги немаат ама кое фајде кога имаат најмали квоти. Ги следат трендовите со светските кладилници(ажурираат граници, смалуваат квоти). НИКОМУ НЕ МУ ПРЕПОРАЧУВАМ ДА СЕ КЛАДИ ОВДЕ.
2. Копачка -
Единствено им вредат квотите за над/под голови и оние специјални игри како 1-1 3+, 1иТ1. Се друго кај нив е грабеж.
3. Марбет -
Некаде измеѓу Копачка и ВилХил, знаат на одредени игри да стаат добри квоти (претежно на специјални / комбинирани игри) ама исто така знаат и да си подкраднат, не колку Копачка ама доволно :)
4. ВилХил - една од подобрите кладилници за кладење на голови, ГГ/НГ и специјални игри. Ја препорачувам.
5. Спортлајф - кладилница каде ретко ќе начекате поклон квота за некоја игра ама исто така ќе бидете безбедни дека нема да ви се пуштат некои грабеж квоти од типот 1.65 со 1.55 за 3+/0-2. Се обидуваат да држат некоја стандард маргина од 5-7% барем за појаките лиги ЗА ПОВЕЌЕТО ВИДОВИ ИГРИ. Исто така ја препорачувам за кладење.

Е сеа, овие од 2-5 имаат една добра карактеристика, ретко смалуваат квота и менуваат граници(освен можеби понекогаш спортлајф, за другиве не сум сигурен ако некој знае нека пише). Можат да се начекаат квоти кои се за 15-20% поголеми од оние на нет(кои паднале). Исто така даваат некои "поволности" екстра тип/супер тип, враќаат уплати бла бла ама нема корист од тоа. Тоа е се на штета на играчите.

6. Бетсити -
Според мене број еден. Најголем избор на игри, стандард маргина од 5-6% за СИТЕ ЛИГИ И СИТЕ ИГРИ. Најдобри квоти за аутсајдери. Лоша страна е што ако квотата паѓа на нет, паѓа и кај нив и нема начекување поклони со 15-20% поголеми квоти као кај 2-5. Сепак, ако паѓа на ГГ, расне на НГ, како што кажав стандард маргина СЕКОГАШ. Нема поклони, нема крадење.

Заклучок:
Ако играте на голови, комбинирани игри бирајте ги Копачка, Марбет и ВилХил.
Ако имате поширок спектар на типови на игри, Спортлајф и Бетсити.
Ако играте каде што паѓа квотата, 2-5.
Мислам дека овие 2-4 имаат најдобри квоти за зицери(изразити фаворити као Барса, Баерн,Сити, Партизан, Селтик итн)
За се друго што не е наведено, Бетсити.
 
Секогаш вреди да се проверат по сите кладилници коефициентите.
Некогаш и на голови играта е далеку поголема во Бет Сити наместо Копачка на пример.

Инаку за комбинираните типови, прееска ја пишав сингл Килмеш 2-23+ на враќање дома, 9.85 коеф во Копачка (не дека ќе фатам туку за споредба).

Не ни проверив на друго место колку е додека не дојдов дома.
Моцарт 11
БетСити 16.5
Спорт Лајф 10.3
Марбет 14.3
Вил Хил 15.2

Имам приметено и друг пат кога играм контра фаворити дека Бет Сити дава најдобри коефициенти а Копачка најслаби.
 
6. Бетсити -
Според мене број еден. Најголем избор на игри, стандард маргина од 5-6% за СИТЕ ЛИГИ И СИТЕ ИГРИ. Најдобри квоти за аутсајдери. Лоша страна е што ако квотата паѓа на нет, паѓа и кај нив и нема начекување поклони со 15-20% поголеми квоти као кај 2-5. Сепак, ако паѓа на ГГ, расне на НГ, како што кажав стандард маргина СЕКОГАШ. Нема поклони, нема крадење.

.

Па мора да менуваат зашто Бетсити е онлајн кладилница, па ако се смени на интернет автоматски и тука им се менува. Тие имаат само отворени кладилници кај нас како и другите регуларни, затоа што едно што е забрането кладењето, а и сме малку поназад од светот. Не ни верувам дека имаат Бетсити други кладилници надвор од Македонија, a се тоа е заради тоа што газдата на Вардар, Русинот е газда и на Бетсити. Па му иди како " оти да не ко сум веќе секако тука. " :)

A секако ја препорачувам. Имаат безброј игри и комбинации што неможат другиве ни да ги замислат. Од вкупно офсајди до со колку брзина некој тенисер ќе го сервира топчето во вториот гем од првио сет :D

Но, да напоменам една многу добра кладилница која ја немаш спомнато а таа е Еврогол. Стандард високи коефициенти за сите игри, и мој фаворит од сите. Без скоро никакви блокирања, намалувања на коефициенти, крадења и слично. Сите ливчиња ми се во овие 2 кладилници, и понекогаш во Вил Хил заради 1-4 гола играта.. и тоа е тоа. Во Моцарт или Спортлајф не памтам од кога немам стапнатo.
 
Последно уредено:
http://bitcoin-betting-guide.com/sp...sources/overround-and-probability-calculator/
Еве ви дигитрон шо рачуна маргина. И бегајте од кладиОници што имаат над 6-7% маргина.
Пробав со Арсенал - Јунајтед за конечен тип 3те опции и за 0-2 и 3+ голови. Во обата случаи маргината е над 7...
Додека за гг и нг маргината е 7.95


Иако имам играно и на големи суми, искрено не сум навлегол толку длабоко во коефициенти веројатности и незнам што, ама почнувам полека да се интересирам повеќе... Сепак пари се а не бомбони


Инаку освен Спорт Лајф (и Бет Сити) има ли некоја друга обложувалница онлајн билтен[DOUBLEPOST=1416618268][/DOUBLEPOST]Eindhoven - Jong Twente

Мислам дека и овде има соработка, таа им беше само 3та меѓусебна и ми беше страв да ја пишам 2, им требаше на Твенте да се качат неколку места на табелата. Сега сум убеден дека е така. Наредната зависи од табелата исто, или Ајндховен ќе игра плеј-оф или ќе лапаме 4-5 коеф :)
Се игра на 01.05.2015, претпоследно коло... Биче интересантно :)
 
Последно уредено:
Изaнaлизирaјте пoдoбрo, дoстa пoдoбрo и ќе видете декa кoпaчкa и спoртлaјф се тукa некaде, кoпaчкa дaвa пoгoлеми кoеф зa фaвoрити зa дa се пoдлaжувaaт oние штo игрaaт нa пoвеќе пaри, спoртлaјф гo препoрaчувaм з рaзнoвиднa игрa, oсвен зa прелaзи 1-2 и 2-1.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom