Радувај се, чим те буди повеќе пати во сред ноќ за да ти разбие сон стварно многу те сака
, а чим ти му дигаш слушалка и ти го сакаш, прекрасна врска имате
. Респект
.
Навикни се дека нема да шеташ со другари и дека ќе му поднесуваш извештаи и понатаму. Тоа нема да се промени.
Ти така си се поставила а освен тоа во љубов нема праведно него како си ја наредиш. Он супер си ја наредил а ти си прифатила и нема што да се жалиш. Што го пушташ да излегува без тебе? Речи му дека не смее да искача без тебе и дека правилата како за тебе важат и за него
. Само ќе видиш што ќе те снајде ако така се поставиш
.
И чим ти пушти солза толку ти треба, меко душиче и ти и тој. Ете доказ дека и на машко му користи да си поплаче повремено
.
Досега бев малку ироничен ама ти си за греота дека ништо не ти е јасно. Си се заплеткала во некоја тапа ситуација од година дена а не си сфатила дека тоа нема никогаш да се промени. Нема шанси од патолошка љубомора да стане врска со верба и слобода која ти ја сакаш, избиј тоа од глава. Ако вака продолжиш ќе останеш и без пријатели така да соочи се со тој факт. У врска треба да ти е убаво а тебе веќе не ти е, си закаснила многу.
Или постави си граници до каде смее да иде со тебе (ти сеа ги немаш и си станала „идеална“ женска за мерак
), или прифати дека така ќе биде стално и помири се со тоа или знаеш кое е крајното решение. Со среќа!