Да нема љубомора ќе нема ни љубов како ни други емоции кои се сите составен дел. Љубомората треба да се контролира со разум, само памет во глава треба да си рече човек кога таа ќе се јави до точка на полудување. А причината за тоа е најчесто нереална, последица на некое наше лично уфилмување на саканата личност со некој друг. Како што вели Борис Новковиќ во една песна - бол је јача и од истине. А вистината не е толку болна ако добро се погледне во очи, ако таа има друг - има друг, нема што тука, крај и готово, но нема потреба од љубомора и болка до лудило. А не мора да значи и дека има некого, може сме биле скарани со саканата личност, долго не сме ја виделе и одеднаш еве ја со друг, кој што и е само пријател, но ние тоа не го знаеме и влегуваме у филм. И Здравко Чолиќ имаше една песна - мрачна снага љубомора. Што ти е човечко его...