Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.319
- Поени од реакции
- 18.737
Најлошо во врска со екстерното/државен испит или како сакате наречете го е тоа што го лансираа во јавноста премногу рано, без никакви конкретни објаснувања или модел на изведување. Многу голема грешка беше тоа од страна на Владата бидејќи можеби ако прво изготвеа конкретен модел или начин на спроведување студентите подобро ќе можеа да го разгледат и да се произнесат по тоа, без никакви нервози и претпоставки. Сите знаеме дека најлошо кога една работа е само зачната, а не и објаснета.
Еве на пример јас кога првпат слушнав за тоа ми излегоа многу прашалници во главата. Дали тестот ќе ги опфаќа на крајот од втора година сите предмети од прва и втора? Дали ќе биде еден тест или повеќе? Ако се повеќе ќе се полага поединечно по предмет или повеќе предмети на еден тест? Какви ќе бидат критериумите за оценување? Кој ќе ги состави тие прашања, кој ќе ги прегледа? Дали реално Македонија поседува независен квалификуван кадар кој како прво има законско право да состави и прегледа прашања за високо образование?
Јас како што знам на еден тест да ставиш прашања од 20 предмети на пример е крајно нелогично. Од друга страна да биде поединечно тоа би биле премногу тестови. После тоа малку е дискутабилно составувањето и прегледувањето на тестовите. Професорите на факултетите како што знам по звање се доктори на наука што претставува највисок чин од некоја област. Не ми се верува да постојат луѓе со исти квалификации кои се независни од државата, универзитетите или другите институции. Тоа му доаѓа како да се направи закон кој го контролира уставот.
Овие работи и многу други придонесоа да се создаде конфузија и револт што е сосема оправдан.