K
Kacar
Гостин
Сељаков ми има напишано член 46, на информација за улица наместо ул. 8 Септември бр.3 ми напишал улица 3 Септември бр.8 а матичниот број ми го утнал за 3 бројки како и бројот на личната карта.Нејсе, гледам ставил и различни потписи на документите кои што ми ги дал. На едниот се потпишал на кирилица и кратко а на другиот на латиница целосно име(сепак пак не разбирливо). ФујБарајте број на полициска значка. Па нека докаже тој, како си поминал. Инаку за "црвено светло на пола помината улица"...нормално дека ќе продолжиш. Некој напиша 5-10 секунди. Кој е тој закон што регулира во секунди?
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата
Член 44 Член 44
(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно
регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните
сообраќајни знаци за учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:
- црвено светло – забрана на минување;
- зелено светло – слободно минување и
- жолто светло – забрана на минување, освен за возилата кои во
моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од
светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го
поминат тој знак, а за другите учесници – забрана на минување, освен за оние
пешаци кои веќе почнале да го преминуваат коловозот.
...
(4) Зеленото трепкаво светло служи за предупредување на учесниците во
сообраќајот за блиското престанување на слободното минување и за појавата
на жолто односно црвено светло.
Кога пешак ќе стапне на коловоз (на пешачки), нема правило за колку секунди/минути треба да ја помине улицата. Нормално, да не се заборави и да смета на останати учесници во сообраќајот.