Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Ама си се исплашил ти од смртта, леле. Затоа ли си верник, да не умреш? ;)

Смртта не ми гинит, ама ш‘по после неа?...Верник не се бидуват од страв, иако и тој многу помагат, туку за да се вратит назад, во почетната заедница со Творецот. Умирањето не е конечен крај, после кој „нема ништо„, туку е почеток на вечноста: или со Бога или без Бога.[DOUBLEPOST=1416349553][/DOUBLEPOST]
Инаку за Маркса и и Давина ми пуца... ѓон. Немаат атеистите ништо со тоа а јас па најмалку.

Ќе ти се смеат на оваа изјава: кажа и остана жив.
 
Од каде виде ти дека сликата е порногравска?
Библијата е полна со пораки на госпо мажите да ги сексаат жените, да ги оплодуваат да се размножуваат, еден куп прикаски каде “тој и тој влегол при таа и таа“ ќерки се сексаат со таткото, брат секса жена на брат, господар секса слугинка, маж има деца со појќе жени, синови божји сексаат жени и им се раѓаат џинови... сето тоа е во библијата,отворено кажано не знам шо толку тогаш би требало да е забрането и слика каде таа библиска порака се прикажува, каде се гледа и таа божја убавина, зошто да не се стави една фотографија каде маж (верник) секса жена (верничка) и под неа може и пригоден текст за божјата мудрост и убавина.

27. И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28. И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата....
 
Ќе ти се смеат на оваа изјава: кажа и остана жив.
Гледам веќе ти е смешно, а будалите на се' се смеат. :D
Кој дел не ти е јасен? Дека посочените немаат врска со атеизмот? За твоја жал и на такозваната твоја вистинска црква, таа е вистината.
 
Смртта не ми гинит, ама ш‘по после неа?...Верник не се бидуват од страв, иако и тој многу помагат, туку за да се вратит назад, во почетната заедница со Творецот. Умирањето не е конечен крај, после кој „нема ништо„, туку е почеток на вечноста: или со Бога или без Бога.
Корегирано мики ;)
Тоа што ти си посакуваш не значи и дека е така.
А за стравот, .. :sneaky: кажи ми како е да го живееш животото во константен страв? Убо, нели:tapp:
 
Корегирано мики ;)
Тоа што ти си посакуваш не значи и дека е така.
А за стравот, .. :sneaky: кажи ми како е да го живееш животото во константен страв? Убо, нели:tapp:

Јас не знам ниедна религија во која го има поимот "душа", што вели дека душата не е бесмртна и дека умира заедно со телото.
 
Убаво си кажа мојот Брат @The Magus таквите како тебе треба да бидат под строг надзор, затоа што се олицетворение на волк во овчја кожа. Уста преполна со милост, убавина, љубов...бла, бла, бла

Is a textbook, пример нема смисла за хумор а пропагира Љубов.
Кога толку опсесивно се обидува да потенцира одредени морални вредности станува јасно дека баш тие му фалат ама сето тоа е разбирливо затоа што се плаши да не биде разоткриен и осуден (волк во овчја кожа) поради ниските и слепи страсти кои вријат како вулкан испод цензурата која од време на време распукува за да се ослободи од притисокот како не би го оштетиле носачот(телото) од кое пак зависат истите(страстите), а јас не би сакал да сум во близина на такви луѓе кога се случува тоа ама доколку сум власт редовно ќе им ги проверувам подрумите ;)
Инаку имам дарба да препознавам опаки ситуации и луѓе ама претежно не се мешам и си молчам :rolleyes:
Еден пример ќе кажам за поп.
Редовно ги сретнував попот со жена му и децата пошто патиштата ни се вкрстуваа во одреден дел од градов. Доооолго време зборував дека нешто сериозно не е во ред со луѓево, нешто се случува ама што? Сакав да можев да поставам камери низ домот чисто само да видам дали нешто се случува и што. Кога ги сретнував и кога ќе ги погледнав како нешто да ме гушеше беше чувството, како да ме дави некој.
Години подоцна пукна муабет дека попов ја претепувал жената редовно.
Ги гледам уште заедно, и сеуште онаа мрачна енергија ја чувствувам како што ја чувствувам од Спирос овде преку пишан збор.Не дека сакам или одбирам да забележувам, едноставно се случува и често сум запрепастен колку сум бил во право за одредени ликови.
Јебига офф топик сум сорри ју гајс[DOUBLEPOST=1416405045][/DOUBLEPOST]
ѓоамити разбирање (читај неразбирање) на атеизмот.

Во прилеп се вика „поџомитка“ :LOL:
 
Пост со наслов: "групна венчавка на 18 10 2014" а кој ти го имаш лајкнато:

Ова што е?[DOUBLEPOST=1416266443][/DOUBLEPOST]
Ова што е?

Ова што е?
Тоа се активности од религиозна организација кој е заведена во регистарот на комисијата.
Што конкретно е може да прочиташ од самите наслови.[DOUBLEPOST=1416416959][/DOUBLEPOST]
Друг Залез треба да знаш да мои пофил био је хакиран од неким хоштаплери(предпостављам да су неки анти хомос педера) кои хоче да ми наштету на мој углед и чест христијанског,ја чу ти само другарски препоручити да мој пут просветљења је стабилан и нико па ни самог сатана није у стање да разниша моју посвеченост.
фала
Откривањето ти беше сосема едноставно, а со начинот на дискусија го потврдуваш тоа.
Каква и да ти е целта, не труди се повеќе, многу ниско е.
Модераторе RogerBacon до кога ќе го толерираш очигледното тролање.
 
Последно уредено:
Тоа што ти си посакуваш не значи и дека е така.

Тоа што ти негираш, не значи дека е точно.[DOUBLEPOST=1416420089][/DOUBLEPOST]
А за стравот, .. :sneaky: кажи ми како е да го живееш животото во константен страв? Убо, нели:tapp:

Штом Е Бог со мене или поточно, штом јас се движам кон Него, зашто да се плашам? Кој нормален се движи кон нештата од кои се плаши?
 
Еден пример ќе кажам за поп.
Редовно ги сретнував попот со жена му и децата пошто патиштата ни се вкрстуваа во одреден дел од градов. Доооолго време зборував дека нешто сериозно не е во ред со луѓево, нешто се случува ама што? Сакав да можев да поставам камери низ домот чисто само да видам дали нешто се случува и што. Кога ги сретнував и кога ќе ги погледнав како нешто да ме гушеше беше чувството, како да ме дави некој.
Години подоцна пукна муабет дека попов ја претепувал жената редовно.
Ги гледам уште заедно, и сеуште онаа мрачна енергија ја чувствувам како што ја чувствувам од Спирос овде преку пишан збор.:


Pretepuvanjeto moze mu bilo fetish.
 
@Залез
Откривањето ти беше сосема едноставно, а со начинот на дискусија го потврдуваш тоа.
Каква и да ти е целта, не труди се повеќе, многу ниско е.
Модераторе RogerBacon до кога ќе го толерираш очигледното тролање

ја сам сум се откривал од плакарот и ти немаш никакву утисак на моје јавно православно хомосексуално проглашавање и барање за уједначеност у тренутни монопол који држе евнухе и хетеро.

јошједном опет питам црквен стручњак који ке објаснити да ли може или не(и жашто не може) хомосексуалац да постане свештеник,владика или метрополит.
фала
 
Јас не знам ниедна религија во која го има поимот "душа", што вели дека душата не е бесмртна и дека умира заедно со телото.
Душа=енергија, .... сосема друг муабет е тоа. Ќе дојде денот кога таа душа или свест, или како и да ја наречеме со друго име ќе може да егзистира и без телото. А со тоа паѓаат во вода сите монотеистичи религии.
Тоа што ти негираш, не значи дека е точно.[DOUBLEPOST=1416420089][/DOUBLEPOST]

Штом Е Бог со мене или поточно, штом јас се движам кон Него, зашто да се плашам? Кој нормален се движи кон нештата од кои се плаши?
БОЛД: Апсолутно е така, но проблемот е што вие верниците не го прифаќате поинаквото.
Па и во робовладетелството се движеле кон господарот. Не гледам голема разлика од тоа и ова со вернициве.
 
БОЛД: Апсолутно е така, но проблемот е што вие верниците не го прифаќате поинаквото.
Па и во робовладетелството се движеле кон господарот. Не гледам голема разлика од тоа и ова со вернициве.
Некако ми асоцира на К9. :)
 
Душа=енергија, .... сосема друг муабет е тоа. Ќе дојде денот кога таа душа или свест, или како и да ја наречеме со друго име ќе може да егзистира и без телото. А со тоа паѓаат во вода сите монотеистичи религии.

Душа ≠ енергија. Енергијата не може да постои без материја, бидејќи енергијата е физичка величина која е својство на физички објекти и која поминува од еден физички систем во друг преку фундаменталните сили т.е. основните интеракции кои делуваат помеѓу елементарните честички (фермиони=кваркови+лептони), а тоа се: гравитациска, електромагнетна, јака нуклеарна и слаба нуклеарна сила, преку носителите на фундаменталните сили (бозони=фотони+ глуони +W бозон +Z бозон+ ... (гравитон?)+ (Хигсов бозон?)) .
Според твојата равенка би излегло дека штом умира телото, умира и душата. Немаш тело како физички систем и оттука произлегува дека не можеш да имаш ни душа како енергија на тој систем.
 
Гледам понекогаш лебарки низ станот, најчесто во купатило. Живеат во канализација, во темница, смрдеа и измет. Оброците веројатно не им се деликатесни. Сепак се импресивно брзи и прават вистински подвизи кога треба да се избега пред опасност. Го сакаат животот. Дали затоа што им е најважен полниот стомак и празниот Q. Или се надеваат на нешто подобро по смртта што треба да се заслужи со животот во канализација. Или се само така програмирани дали од еволуцијата (преживувале оние со склоност за бегање па таа склоност ја пренесувале понатаму) или од Бог. Треба да се подразмисли за ова.
Како и да е ова е само мој прв пост во врска со актуелниве теми за ценење на животот кај теистите и атеистите и за свеста кај животните и човекот.
Поздрав до членовите!
 
Душа ≠ енергија. Енергијата не може да постои без материја, бидејќи енергијата е физичка величина која е својство на физички објекти и која поминува од еден физички систем во друг преку фундаменталните сили т.е. основните интеракции кои делуваат помеѓу елементарните честички (фермиони=кваркови+лептони), а тоа се: гравитациска, електромагнетна, јака нуклеарна и слаба нуклеарна сила, преку носителите на фундаменталните сили (бозони=фотони+ глуони +W бозон +Z бозон+ ... (гравитон?)+ (Хигсов бозон?)) .
Според твојата равенка би излегло дека штом умира телото, умира и душата. Немаш тело како физички систем и оттука произлегува дека не можеш да имаш ни душа како енергија на тој систем.
Ако е така, тогаш тврдењата на религиите уште повеќе тресат зелени.
П.С. некој овде еднаш изјави дека душата Е материја (нема поената да го тагирам), и дека кога се умирало се губеле неколку микрограми:sneaky: ај сега договорете се што е што?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom