Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Па нема, затоа и те прашав. ;)

А смртта, ш‘о?

Уште една случајност во низата од случајности, која започнува со случајна екплозија од сингуларитетно набиена материја, која случајно раѓа ред (галаксии, звезди, планети...), од кој случаен ред случајно се раѓа живот, кој случајно завршуе со смрт?...
 
Смртта е само еден дел од природата. .................... Кога ќе размислам (научно) се нешто има почеток и крај. Така и со животот, почнува со раѓањето, завршува со смртта. Ништо страшно, не е тоа никаква казна. Ама си се исплашил ти од смртта, леле. Затоа ли си верник, да не умреш? ;)
 
Рецимо: „светлата будуќност„, „напредокот„, самодоволноста и саморегулативноста од материјата, нејзината беспочетност и бесконечна трајност, бесконечното самоподобрување на нештата, (кој ја „врти„ термодинамиката, нали...), бесконечно воточнување на научните вистини, неспособноста за откривање трајни вистини и томе слично...

Сакаш уште непостоеќи атеистички догми?
Ниедно од тие не е догма. Ти можеш свашта да измислиш, ама заклучокот (болдот) ти е точен. Тоа се посточки христијански догми.
То го запамтив од тие часови шо не избегав.
Знаеме од кои часови ти се тоа, од оџата во џамија. Такво нешто не се учи на школо.
 
Смртта е само еден дел од природата. .................... Кога ќе размислам (научно) се нешто има почеток и крај. Така и со животот, почнува со раѓањето, завршува со смртта. Ништо страшно, не е тоа никаква казна. Ама си се исплашил ти од смртта, леле. Затоа ли си верник, да не умреш? ;)

Teлото е смртно, но душата е бесмртна. Душите на покојниците живеат и после телесната смрт со сета своја свест и нивниот живот одговара на нивните морални вредности кои ги стекнале додека биле во тело. Праведните души одат во рај - привремено блаженство, а грешните во адот - привремени страдања, кадешто битисуваат сè до Страшниот Суд и сеопштото воскреснување.
 
Последно уредено:
А смртта, ш‘о?

Уште една случајност во низата од случајности, која започнува со случајна екплозија од сингуларитетно набиена материја, која случајно раѓа ред (галаксии, звезди, планети...), од кој случаен ред случајно се раѓа живот, кој случајно завршуе со смрт?...
Ne be....Ne nekoj mu bilo dosadno i se zaigral pravejki planeti i zvezdi onaka da mu svetkaat navecer......poverodostojna ke da e tvojava dogma...!

Teлото е смртно, но душата е бессмртна. Душите на покојниците живеат и после телесната смрт со сета своја свест и нивниот живот одговара на нивните морални вредности кои ги стекнале додека биле во тело. Праведните души одат во рај - привремено блаженство, а грешните во адот - привремени страдања, кадешто битисуваат сè до Страшниот Суд и сеопштото воскреснување.
Says who? Istite onie sto tvrdea deka zemjata e plocesta i ima 4 kraja?
 
Teлото е смртно, но душата е бессмртна. Душите на покојниците живеат и после телесната смрт со сета своја свест и нивниот живот одговара на нивните морални вредности кои ги стекнале додека биле во тело. Праведните души одат во рај - привремено блаженство, а грешните во адот - привремени страдања, кадешто битисуваат сè до Страшниот Суд и сеопштото воскреснување.
Докази друже, докази. Се' друго е прикаска
 
Teлото е смртно, но душата е бесмртна. Душите на покојниците живеат и после телесната смрт со сета своја свест и нивниот живот одговара на нивните морални вредности кои ги стекнале додека биле во тело. Праведните души одат во рај - привремено блаженство, а грешните во адот - привремени страдања, кадешто битисуваат сè до Страшниот Суд и сеопштото воскреснување.
А како ќе се движи времето во рајот и пеколот во однос на земјава да речеме? :)
Во однос на гравитациската дилатација...
 
Кога Мудроста Божја чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа, ќе ти даде инспирација да го преточиш во зборови она што ти е во душата:
Едниот љангар секташки пред некој ден постира слика на форум религија, на која една млада девојка сексуално и порногравски ја деградираат на ниво подолно од неразумна стока, а тој другиот љангар секташки - после рекламација до модераторите - па згора го брани првиот љангар и вели:

„ Што ако за мене е навредливо и перверзно носењето шамија или мантија? Што ако за мене тоа е повредување на достоинството на жената? Дали ќе треба да ги забраниме и казниме оние што немаат исти вкусови како мене?
Море спрдо, убаво те прашав! Што ако за мене е навредливо мантија? Дали тоа ќе значи дека треба да те сметам за љангар? За екстремист? Да те тужам на суд? Да се чудам зошто државата те толерира?
Убаво си кажа мојот Брат @The Magus таквите како тебе треба да бидат под строг надзор, затоа што се олицетворение на волк во овчја кожа. Уста преполна со милост, убавина, љубов...бла, бла, бла и одеднаш гледаш те ословуваат како љангар. Од каде виде ти дека сликата е порногравска? Може е реклама за јогурт! Тоа што ти имаш перверзен ум е вина на оној што постирал таква слика? И на крај краеви, што има ти да судиш некого за тоа што тој смета за убаво?!
 
Последно уредено:
Зошто не сме супериорни кога сме на врвот на еволуцијата? Супер значи над, изнад. Како тогаш ние луѓето сме на врвот во филогенетското стебло? Со краткиот животен век, со подложноста на стареење, со крајно ограничените регенеративни способности, со слабите сетила, со слабиот имунитет, со слабата отпорност спрема температурни и хемиски промени...?
Тука користиш одредени изрази за да доловиш поента, али значењето на тие изрази како „врб на филогенетско стебло“ и „супериорност“ е дискутабилно.
Првенствено, што дефинира супериорност кај еден вид во однос на друг? Нашите гени се адаптираат и гледаат да продолжат со своето опстојување кај следните потомства и тоа е успех, еволуционо ние успеваме колку што успеваат и мравките и сите други живи видови.
Генот го „интересира“ тоа, да се пренесува, целта на животот е размножување.

Во случајов, нас супериорни над останатите животни не прави интелектот, а истиот е резултат на еволуција. Ние го користиме тоа како одреден произволно одбран критериум кога тврдиме дека сме супериорни, тоа не е некој на камен пишан критериум за тоа што претставува супериорност. У џунгла, ако немаш оружје, пантерот е „посупериорен“ од тебе, он ќе те улови, ќе те изеде и неговите гени ќе идат даље, твоите нема.

Така што тој „врв на филогенетско стебло“ е само одбран приказ кој го зима во предвид нашиот интелект кој ни помогнал да се адаптираме согласно со нашата генетика и да си обезбедиме услови кои ќе ни помогнат да живееме подобро.
 
Под супериорност мислев на тоа дека сите таксономски сегменти на човекот се посложени во однос на останатите на сите нивоа (надцарство, царство, тип, поттип, класа, ред, семејство, род).
 
Ne be....Ne nekoj mu bilo dosadno i se zaigral pravejki planeti i zvezdi onaka da mu svetkaat navecer......poverodostojna ke da e tvojava dogma...!

Ехххх, што ти се вели „неограниченост„...[DOUBLEPOST=1416349076][/DOUBLEPOST]
Ниедно од тие не е догма.

Догми се: Дарвин и Маркс ги поставија, не монахот Пајсиј.[DOUBLEPOST=1416349129][/DOUBLEPOST]
Тоа се посточки христијански догми.

За рисјнанските догми, можат да причаат само рисјани, оти знаат што е „догма„ и знаат кои се догмите во Црквата.
 
Под супериорност мислев на тоа дека сите таксономски сегменти на човекот се посложени во однос на останатите на сите нивоа (надцарство, царство, тип, поттип, класа, ред, семејство, род).
Тоа е веќе друг контекст во кој супериорност еквивализираш со комплексност.
Комплексно не укажува и на супериорно што подразбира одредена „надмоќ“.

Од друга страна ако подразбираш комплексност, ондак не знам дали го знаеш концептот за тоа дека колку нешто е покомплексно, толку поголема шанса постои истото да се расипе.
Така што сложен систем е подложен на повеќе грешки што укажува на тоа дека кај луѓето се јавува ризик од разновнидни компликации кога станува збор за нивното здравје.
Истото како концепт примени го и со сложеноста на нашиот мозок. примени го во цел тој спектар од болести и пореметувања кои се јавуваат и ред други проблеми.

Комплексноста не секогаш подразбира оптималност, а ниту супериорност. Во дадени ситуации комплексноста на нашиот неокортекс е продуктивна, во други ситуации јасно ја укажува на пример нашата тенденција да наоѓаме поврзаности меѓу работи кои немаат, да ги рационализираме нашите емотивни потреби да веруваме и да имаме заштита од некој посилен во форма на организирани религии и ред други работи.
 
Смртта е само еден дел од природата. ........

„Мудро„ велиш...:sneaky:[DOUBLEPOST=1416349274][/DOUBLEPOST]
Кога ќе размислам (научно) се нешто има почеток и крај.

Почетокот и крајот се сами по себе доказ(и) за створеноста од нештата.[DOUBLEPOST=1416349315][/DOUBLEPOST]
Така и со животот, почнува со раѓањето, завршува со смртта.

...:coffee:...Паметно, паметно...
 
Ехххх, што ти се вели „неограниченост„...[DOUBLEPOST=1416349076][/DOUBLEPOST]

Догми се: Дарвин и Маркс ги поставија, не монахот Пајсиј.[DOUBLEPOST=1416349129][/DOUBLEPOST]

За рисјнанските догми, можат да причаат само рисјани, оти знаат што е „догма„ и знаат кои се догмите во Црквата.
Догма е догма. Тоа за што црквата лаже дека е догма е нејзин проблем, а гледам и твој. Инаку за Маркса и и Давина ми пуца... ѓон. Немаат атеистите ништо со тоа а јас па најмалку. Инаку догма плус (или програм догма плус, како сакаш) на христијаните е вашето ѓоамити разбирање (читај неразбирање) на атеизмот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom