Полициска небрежност

  • Креатор на темата Креатор на темата Kacar
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај малце, ако тргнал на зелено, и додека е на средина од улица му се запали црвено, да не треба да се враќа назад? Па поедноставно е да ја премине улицата, нема да штети на никого. Секако, малце ќе забрзаш, ќе потрчаш итн. Што вели законот за вакви ситуации?
 
ne se golemi pari 15 evra,ama zosto taka da bide
ova ispagja deka deckoto bil na pogresno mesto vo pogresno vreme
 
Чекај малце, ако тргнал на зелено, и додека е на средина од улица му се запали црвено, да не треба да се враќа назад? Па поедноставно е да ја премине улицата, нема да штети на никого. Секако, малце ќе забрзаш, ќе потрчаш итн. Што вели законот за вакви ситуации?
Кога ќе стапнеш на пешачки на зелено и само што ќе светни црвено, имаш максимум 10 секунди да стапнеш на тортоарот од другата страна.
 
Доколку има таква тема, нека биде преместено мислењето во неа. Оваа тема нека биде за сите членови кои мислат дека неправедно биле казнети или опоменети од полициски службеник.

Воедно, во склоп на тоа, денес пред факултетите ( економски правен филолошки филозофски) на раскрсница кога поминав бев глобен. Имено, тргнав кога светлото беше зелено !!!!!!! После 2 чекори светолото се смени во црвено а јас бев на половина улица. Другото светло беше зелено и си поминав па ми свирна и ми рече да идам докај него и ми се обрати со ,,Дали знаеш дека што туку направи сообраќаен прекршок?" Дебатирав со него но се гледаше дека толеранцијата му е на ниво под нулата и ми го повиши гласот. Ми напиша глоба од 15 евра и ми рече да идам во полициска станица. Во тој момент додека ми пишуваше, една жена или девојка не знам што беше зашто покриена целата од религиозни причини претрча на црвено. Ама не, не реагираше иако му посочив. Не за друго, сега гледам човекот бил албанец исто. Во полициска станица ќе одам и ќе поднесам жалба. Не ми е толку до тие 15 евра колку што ми е до дискриминацијата по национална основа и неговата небрежност ( не сум јас виновен што не видел оти сум тргнал на зелено туку се свртел мутајкото кога баш се сменило). Дали има некој со вакви слични дешавки ? Што би направиле вие ?

Фино лепо, напиши си една претставка до МВР, сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Навистина постапуваат. Проверено во повеќе случаи.
 
Кога ќе стапнеш на пешачки на зелено и само што ќе светни црвено, имаш максимум 10 секунди да стапнеш на тортоарот од другата страна.
Што у превод значи дека ќе стигнеш сигурно. Го знам пешачкиот, се стига за 5 секунди, не 10.
 
Што у превод значи дека ќе стигнеш сигурно. Го знам пешачкиот, се стига за 5 секунди, не 10.
Мислам така е законски, ако некој нешто ти преречи, слободно можеш да му покажиш среден прст.
 
На мене цајканот фино убаво ми објасни со некаков вид на македонски под јазик или јазик не знам што беше нешто вака ми рече ,,Не можно за е ова поминеш уклучи ти се црвено а зелено БЕВ ( :pos:)" . Кога тргнав беше зелено, на половина улица се смени в црвено и токму тој момент тој се заврте и виде и ми свирна. Не друго, ајде ќе ги платам, ама мене ме мачи тоа, зошто ме повика на разговор в полициска станица? Што ќе ми прават? Досие да не ми отворат ?
 
да прашам некој поискусен. Ја сум пишан за не стаен каиш, колку е казната?
 
Чекај малце, ако тргнал на зелено, и додека е на средина од улица му се запали црвено, да не треба да се враќа назад? Па поедноставно е да ја премине улицата, нема да штети на никого. Секако, малце ќе забрзаш, ќе потрчаш итн. Што вели законот за вакви ситуации?
јас колку што сум упознат кога тргнуваш на зелен, а на сред пешачки те фати црвен, семафорите што ги пуштаат колите имаат намерно уште 4-5 секунди размах дури да им дај зелено, намерно значи за да можи пешакот/велосипедот да стигни безбедно на другата страна. Ако сум грешка речете, али мислам оти е така, и од двете перспективи го имам испитано ова, и со кола ко сум и пешки. o_O
 
Штом се случило вчера на комплексон, џабе е не се расправај.
Што и било да покренеш ќе биди поскапо од казната, иако некои викаат што се 15 евра,ама за студент тие 15 евра значат и пари за цела недела.
А, све мислам дека не беше случајно, пошо на тој дел пред факултети освен студенти,се знае друг кој се движи, така да да бидат во корист на народот не верувам и да го заштитат.
Една колешка доби казна вчера зошто не поминала на пешачки,а пешачкиот беше преполн со луѓе и беше веднаш до пешачкиот,ама не и на пешачкиот.
Повеќе мислам дека беше опомена да размислиме дали уште еднаш ќе излезиме на протест..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom