Значи човек треба да црта или да се повлече од било каква нормална дискусија затоа што луѓето ја утињаат поентата на било каква информација, веројатно намерно.
Збориме за ефекти од инвестицискиот бум. Не е точно дека била една од најсиромашните и не е точно дека текстот говореше исклучиво за "најсиромаштијата".
Многу подобро стоевме од повеќето источноевропски држави, барем во однос на стандардот на населението и инфраструктура. Ниту имаше 90тите години вака рестрикции на струја, ниту на материјали во државните и јавни установи, ниту школите помасовно беа исклучувани. Говориме за сега, за ефектите од инвестициите, не за 1900 или 1990. Тој што тогаш незаконски работел треба да е казнет, , стопати зборевме. Како е казнуван, гледаме од
примеров.
Излегува дека за граѓаните и за државните фирми ефектите се дури и негативни и покрај постојаното задолжување. Зошто мерки и инструменти намерно (според економистите) се искористени од власта. Ако ја прочитал некој
студијата што ја постирав, овие инструменти за богатење и раслојување на богатите, се напишани во поглавие 2 и во интервјуто со Тевдовски и Гошев. Апсолутната сиромаштија од 7.5% во 2005 е порасната на 14.7 во 2010. Соодносот просечна/највисока плата е пораснат скоро двојно, соодносот брууто приход/просечна плата исто е пораснат двојно, уделот на најсиромашните во вкупните приходи е намален за половина а на процентот најбогати удвоен. Во 98ма џини индексот е 28, а во 2010 е над 43, највисок во Европа. Доколку не е така, демантирајте со податоци или информации.
На човек да му се одмили кога мора цели текстови да прераскаже овде и да се бори против разводнување на дискусијата. Налет