А така ли?
Е па дај те молам ургирај, јас еве прва ќе се пријавам да се качам на еден од авионите, за да не ти сметам тебе.
“Трошиме пари за да работи надвор“.
Така е Јанко.
Само треба да ти каже некој дека оди да работи надвор, пошто тука ниту леб, ниту живот нема. Јанко, еве и мајка ми трошеше пари и за додипломски и за постдипломски, сите ме убија од тапшање по рамо дека сум капацитет, а и нејзе ја тапшаа дека има капацитет дете, за да се пријавам за работно место каде без никаква протекција стигнав до најтесниот круг, за на крај да бидам шкртната затоа што немам ниту презиме, ниту книшка, ниту грб во градов.
БРАВО ЈАНКО ЗА ИДЕЈАТА! БРАВО ШТО ГО ГЛЕДАШ САМО ОНА ШТО САКАШ ДА ГО ВИДИШ!
И уште да му каже некој на Јанко дека бев спремна и докторски да упишам во држава од која сите бегаат, затоа што си ја сакам државава и сака
В да останам тука, ама Министерство за образование од инает не им даде акредитации на професори од Правен заради политички игри и јас останав дома, капацитетот што сите го тапшаа и му викаа да биде стрплив, капацитетот што имаше 9.6 просек на постдипломски, пошто квалитетот испливувал на површина. Квалитетот да лиже гз испливува во оваа држава можда, овој интелектуалниов тешко.
Така да, Јанко, ако успееш да издејствуваш субвенционирани авиони за надвор, тоа би било супер, еве и јас некој аир да видам од државава, што е иронија, бидејќи би си одела. Ама таму нема никој да ме тапша дека сум капацитет, туку ќе ме остава да си го развивам и да си го докажам капацитетот.
Фала многу, пријатно.
Можда сум оф-топик, ама не можев да не го искоментирам ова, преку глава ми е од се. Држава ли е, трагедија ли е...