Уште еден скандал на изборот за "Мис на Македонија"

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.457
Поени од реакции
8.651
Возраст
34
не најдов соодветен дел во форумов за ова па ќе го ставам тука.


%D0%BC%D0%B8%D1%81.jpg


Од синоќешниот скандал околу изборот за „ Мис на Македонија“ сите се револтирани, и модното студио „Цронокрак“ и спонзорите и дискотеката „Театро“.

Никој од нив не знаел дека вечерта наместо да се избере најубавата Македонка, ќе се случи уште еден кастинг на Лидија Велковска.

- Кого правиш будала не ми јасно, остави да работиме. Не знаеш да го работиш ова. Поради тебе откажав 20 состаноци со цел да ти помогнам, не за тебе, туку да помогнеме да ја претставиме Македонија како што доликува на светскиот избор во Лондон – синоќа и се обратил Мики Црнокрак на главната организаторка Велковска кога дознал дека неговиот труд околу изборот е за џабе.

%D1%86%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BA.jpg


Црнокрак реагираше и преку соопштение.

- Вчеравечер во клубот „Театро“ во центарот на Скопје, по неколкуте неуспешни обиди, требаше да се одржи последното жирирање, наместо изборот за „Мис на Македонија 2014“ за „Miss World“, на кое требаше да се избере девојката што ќе ја претставува нашата држава на најголемиот светски избор за убавина кој ќе се одржи во Лондон наредниот месец. Меѓутоа бевме сведоци на уште еден голем скандал, уште еден голем срам, традиционално веќе кога Лидија Велковска е во прашање, овој пат најголем. Изборот, жирирањето, кастингот или како уште не го нарече организаторката, започна со два часа задоцнување, исклучително по вина на организаторката, а поради тоа се создаде голема нервоза помеѓу кандидатките, присутните, новинарите и жири-комисијата. Дванаестте финалистки се појавија во првото од трите предвидени претставувања и кога тие се подготвуваа за второто, членовите на жири-комисијата и новинарите лично од Лидија Велковска добија листови на кој имаше соопштение во кое стоеше дека тие присуствуваат на кастинг на кој од 12 се бираат шест девојки кои ќе бидат во конкуренција за „Мис на Македонија“ за „Miss World“, но за 2015 година, а дека избор за 2014 нема ни да има, а со тоа ниту ќе има победничка која ќе ја претставува Македонија во Лондон“ – се вели во соопштението.

Црнокрак додава: -Сите мислеа дека станува збор за некаква шега од страна на Велковска или можеби за скриена камера, но таа беше мртва сериозна и почна на сите да им објаснува како тоа е нејзина дефинитивна одлука која таа самоволно ја донела уште претходниот ден, со образложение дека нема да има доволно време на победничката да и обезбеди виза, авионска карта, фустани и се друго што ќе треба за да таа отпатува.

Тој објаснува дека девојките не сакале да бидат дел од сценариото на Велковска.

- Зошто девојките, жири-комисијата и медиумите не беа веднаш и на време известени за оваа нејзина одлука, туку во сред самиот избор, само таа знае. Изборот беш прекинат бидејќи девојките не сакаа да бидат дел од тоа небулозно сценарио на Велковска за кое само таа знаеше и никој вчервевечер во дискотеката „Театро“- стои во дел од соопштенито на модното студио „Цронокрак“.

Во соопштението се вели дека модното студио „Црнокрак“ пред неколку дена, на покана од сопственикот на дискотеката „Театро“ решило да помогне во реализација на овој избор, за да после неколку неуспешни обиди да се избере „Мис на Македонија 2014“ за „Мис на Светот“.

- Бидејќи имаме повеќе од 20 години искуство во организација на овие настани, се сложивме да помогнеме и да го организираме за самодва дена пред изборот. Не поради Лидија Велковска, не поради модното студио „Црнокрак“, туку за Македонија и за избегнување на уште еден голем срам подготвен од кујната на врвниот готвач Лидија Велковска. Бидејќи организаторката имаше само една пријавена девојка, обезбедивме девет девојки од модното студио „Црнокрак“, плус две девојки имаше и од „Кворум Моделс“, вкупно 12 од кои седум дојдоа од внатрешноста на државата, специјално за изборот. Само за споредба, бевме присутни на кастингот за „Мис на Албанија“ оваа година, на кој беа пријавени 450 девојки, а кај Лидија Велковска дури една од цела Македонија. Обезбедивме гардероба во кои девојките требаше да се претстават, стилисти кои ги затворија салоните и дојдоа во „Театро“ за цел ден да ги подготвуваат девојките за настап. Сето тоа организаторката го доби апсолутно гратис. Сопственикот на дискотеката го отстапи просторот со целиот персонал, а обезбеди и кетеринг за сите присутни. Се собра и жири-комисија составена од познати медиумски личности кои исто така се сложија да дадат свој допринос и помогнат – пишува во соопштението.

Но, како што додава Црнокрак, сите биле изиграни од организаторката.

-Сите доживеавме едно прекрасно благодарам од организаторката која цела вечер не ја симна насмевката од своето лице и без најмалку срам и перде се подсмеваше на сите присутни кои вечерта се најдоа во дискотеката и кои всушност беа кукли со кои најслатко си се изигра организаторката и носителката на лиценцата за Македонија за најпрестизниот избор за убавина во светот. За да својата игра со куклите си ја заврши како најзадоволно дете, во соопштението кое на сите ни го подели напиша дека нејзината одлука всушност ја донела нејзината нова работна група наречена „ЛИЦЕТО НА МАКЕДОНИЈА“. Е, Македонијо наша, кој се е твоето лице… Лидија Велковска, до кога – прашува Мики Црнокрак, сопственикот на модната агенција.

republika.mk

http://www.time.mk/c/10aba2d918/izborot-otkazan-dodeka-defiliraa-devojkite.html
 
Па цела држава ни е скандалозна па за Мис на Македонија пичкин дим.Ние не се потресовме кога терористи ни влегоа во владата па сега за ова ли?Вест еднаква на временска прогноза!
 
Па цела држава ни е скандалозна па за Мис на Македонија пичкин дим.Ние не се потресовме кога терористи ни влегоа во владата па сега за ова ли?Вест еднаква на временска прогноза!
Nope.
Временска прогноза деновие е доста поактуелна.
 
Јас сфаќам дека сакаат да станат популарни колку Скопскиов фестивал, ама....... това е:)

Како и да е, не е нешто што би не засекирало. Велат дека девојката ја претставува Македонија....... чим ќе не претставува треба ние како народ да ја избереме, со гласање преку порака или преку Интернет, а не жири...... секакви намештаљки може да има.

:)
 
....... чим ќе не претставува треба ние како народ да ја избереме, со гласање преку порака или преку Интернет, а не жири...... секакви намештаљки може да има.

:)
:pos:
 
Јас сфаќам дека сакаат да станат популарни колку Скопскиов фестивал, ама....... това е:)

Како и да е, не е нешто што би не засекирало. Велат дека девојката ја претставува Македонија....... чим ќе не претставува треба ние како народ да ја избереме, со гласање преку порака или преку Интернет, а не жири...... секакви намештаљки може да има.

:)
точно , ќе биде пофер и подемократски и белким нема на никој да му текни да купи едно 3000 бројчина и да намести ...
 
точно , ќе биде пофер и подемократски и белким нема на никој да му текни да купи едно 3000 бројчина и да намести ...
Не само што ќе биде пофер, туку можеме да избереме некоја поталентирана и поубава, а не како стално некоја неонка во суратот:)
 
Ако сакаат нешто релевантно треба да има по еден глас БЕСПЛАТЕН и ќе се види тогаш кој каде стварно треба да оди и кој треба да не претставува - евровизија,мис и триста други избори...
Плус и сите ќе бидат заинтересирани и ќе гледаат избор за евровизија и вакви работи,ама тоа е... каква држава,таков народ.... додуша пардон... каков народ - таква држава :notworthy:
 
Како би ја натегнал онаа во првиот пост...
 
Еве, за да не останат девојките без титула, сите да ги прогласиме за мисици.

Мис Јануари, Мис Февруари и така натаму, како Плејбој, Пентхаус, Хаслер и останати од нивни калибар.

Доколку има повеќе од 12 кандидатки, може да им доделиме титули Мис на неделата, Сајбер девојка на месецот, на неделата и слично.

А бе овие Плејбој, Пентхаус и Хаслер тргнуваат во 3D, а ние тука дремеме со избор на Мис.

Ебати убавината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom