Surströmming, Храна за храбрите

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Иако за специјалитетов знам подолго време, тек денес ми текна да ви го преставам.

Имено, се работи за шведски специјалитет кој потекнува дури од 16-иот век.
Во Шведска е деликатес и еве како луѓето го конзумираат, ....... како ние со скарата.:love:

Но, за оние кои не се запознати, да кажам збор-два за него. Се работи за риба, поточно харинга исклучиво од Балтичкото море која е помала од харингата од Атлантскиот Океан, уловена во периодот помеѓу Април и Мај.

Се припрема на тој начин што во саламурата се става толку сол колку да не се расипе, при што се случува ферментирање на шеќерите во киселина и алкохол. На тој начин се создава една миризба која е благо кажано одвратна. Се смета дека со својот мирис ги надминува и другите специјалитети на база на ферментирње, а тоа се корејската Хонгео и јапонското Кусаја.

Се конзумира на отворен простор, ...... можете да замислите зошто, нели? Најчесто се јаде со еден вид леб ТунБрод, кромид, варен компир и по желба може и домат.

Во поново се воведени строги правила околу тоа како да се припрема и кога која “берба“ може да се пушти во продажба. Нормално, сега може да се набави и во конзерва.
Повеќе детали ТУКА

Во продолжение ќе ставам и клип од едни Тексашани кои никогаш претходно не слушнале за ова,а по совет на пријателот им било кажано да се снимаат. Реакциите се priceless. :pos:
На YT ќе најдете уште клипчиња, па ......... погледнете ги:свиркам:

Прашањето е, дали би го пробале ова сега откако имате престава што да очекувате? Или ќе бидете конзервативни?

А еве како Швеѓаните лагано ја јадат.
:D На тоа “еве“ го има истиот линк ..................... но ти БИ?
Јас БИ. Еве и олд скул, и ванлок се изјаснија НЕ. Коркачи:sneaky:
П.С. Сега ми текна, на @Agda Beata ќе и го опростам ајварот ако ми го набави ова
 
@Agda Beata под услов @kooperativa да го сними чинот на дегустација и да го сподели видеото исто како и храбрите дечки од Тексас :свиркам:
 
@Agda Beata под услов @kooperativa да го сними чинот на дегустација и да го сподели видеото исто како и храбрите дечки од Тексас :свиркам:

Тоа сакав да му речам, под услов да снимаме.
Јас не сум собрала храброст нити да пробам, нити да мириснам.
 
Ако јадењето беше до толку грозно и ако до толку смрдеше, немаше да се јаде, туку колку да се снимаме за на Јутуб е работава.

Иначе и највкусно да е, не би пробал. Прво на изглед ми личи лошо, второ неќам странска храна:)
 
@Agda Beata под услов @kooperativa да го сними чинот на дегустација и да го сподели видеото исто како и храбрите дечки од Тексас :свиркам:
Јас мислам дека нема да има потреба од тоа, заедно ќе бидеме кога ќе се случи отварањето на конервата. Нормално, вие 100м подалеку :pos: и со двоглед
 
Јас мислам дека нема да има потреба од тоа, заедно ќе бидеме кога ќе се случи отварањето на конервата. Нормално, вие 100м подалеку :pos: и со двоглед

Само да набавам нов филтер за гас-маската[DOUBLEPOST=1416097277][/DOUBLEPOST]
Јас мислам дека нема да има потреба од тоа, заедно ќе бидеме кога ќе се случи отварањето на конервата. Нормално, вие 100м подалеку :pos: и со двоглед

Само да набавам нов филтер за гас-маската
 
кога ќе видиш дека низ светов се пие кафе преработено од некое животно ова не е ништо чудно
 
Претпоставувам е истото, го имам јадено во Холандија но на поинаков начин, сепак се работеше најверојатно за харинга со иста големина како на клипчево, но само со кромид и рибата во лепче, како на сликава:
dsc_0910.jpg

http://travellingtwo.com/2776

Рибата воопшто не беше миризлива или одвратна, да беше малце чудна но и вкусна, ако заборавиш дека јадеш жива риба ќе уживаш...
 
Не е исто. Ова првово е скиселена риба во конзерва. Има јак и одвратен мирис.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom