kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
Иако за специјалитетов знам подолго време, тек денес ми текна да ви го преставам.
Имено, се работи за шведски специјалитет кој потекнува дури од 16-иот век.
Во Шведска е деликатес и еве како луѓето го конзумираат, ....... како ние со скарата.
Но, за оние кои не се запознати, да кажам збор-два за него. Се работи за риба, поточно харинга исклучиво од Балтичкото море која е помала од харингата од Атлантскиот Океан, уловена во периодот помеѓу Април и Мај.
Се припрема на тој начин што во саламурата се става толку сол колку да не се расипе, при што се случува ферментирање на шеќерите во киселина и алкохол. На тој начин се создава една миризба која е благо кажано одвратна. Се смета дека со својот мирис ги надминува и другите специјалитети на база на ферментирње, а тоа се корејската Хонгео и јапонското Кусаја.
Се конзумира на отворен простор, ...... можете да замислите зошто, нели? Најчесто се јаде со еден вид леб ТунБрод, кромид, варен компир и по желба може и домат.
Во поново се воведени строги правила околу тоа како да се припрема и кога која “берба“ може да се пушти во продажба. Нормално, сега може да се набави и во конзерва.
Повеќе детали ТУКА
Во продолжение ќе ставам и клип од едни Тексашани кои никогаш претходно не слушнале за ова,а по совет на пријателот им било кажано да се снимаат. Реакциите се priceless.
На YT ќе најдете уште клипчиња, па ......... погледнете ги
Прашањето е, дали би го пробале ова сега откако имате престава што да очекувате? Или ќе бидете конзервативни?