El Madrid y nada masa
Реновација во бело. Тоа е мислењето на Карло Анчелоти за предложениот нов договор, кој би требало да се реализира на стартот на 2015-тата година. Италијанецот нема ниту грам сомнеж за својата иднина и кога Реал Мадрид ќе ја достави понудата, тој воопшто нема да гледа на понудените годишни примања. Парите немаат никаква вредност за него. "Јас сум во најдобриот клуб на светот, на кое друго место би бил посреќен ?" - вели Карло кога ќе го запрашаат за неговата иднина. Веќе знаете, Real Madrid y nada mas. Идејата е со новиот договор Карло да добие уште 2 години плус од актуелниот, односно до 2018-тата година.
Серхио Рамос и неговиот фамозен гол во 92-рата минута му дадоа стабилност на овој Реал Мадрид, нешто што се бараше долго низ годините. Пред се, тоа значеше континуитет на долг рок на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид. Сега историјата е сосема поинаква. Анчелоти го пронајде "рајот" кој го бараше. Неговото искуство од клупите на Милан, Челзи и ПСЖ беше клучно. После завршениот мастер за интегрирање со Берлускони, Абрамович и Ал Келаифи, сега зад себе има институција и претседател кои цврсто стојат зад него и ја почитуваат неговата работа.
На оваа интитуционална панорама, тренерот на Реал Мадрид пронајде одговор, популарен, кој ги надмина сите очекувања. Чувствува дека фановите го респектираат, како институциналните така и спортските. Чувствува дека неговото знаење и разбирање на фудбалот донесоа помирен живот кај сите. Третата компонента е релацијата со екипата. Кога Анчелоти зборува за целосна идентификација на екипата, го прави тоа со многу искреност. Знае дека може да донесе интегритет и професионалност на групата. Чувствува дека ова е единствена можност.
Со клубот и Директивата, односот е перфектен. Кога стигна на Бернабеу перфектно знаеше каде доаѓа и уште од првиот момент се интегрираше и идентификуваше со сите вредности кои ги носи одговорноста тренер на Реал Мадрид. Знаеше да се соочи и да преживее со некои тешки ситуациии во одредени периоди. Сега веќе нема никакви сомнежи околу него и има максимално флуида релација со Директивата, но знае дека неговиот однос зависи во голема мера од резултатите.
"Ако победуваш, најдобар си. Ако не, првиот кој сноси одговорност е тренерот." - вели Анчелоти, знаејќи дека резултатите се во прв план. Тоа е финалната дефиниција на Реал Мадрид. И на другите екипи, но пред се на Реал Мадрид. Шест месеци подоцна, тренерот кој креираше сомнежи, го освои респектот и воодушевувањето од сите, мадридисти или не, членови на управата, подржувачи и пред се претседателот. Клубот веќе ги знае следните чекори. Новиот договор на Карло веќе се подготвува, но нема да биде на маса во следните седмици, туку ќе се оди чекор по чекор. Идејата е да се потпише на почетокот на 2015-тата, но да се објави на крајот од актуелната сезона. На тој начин тренерот ќе се чувствува сигурен, а клубот нема да се чувствува отворен од јавно разгласување на објавите.