DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Абе јасно, за дискусија може да се спомнат грешки и нелогичности. Друга е поентата. Мене ако ми се допадне било кој филм, макар и да не сум го разбрал во целост, сигурно нема да дозволам коментар на Imdb да ми го смени мислењето. Не е срамно комплексно сценарио со различни тајмлајнови да не се сватат од прво гледање, но ова не треба да делува на оценката и да иницира плукање по филмот. Сакам кога некој филм е комплетен мајндфак со можност за различна интерпретација, и уживам кога читам колку сум бил далеку (или блиску) од мнозинското интерпретирање.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не би се прошетал до минатото да видиш како те правеле мајка ти и татко ти?
Па баш да гледам како ме правеле моите не би прошетал за назад.
:pos:

Ако не го направеа тесерактот филмот немаше да биде ни пола толку добар. Кулирајте :cool:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Знаеш зошто не можете да уживате во добар филм? Зашто барате дупки и нелогичности во Science FICTION филм.
Баш така, овие муабети преминаа во екстреми за Гравити и Интерстелар. Како и да е во овие филмови имаше толку многу Sci што луѓето мислат дека 100 посто од настаните треба да се базирани на наука.

Мојата забелешка останува, премногу е конфузен крајот, а за маестралноста на Нолан му посакувам да добие оскар
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Знаеш зошто не можете да уживате во добар филм? Зашто барате дупки и нелогичности во Science FICTION филм.
Баш така, овие муабети преминаа во екстреми за Гравити и Интерстелар. Како и да е во овие филмови имаше толку многу Sci што луѓето мислат дека 100 посто од настаните треба да се базирани на наука.

Мојата забелешка останува, премногу е конфузен крајот, а за маестралноста на Нолан му посакувам да добие оскар
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
Јас имам прилично едноставно објаснување за крајот:

Купер влезе во црната дупка, а со тоа во т.н Тесеракт со што доби пристап до повисока димензија и пристап до времето како forward/back вртење на лента. Отпрвин го гледаше (правеше) минатото т.е тоа минато прикажано на почетокот на филмот, а потоа изврте до сегашноста во која со помош на гравитацијата (како нешто константно во времето и просторот) и ги изврте стрелките на саатот на ќерка му.

Откако излезе од таа т.н детска соба, мислам дека сеуште имаше контрола врз времето и просторот и затоа се најде пак блиску до Сатурн т.е излезе преку црвоточината од која дојдоа. Ваљда и самата црна дупка да е пат назад до црвоточината пошто никаде не кажаа како се враќа назад т.е не кажаа дека постои друга црвоточина.

Знаејќи дека на таа првата планета еден час траеше 7 години на Земјата, којзнае колку години траат една секунда во Тесерактот. Он се маткаше минимум 5 минути таму, а на Земјата ќерка му сигурно имаше 90 (а беше 30 пред да влезе он во Тесерактот).
Па така најверојатно 1 минута е 12 години плус-минус.
Затоа го најдоа после толку време (нивно) со развиена посебна станица за живеење и се друго.

После Купер се врати кај научничката преку истата црвоточина.

На мене збунка ми е колку години поминаа кај научничката пошто ако 1 саат на првата планета траеше 7 години на Земјата, Купер кога беше во Тесерактот времето сигурно побавно течеше и од планетата на научничката (која е во истата галаксија). Али може и да сум грешка, може времето во истата галаксија тече побрзо, па равенството не е исто.

Мислам дека и црвоточината е некако дизајнирана од луѓето дефинитивно што значи дека преку ќерка му на Купер и Купер се враќаат да им помогнат на предците. Зошто е тоа така - исто не се знае ако се има во предвид дека најверојатно така си влијаат и на самите себе со играњето со минатото.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мислам дека и црвоточината е некако дизајнирана од луѓето дефинитивно што значи дека преку ќерка му на Купер и Купер се враќаат да им помогнат на предците. Зошто е тоа така - исто не се знае ако се има во предвид дека најверојатно така си влијаат и на самите себе со играњето со минатото.
Немам време да мозгам за годините, но за Тесерактот мислам дека нема врска со ќерка му на Купер затоа што во нејзиниот животен век не е можен толкав напредок а човештвото беше стигнато до некоја колонија кај Сатурн, ако не се сметаат мисиите низ дупката.

Многу поверојатно е дека Тесерактот е дело на далечните поколенија на Купер и Амелиа од таа страна, кои во еден момент го достигнуваат тоа ниво и го прават Тесерактот специјално за Купер да може да се врати и комуницира.

Тука некаде настанува парадоксот кој е неизбежен.[DOUBLEPOST=1415973960][/DOUBLEPOST]Сега кога препрочитав, можеби и ти исто мислеше, не те разбрав добро.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
Мислев - ќерка му на Купер да ги спаси тие од Земјата :)
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
545
Поени од реакции
328
Обичен филм.Можеше да биде спектакл ,ама тоа со библиотеката :facepalm:.
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
545
Поени од реакции
328
Шо тоа со "библиотеката"? Баш без тоа ќе беше обичен филм.

Мислам премногу некако дојде дај,држ,брзо,кај сум ,шо сум,уше требаше да заглави таму и завршивме работа.Цел фим си беше ОК,се случуваше драма и наеднаш некако несериозно од Нолан беше префрлена тежината на цел филм.Можеби требаше да има некоај друга разрешница.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Обичен филм.Можеше да биде спектакл ,ама тоа со библиотеката :facepalm:.
Обичен е за луѓе со потпросечна интелигенција. Да не биде навреда, има истражување со статистички податоци кое говори сликовитo која популација со какви коментари располага за филмови во кој е вложено во се од А до Ш и кои ако не с евеќе класици, на добар реп се да станат понатаму (што е случај со филмов).

Truth can be insulting sometimes. Sorry.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.225
Шкорпи ќе мора да се несогласам. Еве бе, мене цел филм ми се допаѓаше, пичка му матер сеуште ми се допаѓа. Ама сметам дека моментот со книгите можеше многу подобар да биде, јбг можеби едино тој момент ми е малку лејм во филмот (а веројатно е најбитниот со најголемиот парадокс, со Ио веќе зборевме), ајде да објасниме, јбг бре досаден сум, како од сите ебани места он баш таму се најде во тој момент, позади полиците на ќерка му? Значи стапува на сцена муабетот на Ането дека уствари љубовта ги решава проблемите? Он тогаш едино што мислеше е ќерка му и вајда затоа он се најде таму. Напоменувам, при научна фантастика овој момент не би ми сметал воопшто, али дајте свое мислење, еве ви помогнав. Верувај дека не пробувам да го хејтам филмов, едноставно барам подобри причини за да го сакам уште повеќе ;)
И не го омаловажувајте оној што мисли помалку, јбг од мене сеуште има 8 од 10 што за мои критики е огромна оцена.
Муабетот е да оспоруваме и да бараме игла во сено де. Нолан го знае тоа, нема да ни се лути ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не се најде таму случајно, Тесерактот е дизајниран за него да се најде токму таму.

Инаку и јас се согласувам дека без делот со книгите ќе беше обичен филм. Тој дел беше оној што ми предизвика wow ефект и тој дел го прави филмот поразличен од други тајм травел филмови, оригинален.

Некои следат трендови, Нолан ги создава. Тоа е тоа.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.225
Нема збор дека тоа е главниот дел во филмот, но ајде да речеме дека Докторот неколку страници позади постави прилично добро прашање, т.е.
Зошто прво даваше координати а после настојуваше на моментот Stay? Вајда ако сакаше Купер да не дозволи ќерка му да расте сама, немаше да дава координати на помладиот негов Купер, настрана сите физичкo-астрономски мерки, ова би рекол дека е plot hole.
Вајда емоцијата го допрела подоцна?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom