Јас имам прилично едноставно објаснување за крајот:
Купер влезе во црната дупка, а со тоа во т.н Тесеракт со што доби пристап до повисока димензија и пристап до времето како forward/back вртење на лента. Отпрвин го гледаше (правеше) минатото т.е тоа минато прикажано на почетокот на филмот, а потоа изврте до сегашноста во која со помош на гравитацијата (како нешто константно во времето и просторот) и ги изврте стрелките на саатот на ќерка му.
Откако излезе од таа т.н детска соба, мислам дека сеуште имаше контрола врз времето и просторот и затоа се најде пак блиску до Сатурн т.е излезе преку црвоточината од која дојдоа. Ваљда и самата црна дупка да е пат назад до црвоточината пошто никаде не кажаа како се враќа назад т.е не кажаа дека постои друга црвоточина.
Знаејќи дека на таа првата планета еден час траеше 7 години на Земјата, којзнае колку години траат една секунда во Тесерактот. Он се маткаше минимум 5 минути таму, а на Земјата ќерка му сигурно имаше 90 (а беше 30 пред да влезе он во Тесерактот).
Па така најверојатно 1 минута е 12 години плус-минус.
Затоа го најдоа после толку време (нивно) со развиена посебна станица за живеење и се друго.
После Купер се врати кај научничката преку истата црвоточина.
На мене збунка ми е колку години поминаа кај научничката пошто ако 1 саат на првата планета траеше 7 години на Земјата, Купер кога беше во Тесерактот времето сигурно побавно течеше и од планетата на научничката (која е во истата галаксија). Али може и да сум грешка, може времето во истата галаксија тече побрзо, па равенството не е исто.
Мислам дека и црвоточината е некако дизајнирана од луѓето дефинитивно што значи дека преку ќерка му на Купер и Купер се враќаат да им помогнат на предците. Зошто е тоа така - исто не се знае ако се има во предвид дека најверојатно така си влијаат и на самите себе со играњето со минатото.