Остај колоквиуми...за тоа можам до негде да разберам, ама мислам повеќето сме завршени...ама што не сакаат да пропуштат предавање (поготово кај нас на факс што не ни ставаат минуси ако не одиме или не ни зависи толку од тоа едно предавање), стварно не можам да ги разберам.
Колоквиумите не се никакви оправдувања. Јас сум вонреден студент, што значи дека не полагам колоквиуми, туку одам директно на испит по сите предмети.
Секој предмет спремам по една книга што воопшто не е малку, кога ќе ги земеш предвид сите предмети и паралелно со учењето сум одела на смени на работа. И сега некој што спрема колоквиум односно пола материјал, да може 2 пати на ден да се тагнува на кафе, а да ми каже дека нема време да дојде ти е доказ каков е народов, колку не пружа отпор и буквално секој може да си поигрува како сака.
Ја сум многу разочарана од реакцијата на колегите, тотална незаинтересираност, а 70% на колоквиумиве немаа ни пола од бодовите.
Баш ме интересира како ќе ги положат тие испити за сите четири години.
Инаку на еден протест неповрзан со ова, кога поминувавме низ Дебар Маало, не знаеш со каков потсмев гледаа кон нас од кафичите, и еден тип искоментира: што им е филмот на овие брат, за греота.
Да земеш со врело кафе да го полиеш над глава.
Врвот беше кога некои партиски крелиња ми фрлија шише пола метар пред мене
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
И кога ќе викнам другари да дојдат со мене и ќе почнат со муабетот: и мислиш дека ќе смениш нешто?
Не, седи дома уживај така сигурно ќе смениш
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)
Се надевам само дека ќе не има во добар број, пошто ако успеат и ова да го воведат стварно више кревам раце.