K-15 мора да се исплати !

Прашање до оние кои знаат повеке.
Дали доколку потпишуваш договор во фирмата на секои 6 месеци,а работиш без прекин неколку години, Дали те следува законски к-15?
 
Прашање до оние кои знаат повеке.
Дали доколку потпишуваш договор во фирмата на секои 6 месеци,а работиш без прекин неколку години, Дали те следува законски к-15?

Да.
 
Црц Милојче :icon_lol:.

Компаниите со над 35 вработени ќе мора да вработат лице со инвалидност
13/11/2014 // Пред 2 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

inShare
78948292_wheelchairbus_rex-564x272.jpg

Сите јавни институции и приватни компании кои имаат повеќе од 35 вработени ќе мора да вработат лице со инвалидитет, предвидува новиот предлог-закон за вработување на лица со инвалидност, за кој веќе започна јавната расправа.

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, станува збор за еден сосема нов концепт и сосема нов закон, а на јавната дебата за неговиот конечен текст се повикани да учествуваат сите релевантни претставници на здруженијата на лицата со инвалидност, националните сојузи, како и претставници на работодавачите.

„Сите компании како и институции и од јавниот и од приватниот сектор кои што имаат над 35 вработени ќе имаат законска обврска да вработат по едно лице со инвалидност. Највисок број на вработени кои што теба да ги вработат е до 20 лица со инвалидност, а тоа е за оние компании кои имаат над 1000 вработени“, појасни Спасов.

Доколку биде усвоен овој закон, планирана е одложена примена од октомври 2016 година, со цел сите институции и компании да се подготват за имплементацијата.

За вработување на лице со инвалидност предвидени се ослободувања од плаќање на придонеси и персонален данок, како и дополнителна помош од 200.000 денари за прилагодување на работното место за потребите на овие лица.

„Доколку компаниите со над 35 вработени не вработат лице со инвалидитет, како и во сите земји каде што е воведен квотниот систем, се предвидува паричен надоместок од една бруто-минимална плата која ќе оди во посебен фонд заедно со 10% од придонесите по основ на невработеност кои се плаќаат за сите вработени. Од посебниот фонд ќе се обезбедуваат средства за ресоцијализација и реинтеграција и стручно оспособвање на лицата со инвалидност за подготовка за работа како и за финансиска помош и за поддршка за приватните компании“, додава Спасов.

http://faktor.mk/archives/131463
 
Казната од 4-5.000 € што е предвидена за фирмата се однесува затоа што не исплатил к15 на секого или се казнува 4-5.000 € по вработен?
 
Здраво Дали знае некој да ми каже каде да се обратам во која институција на државава ,Да пријавам дека газдата ни пушти половина пари на картичка за К 15 и сега треба да му го однесеме ,да му ги вратиме парите
 
Ако си член на синдикат пријави во ССМ, а ако не тогаш пријави во министерство за труд (на трудова инспекција), би требало тие да се најнадлежни.
 
Ако си член на синдикат пријави во ССМ, а ако не тогаш пријави во министерство за труд (на трудова инспекција), би требало тие да се најнадлежни.

:pos:
Море будало не го акај дечкото по ридишта.

Во трудова пријави ако е мала фирма, а ако е со повеќе вработени пријави во Телма ТВ.

Земавте бе сите к15?
 
:pos:
Море будало не го акај дечкото по ридишта.

Во трудова пријави ако е мала фирма, а ако е со повеќе вработени пријави во Телма ТВ.

Земавте бе сите к15?
Со повеке вработени е а и плата ке земеме по 10500 на картичка и врака ме по 3000 до 4000 илјади[DOUBLEPOST=1417730744][/DOUBLEPOST]Убаво смислено од државата да ти пушти газдата плата 10500 на картичка на тие пари државата си го зема својот дел за осигурување.даноци за платата и на мене газдата ми вика .ај сега врати ми 3000 ден кога ке ја извадиш платата зошто јас те плакам по 35ден на саат и ке работиш секој ден .Нема правдина
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom