Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Дфка-Мастика
Тараба или плот-Ограда
Клинец-Шајка
Налани-Кломпи
Папуци-Влечки
Крфија-Шајка
Балтија-Секира
Кошара-Штала.......................................
 
На кој дијалект е ова,првпат слушам.

Југоисток се употребува, но не знам точно каде се`.

Јас го знам како мигдал.

Истото е. Г и Н знаат да преминуваат една во друга, назализација мислам се викаше тоа. Или слично...
 
Истото е. Г и Н знаат да преминуваат една во друга, назализација мислам се викаше тоа. Или слично...
Да назализација се вика тоа и во еволуциите од прасловенскиот јазик кон денешниот македонски јазик неколку ги имало. Но дали баш Г и Н преминуваат една у друга е тоа појма немам. ;)
 
Amigdale е латинско име на бадемот. Од таму произлегува “нашето“ - мигдал, а со додатно извитоперување (по слух) се добива “миндел“.
 
Бутур како точно ке се преведе или протолкува !?!?
 
Бутур како точно ке се преведе или протолкува !?!?

бутур
мн. бутури
Вид збор: Именка, машки род
Болест кај коњите со кашлање.

Јас го знаев само изразот „бутур ти е“, немав поим што точно значи бутур.
 
Интересен факт: Кога некој збор од било кој јазиј ќе го повторуваш многу пати едно по друго, губи значење и звичи чуден и глупав, па се прашувате ,,како може оваа комбинација на гласови/букви да има некакво значење и да се употребува во тој и тој јазик''. :)
Збор, збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор,збор... Како зборот ,,збор'' воопшто има некакво значење или пак се употребува во нашиот јазик? :)[DOUBLEPOST=1415908014][/DOUBLEPOST]
Кавадаречко,Неготинско
Мигдал е на тиквешки, а за минпдел прв пат слушам/читам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom