Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Форчн, Бардон,... го користат терминот МАГИЈА.
Е сега, ако тоа има врска со преводот на српски, тоа е друга работа.
Мада, Езотерија никад немала проблеми со превод, што не е случај со повеќето македонски преведувачи.
 
- Прво, кога кажав дека не го цениш цвојот живот, мислев на тоа дека овдешниот живот ви е само попатна станица за она што следи, што неминовно доведува до заклучок дека ова овде е “минливо“ (невредно) и дека во она “трајното“ е всушност она вистинското

Вака веќе ми е појасно што сакаш да прашаш. Неминовна е смртта, така? Што после тоа? И зарем ова овде не е "минливо"? И што е овде вредно? Борбата за гола егзистенција и преживување, злото, болестите, кредитите, неправдите, војните, гладта, омразата, природните катастрофи итн.?

- Второ, животот на другите. Освен гореспонатото, вие не го цените и на оние кои не го делат вашето видување. Зш? Па одма со тоа дека ќе сум горел во пекол.

Ниеден христијанин не може да ти суди. Може само да те опомене. Само Бог има право да ти суди, т.е. пресудата зависи од твоите постапки од кои зависи дали ќе ја доживееш љубовта божја како награда или како казна. Ова за да ти биде појасно, ќе направам аналогија со глината и восокот. Сонцето восокот го топи, но глината ја стврднува. Природата на Сонцето и во двата случаи е иста, но својствата на восокот и глината се различни. Така и природата на Бог и за праведните и за грешните е иста, но нивните својства се различни.

ЕЈ, па јас не прифатив ни пекол, ни рај!!! Како тоа ми го наметнуваш?

Не си ги прифатил ни законите на земјата во која живееш, па мора да ги почитуваш. Не си ги прифатил ни физичките, хемиските и биолошките закони кои директно те засегаат. Не си ја прифатил ни ранливоста на твоето тело од разни надворешни фактори (оган, вода, струја, хемикалии, болести, радијација...), ниту пак си ја прифатил смртноста? Кој ти ги наметна нив?

- Трето, животните немаат душа!:confused: Треба нешто повеќе да кажам? Да бидам појасен, нивната душа пепел се сторува, не иде ни во рај, ни во пекол.

Животните имаат несловесна душа. Човекот има словесна душа зашто е создаден според Божјиот образ и подобие. Словесност значи разумност, т.е. способност за разликување на доброто и злото.
Дури и Аристотел разликувал разумна душа (која ја поседува само човекот), сетилна душа (која ја поседуваат и животните) и вегетативна душа (која ја поседуваат и растенијата).
Душата на животните не се сторува пепел.

Исаија 11:
4. Он ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот.
5. Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови – вистината.
6. Тогаш волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води.
7. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот.
8. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо.
9. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето.

- Четврто, жената!!! Жената е подредена на мажот. Ко некоја стока да е, а?

Дали ти си стока за шефот којшто ти е надреден, а?
 
Дали јас те осудив зошто си христијанин преку мојот Закон? Не.
Но, пријателе - христијанството го нема.
Се лажеш дека христијанството не е разорено. Се јаде како рак од внатре. Зарем не забележуваш?
Остана само златото по црквите и манастирите да зборува за некакво си сонце кое воскреснува!
Не преку твојот закон, туку заради омразата која ти ја всадил тој закон.Не само што го осуди христијанството, туку во слепилото од омразата си мечтаеш дека го нема, за во следниот момент да го оцрнуваш. Многу омраза ти всадил твојот закон.
 
Немам омраза кон човештвото и луѓето. Ме судиш според старо-еонски кодекси, а јас глаголам со сосема други симболи.
Грешиш во врска со мојот став за христијанството.

Не го оцрнувам христијанството - тоа е само закон на стариот еон. Каде што воскреснувањето беше главна тема, заедно со гревот.
Не гледам место за таков закон денес. Не е компатибилно христијанството со човештвото и тоа е тоа.
Зарем не забележувате или сте намерно слепи?
Залудни се проповедите и залудно е барање на противници за да се одржува истото.
Но правете како ви е волја, секако има место за сите - ако ја извршувате ваша чиста волја.
Ова е само мое мислење. Ако не е така, ќе видиме делата што ќе зборуваат во иднина.

Законот на Телема не нуди омраза, само нов кодекс на однесување на човекот во однос на се околу него. :)
 
Немам омраза кон човештвото и луѓето.
Грешиш во врска со мојот став за христијанството.
Не го оцрнувам христијанството
Но, пријателе - христијанството го нема.
Се лажеш дека христијанството не е разорено. Се јаде како рак од внатре.
 
Вака веќе ми е појасно што сакаш да прашаш. Неминовна е смртта, така? Што после тоа? И зарем ова овде не е "минливо"? И што е овде вредно? Борбата за гола егзистенција и преживување, злото, болестите, кредитите, неправдите, војните, гладта, омразата, природните катастрофи итн.?



Ниеден христијанин не може да ти суди. Може само да те опомене. Само Бог има право да ти суди, т.е. пресудата зависи од твоите постапки од кои зависи дали ќе ја доживееш љубовта божја како награда или како казна. Ова за да ти биде појасно, ќе направам аналогија со глината и восокот. Сонцето восокот го топи, но глината ја стврднува. Природата на Сонцето и во двата случаи е иста, но својствата на восокот и глината се различни. Така и природата на Бог и за праведните и за грешните е иста, но нивните својства се различни.



Не си ги прифатил ни законите на земјата во која живееш, па мора да ги почитуваш. Не си ги прифатил ни физичките, хемиските и биолошките закони кои директно те засегаат. Не си ја прифатил ни ранливоста на твоето тело од разни надворешни фактори (оган, вода, струја, хемикалии, болести, радијација...), ниту пак си ја прифатил смртноста? Кој ти ги наметна нив?



Животните имаат несловесна душа. Човекот има словесна душа зашто е создаден според Божјиот образ и подобие. Словесност значи разумност, т.е. способност за разликување на доброто и злото.
Дури и Аристотел разликувал разумна душа (која ја поседува само човекот), сетилна душа (која ја поседуваат и животните) и вегетативна душа (која ја поседуваат и растенијата).
Душата на животните не се сторува пепел.

Исаија 11:
4. Он ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот.
5. Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови – вистината.
6. Тогаш волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води.
7. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот.
8. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо.
9. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето.



Дали ти си стока за шефот којшто ти е надреден, а?
Ми бегаш од поентата, ама јас ќе те вратам на тоа. А тоа дека НЕ го вреднувате ни своиот живот, а и на другите. Дали оваа моја поента е точна од оваа наша кратка дискусија? ДА, нели?
Е сега, ај ќе продолжам и со твојот пост
* Првиот дел: ДА, вредно е!!! Особено затоа што тоа е единственото што го познавам, а и со одредена (голема)сигурност можам да кажам дека постои(матрикс). Се' друго е само некаков обид да се утеши човек.

* Втор и трет дел: Многу внимателно избрани зборови (болдот). Се плашиш да кажеш дека тоа се природни закони, а? Е па друже, природните закони не се створени од никого, тие постојат! А оние богови и божиња се створени од човек и неговата имагинација. А толку им сечело, па морале да ги направат садисти да бидат.

* Ај сега околу ова со животните, зошто ги створил вашиот бог такви? Која е целта на нивното постоење?

Пак ќе потенцирам, ничив живот НЕ цените!!!(n)
 
Maтеј 16:18

А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

κἀγὼ δέ σοι λέγω ὅτι σὺ εἶ Πέτρος, καὶ ἐπὶ ταύτῃ τῇ πέτρᾳ οἰκοδομήσω μου τὴν ἐκκλησίαν, καὶ πύλαι ᾅδου οὐ κατισχύσουσιν αὐτῆς.
 
Зарем лажам?
Колку секти познава православното христијанство?
Зошто постои православно, па католичко, па методистичко па не знам веќе што не измислија? А не е само христијанство?

Разорено е, расцепкано... секој со свои ритуали, свои иницијации - а велат дека имаат иста идеја која ја ширеа додека беше стариот еон...
Тука ништо не оцрнувам, само кажувам како самото христијанство се подели!
Дека не е од надвор, од внатре е болката!

И да: во вистинската религија, не постојат секти!
Запамети го тоа кога некому ќе му велиш дека припаѓа на христијанска секта!
 
* Првиот дел: ДА, вредно е!!! Особено затоа што тоа е единственото што го познавам, а и со одредена (голема)сигурност можам да кажам дека постои(матрикс). Се' друго е само некаков обид да се утеши човек.

Сакаш да кажеш дека човековата улога во светот се состои во тоа што е само една минорна и безначајна алка во вечното движење во природата, т.е. движењето на атомите кои откако неговото тело ќе се распадне ќе послужат како градивни единки на живата и неживата природа (камења, предмети, дрвја, животни, луѓе...)? И сè така без никаква цел до топлотната смрт на универзумот? Зарем не ти изгледа таквиот универзум апсурден?

* Втор и трет дел: Многу внимателно избрани зборови (болдот). Се плашиш да кажеш дека тоа се природни закони, а? Е па друже, природните закони не се створени од никого, тие постојат! А оние богови и божиња се створени од човек и неговата имагинација. А толку им сечело, па морале да ги направат садисти да бидат.

Не се само природните закони. Во болдот не мислев на земјата како природа или планета, туку мислев како држава. Еве, мене лично не ми одговараат македонските закони, но морам да ги почитувам. На некој друг може нема да му одговараат шеријатските закони во муслиманските држави, на некој трет може нема да му одговарат законите на толпата (линчувања) во африканските и латиноамериканските држави, но мора да ги почитува.

* Ај сега околу ова со животните, зошто ги створил вашиот бог такви? Која е целта на нивното постоење?

Ти какви би сакал да ги створил? Дали можел Бог да ги создаде животните според Својот образ и подобие како што го створил човекот!? Нивната цел веројатно била човекот да не се чувствува осамено.

Пак ќе потенцирам, ничив живот НЕ цените!!!(n)

Зошто си толку разочаран од христијаните? Имаш ли некои негативни искуства за ваквата огорченост?[DOUBLEPOST=1415569364][/DOUBLEPOST]
Зарем лажам?
Колку секти познава православното христијанство?
Зошто постои православно, па католичко, па методистичко па не знам веќе што не измислија? А не е само христијанство?

Знаеш ли што зборуваш? Православното Христијанство нема секти. Католичкото, методистичкото и секакво друго христијанство не се секти на Православието туку се искривени (еретички) учења сведени само на ритуали и церемонии.

Православно на грчки се вика ὀρθόδοξος (orthódoksos) , from ὀρθός (orthós, “straight”) + δόξα (dóksa,“opinion”). Значењето му е вистинско(правилно, исправно) сфаќање (мислење, мнение, расудување).

Православната Црква се вика Ορθόδοξη Καθολική και Αποστολική Εκκλησία - Православна Соборна и Апостолска Црква.

Католичката Црква се вика Ecclesia Catholica Romana - Римокатоличка Црква. Од Апостолска нема ни А. Ти се разјаснува ли пополека?

Дека ова што го зборувам не се празни зборови без покритие, еве ви докази:

http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=2944
http://pravoslavlje.spc.rs/broj/1032/tekst/sveti-oganj/print/lat

Спореди со Третата Книга Царства Глава 18:

22. И му рече Илија на народот: „Само јас останав пророк Господов, а Ваалови пророци има четиристотини и педесет души и четиристотини идолски пророци;
23. нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно теле, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ќе го приготвам другото теле и ќе го ставам врз дрва, и оган нема да потпалувам;
24. тогаш повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ќе го повикам името на Господа, мојот Бог. Оној Бог, Кој ќе одговори преку оган, Он е Бог.” И сиот народ одговори и рече: „Добро, нека биде така!”

31. И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што се колената на синовите на Јакова, кому Господ му беше рекол вака: „Израил ќе биде твоето име.”
32. И изгради од тие камења жртвеник во името на Господа, а околу жртвеникот направи окоп, што собираше две мери зрна, за да се посеат,
33. и постави дрва врз жрвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата,
34. и рече: „Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!” И направија така. Потоа рече: „Повторете!” И тие повторија. Тогаш рече: „Направете го тоа по третпат.” И тие го направија и по третпат.
35. И водата се разлеа околу жртвеникот, а окопот се наполни со вода.
36. Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, извика кон небото и рече: „Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие луѓе, дека си Ти единствен Бог во Израилот, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив сè според Твоето слово.
37. Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ, дека Ти, Господи, си Бог и ти ќе го свртиш срцето нивно кон Себеси.”
38. И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата, што беше во окопот.
39. Кога го виде тоа, сиот народ падна ничкум и рече: „Господ е Бог, Господ е Бог!”


Сега јасно ли ти е зашто Источната Православна Црква е Новиот Израилот и зашто нејзините верници се избраниот народ божји?
 
Последно уредено:
Сакаш да кажеш дека човековата улога во светот се состои во тоа што е само една минорна и безначајна алка во вечното движење во природата, т.е. движењето на атомите кои откако неговото тело ќе се распадне ќе послужат како градивни единки на живата и неживата природа (камења, предмети, дрвја, животни, луѓе...)? И сè така без никаква цел до топлотната смрт на универзумот? Зарем не ти изгледа таквиот универзум апсурден?



Не се само природните закони. Во болдот не мислев на земјата како природа или планета, туку мислев како држава. Еве, мене лично не ми одговараат македонските закони, но морам да ги почитувам. На некој друг може нема да му одговараат шеријатските закони во муслиманските држави, на некој трет може нема да му одговарат законите на толпата (линчувања) во африканските и латиноамериканските држави, но мора да ги почитува.



Ти какви би сакал да ги створил? Дали можел Бог да ги создаде животните според Својот образ и подобие како што го створил човекот!? Нивната цел веројатно била човекот да не се чувствува осамено.



Зошто си толку разочаран од христијаните? Имаш ли некои негативни искуства за ваквата огорченост?
Прв болд: Ништо поапсурдно е пак верувањето во некакво си невидливо другарче. А тоа дали сме без цел или не, ............ не ме ни занима премногу. Ама има научници/филозофи кои се занимаваат со таа тема, па ако/кога ќе дојдат до одговор, тогаш и можеби ќе се информирам, а до тогаш, го живеам единствениот живот кој го познавам.

Треба ли да се самоцитирам? Природните се НЕстворени од некого, додека ова што ти го пиша е створено од луѓе. Исто како и прикаската за бог/богови

Втор болд: Јас не сакам никакви. Нема тука како јас или ти сакаме, природата си го направила своето и тоа е тоа. Уште и тоа дека сме по негов образ:pos: Да не биде дека он бил осамен па си створил играчки?
Трет болд: битен момент, “вероватно“!!!

Ако си добил впечаток дека само од христијаните сум разочаран, тогаш да те корегирам, ..... од сите религии сум разочаран!!! Вероватно тоа е така од причина што нема јунаци од муслиманите да дојдат на оваа тема и дискутираат:(
 
* Првиот дел: ДА, вредно е!!! Особено затоа што тоа е единственото што го познавам, а и со одредена (голема)сигурност можам да кажам дека постои(матрикс). Се' друго е само некаков обид да се утеши човек.


Истото ова го викаат и Христијаните.

Ти си во Божјиот матрикс, сакал ти или не.:pipi:
 
Зарем лажам?
Колку секти познава православното христијанство?
Зошто постои православно, па католичко, па методистичко па не знам веќе што не измислија? А не е само христијанство?

Разорено е, расцепкано... секој со свои ритуали, свои иницијации - а велат дека имаат иста идеја која ја ширеа додека беше стариот еон...
Тука ништо не оцрнувам, само кажувам како самото христијанство се подели!
Дека не е од надвор, од внатре е болката!

И да: во вистинската религија, не постојат секти!
Запамети го тоа кога некому ќе му велиш дека припаѓа на христијанска секта!
Ракови, распаѓања..Одлучи се го оцрнуваш или не.Или од омраза кон христијанството незнаеш што пишуваш.
 
Ракови, распаѓања..Одлучи се го оцрнуваш или не.Или од омраза кон христијанството незнаеш што пишуваш.
Знам што пишувам - тебе не ти чини напишаното па затоа ме заморуваш.
Напишав зошто е заболено со рак. Види наназад за различните „вистински“ христијански религии на стариот еон.
НЕ знам зошто јас сум ти крив за тоа.
И пак ќе повторам:христијанството е учење на стариот еон. Толку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom