Многу смешно изгледа ова кажано од верник. Ти прво твојот живот не го вреднуваш, потоа, и животот на другите, особено ако не ти се истомисленици, па на крај и животот на останатите видови. За жените нема ни да спомнам.
За разлика од вас, ние ги почитуваме сите, и оние дарувани со памет, ама и оние на кои тоа не им е дадено.
Бујрум, побиј ги моите тврдења. Имаш аргументи? Или само онака “предрасуди“?
Ти одговарам во соодветнава тема.
За жените
Eфесјаните:
25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
28. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
Koринтјаните 1:
3. Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената – спрема мажот.
4. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
За родителите и децата
Eфесјаните:
1. Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Господа, зашто тоа е справедливо.
2. Почитувај ги татка си и мајка си! – тоа е првата заповед со ветување,
3. за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.
4. И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и oпомените од Господа!
Вреднување на сопствениот живот
Koринтјаните 1:
16. Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?
17. Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.
19. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси?
За љубовта кон ближните
Maтеј:
18. Тој Му рече: „Кои?” А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;
19. почитувај ги татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!”
22. Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си »празноглав«, ќе биде виновен пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече »будала«, ќе биде виновен за во пеколот.
36. Учителе, која заповед е најголема во Законот?
37. А Исус му одговори: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;
38. тоа е прва и најголема заповед;
39. а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!
Римјаните:
8. И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној, што го љуби ближниот, го исполнува Законот.
9. Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убиј, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!”, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!”
10. Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
Горчлива вистина е дека има многу квазиверници и "верници" кои му посакуваат зло на ближниот свој, јас ги викам лицемери и современи Тартифи. Кои крадат, лажат, клеветат, колнат, се занимават со баења, магии, оговарања, злодела, напакостувања, пагански ритуали и други гадости што му се одвратни на Бог. Во македонскиот фолклор поповите се претставени како среброљупци, скржавци и женкари. Има и свештеници и мирјани во лицето - светци, во срцето - волци. Не се угледувај на нив туку види што пишува во Светото Писмо.
Таквите многу убаво се опишани во Евангелието по Матеј и Римјаните:
Maтеј:
13. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, нити вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.
14. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
23. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
24. Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате.
25. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со
грабеж и неправда.
26. Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
27. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија;
28. така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
Римјаните:
17. Ете, ти се наречуваш Јудеец, и се потпираш на Законот, и со Бога се фалиш,
18. и ја знаеш волјата Негова, и повеќе разбираш што е подобро, оти се поучуваш од Законот,
19. и уверен си дека си водач на слепци, а светлината на оние, што се во мрак;
20. наставник на неразумни, учител на младежи, зашто образец на знаењето и вистината имаш во Законот.
21. Но, како тоа учиш други, а себе не учиш?
22. Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељуба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гнасиш од идолите, а крадеш од храмот;
23. ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, Го срамотиш ли Бога?
24. Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците, како што е напишано.
Секогаш потсетувај се на следниве стихови
Матеј
21. Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи, колку пати да му простам на брата си, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?”
22. Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.”
23. Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги.
24. Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти;
25. па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сè што имаше, за да наплати.
26. Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се клањаше говорејќи: »Господаре, стрпи се спрема мене и сè ќе ти платам.«
27. А Господарот на тој слуга, кога се смилува, го пушти и му го прости долгот.
28. Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: »Исплати ми што ми должиш!«
29. Тогаш неговиот другар падна ничкум пред нозете негови, го молеше и велеше: »Стрпи се спрема мене и сè ќе ти исплатам!«
30. Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, дури не му го исплати долгот.
31. Другарите, пак, негови, кога го видоа тоа што стана, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сè што се случи.
32. Тогаш господарот негов го повика и рече: »Лукав слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше;
33. не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?«
34. И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг.
35. Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си.”