Зависи од каде порачуваш, на ebay и aliexpress 95% се физички лица со отворен paypal кои месечно за одредената заработка т.е извршените трансакции и плаќаат oдреден данок на државата а таа ги подпомага со предобри поволности поготово што се однесуваат на поштенската испораката се со цел да се подига економијата во државата и да се испорачуваат што повеќе производи надвор. Што се однесува до известувањето дали производот ти е стигнат или не зависи како ќе ти биде испорачан. Ако е препорачана пратка и сам ќе можеш да си ја следиш, ако е погабаритна ке ти пратат известување дека ти е стигната во пошта да идеш да си ја подигнеш. Ако е стока за царинење ќе ти пратат писмо од Пошта 2 или од Царинската управа дека ти е стигната пратка која подлежи на царинење итн. Ако е пратена по обична пошта постои можност и никогаш да не ја добиеш. Пак ќе ти кажам најмногу зависи од каде ќе биде порачана и како ке биде испратена.