Барам да се смени насловот на темата пошто тој е тенденциозен.
УЈП редовно врши контроли во албанските населени места, и повторувам , речиси нема продавница која не е посетена од нив, вклучувајќи ги и тие маалските продавници што работаат со тетратки на пишување.
Еве потврда за во Тетово:
------------------------
22.07.2011
Контроли се спроведени во
Тетово и Гостивар каде се изречени 26 казни, во Куманово 14 казни, Велес 11, Прилеп и Битола 10, Струга и Ресен 8, Струмица 4 и Неготино 3.
http://utrinski.unet.com.mk/?ItemID=40309CEFFB8AFA40B538959ABE696527
-----------------------
05.06.2013
Уравата за јавни приходи (УЈП) во средата соопшти дека спровела контрола во вкупно 35 објекти во Тетово и Гостивар, при што се констатирани
17 случаи на неиздавање на фискални сметки и
девет случаи каде субјектите воопшто не се регистрирани за даночни цели.
http://www.zurnal.mk/content.asp?id=201365194414
------------------------
06.11.2013
26 затворени и казнети објекти во Тетово (број еден град со најмногу казни)
http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/59529-ujp-zatvori-58-objekti-poracuvaat-da-ne-se-urgira-kontroli-i-kazni-ke-ima
----------------------------
Еве друга контрола, со полно кривични и прекршочни , Тетово
17.10.2013
http://a1on.mk/wordpress/archives/222384
-------------------------
14.05.2014
Во рамките на контролата се одземени 114.875 денари и 230 евра, 37 телевизори, 27 монитори, 21 компјутер, 21 печатачи, 10 апарати за игри на среќа, седум куќишта за компјутер, три процесори, два ресивери, две покер маси и еден читач.
http://247vesti.com/?p=67
-----------------------------
25.06.2014
Од планираните 241 објект за продажба на огревно дрво контроли биле извршени во 232 објекти.
Од нив само овде во Тетово контолирани се 21.
Во три складишта во Тетово, Струга и Гостивар е утврдено дека не се издавале фискални сметки за што се изречени глоби во вкупен износ од 8.400 евра.
http://mrt.com.mk/node/10989
----------------------
Со блиц контрола може да се види дека Тетово е најказнуван град од УЈП. (сеуште нејасно зошто со стотина специјалци дошле, ако претходно немале никаков проблем)
До пред акцијата за легализација на дивоградбите, тука на форум се велеше дека само албанците градат диво. Сега истите молчат , пошто се виде дека цела Македонија била дивоградба, илјадници барања за легализација по источна Македонија.
До пред акцијата за Отпис на долгови , овдека велеа дека албанците не плаќаат сметки.
Сега сите молчат пошто се виде дека илјадници барања се поднесоа во источна Македонија.
Ајде со здравје сега.
Кога знаат да делат казни по Полошко, нека кажат еден проект со кој вработиле албанци, ау да , нити индустриска зона сеуште немаат, а некои минијатурни општини добија странски инвестиции, а кога се работи за казни , одма во Полошко.
Ама забораваат дека за да молзиш крава, првин треба да ја храниш. Западна Македонија треба да биде нахранета првин, после да собираат млеко.