Лет ќе се обидам да ја разглобам смислата на проблемот кој погоре го поставуваш.
Клучни се зборовите „зошто И вие“... заради вашето предание... Значи Господ не оспорува дека неговите ученици прекршуваат формален закон, но посочува дека формата е од понизок карактер и не може заради формализам да биде прекршувана суштината на исполнувањето на заповедите. Општо односот на Стариот и Новиот завет е однос на формални закони дадени од Бог според човечки терк за да не може ниеден човек да се правда дека се може сам совршено да исполни со ново суштинско исполнување на истите заповеди според новозаветната објава. Откако човештвото не можеше да ги исполни Божјите барања дадени во човечка форма, дојде времето за исполнување на истите по суштина или според она кое е Божји облик.
Па така „зошто и вие“ напаѓате за форма кога и самите не можете да ја испочитувате.
Со тоа на некој начин Господ се согласил дека совршените правила на форма за почит никој од вас не ги исполнува. Не дека тие правила не се добри, туку се превисоки за човекот иако на некој начин самиот човек си ги барал. Дури и напротив имате нови изменети преданија со кои на моменти може (затоа вели „може и да не“) да одите и суштински во спротивен правец од духот на заповедта. На некој начин им вели: зошто скокате со толку високи формални барања, кои уште кога ви ги давав знаев дека и не можете да ги исполните, но спремни сте на другите да им ги наметнувате.
Затоа со Новиот завет дојде време за исполнување „во дух и вистина“ и дека Господ не бара човекот да биде жртва туку милостност да покаже. Токму во тоа е гревот на фарисеите. Кога самите не се спремни на жртва им зема форма на почит, жртва од највисок но и најтежок ранг штом толку се строги кон другите за ситни форми.
Како што гледаш Христовата проповед е совршена, има нешто како „бравурози“ во начинот на говор затоа што ги избегнува сите замки. Самиот говор по својата природа има свои замки и ако не бидат избегнати човештвото ќе најде мани во објавата и причина за изговор.