Хокејот во Македонија

Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Единствениот хокејарски клуб Металург повторно во Балканската лига
Кога е во прашање македонската репрезентација во хокеј на мраз, пак, иако уште пред три години се најавуваше нејзино активирање, ситуацијата и натаму е статус кво. Причина - ако земјата нема лига во хокеј на мраз, не може ни да игра квалификации.



Македонскиот хокеј клуб Металург.

Борче Лозановски
22.10.2014

Единствениот активен македонски клуб во хокеј на мраз, Металург, втора сезона по ред ќе се натпреварува во Балканската лига, а за првпат ќе биде дел и од силната хрватска лига во инлајн, односно хокеј на ролерки. Металурзите сезоната ќе ја отворат претстојниот викенд во Софија, на првиот турнир од БАХЛ, каде што ќе бидат во група со четири бугарски екипи.

Главната цел секако е да бидеме подобри од лани. Значи, да напредуваме. Значи, лани бевме таму, видовме, што е, како е, и годинава со искуството од лани ќе сакаме да стигнеме до финалните натпревари. А, после тоа што ќе биде, е веќе плус.
Зоранчо Гриовски, играч и тим менаџер на ХК Металург.
Лани, во оваа лига, Металург го освои петтото место, откако во 13-те средби забележа три победи и едно реми, па сега, според тим менаџерот, но и играч, Зоранчо Гриовски, безмалку комплетниот репрезентативен состав, засилен со тројца интернационалци од Србија, ќе се бори за влез во завршната битка за највисок пласман.


„Главната цел секако е да бидеме подобри од лани. Значи, да напредуваме. Значи, лани бевме таму, видовме, што е, како е, и годинава со искуството од лани ќе сакаме да стигнеме до финалните натпревари. А, после тоа што ќе биде, е веќе плус“, рече Гриовски.

Мора две години да имаме изиграно домашно првенство за да добиеме право на настап во официјални квалификации. Затоа, можно е пријателски натпревари да има во блиска иднина, но за квалификации сигурно уште две години ќе треба да почекаме.
Зоранчо Гриовски, играч и тим менаџер на ХК Металург.
Хрватската лига во инлајн хокеј, пак, стартува на 6-ти ноември во Загреб (каде што ќе се одиграат сите средби, бидејќи на Балканот, само таму има професионални услови за игра). Ова натпреварување е убедливо најквалитетно во регионот, а Металург, покрај со 11-те хрватски екипи, ќе ги одмери силите и со српскиот Партизан (до мај наредната година ќе одигра 30-на средби, најмалку по две со шесте екипи во својата група и по еден дуел со клубовите од другата група). Станува збор за исклучително силна конкуренција, која, пред сè, треба да послужи за подигнување на формата, а потоа и за успешен настап во квалификациите за претстојниот Мундијал во хокеј на ролерки.

„Веќе четири години со македонската репрезентација играме квалификации за СП. И целта ни е, со тоа што играме во хрватската лига, на Балканот и во Западна Европа дефинитивно најдобра лига на ролерки, да стекнеме искуство, добро да се уиграме и да одиме подготвени на квалификациите наредната година и да се пласираме на СП“, додава Гриовски.

Кога е во прашање македонската репрезентација во хокеј на мраз, пак, иако уште пред три години се најавуваше нејзино активирање, ситуацијата и натаму е статус кво. Причина - неисполнувањето услови за настап во мундијалски квалификации, кои ќе останат неостварена желба најмалку до 2017-та година.

„Ние деноноќно работиме на тоа, ама проблемот е што хокеарската свест е малку изгубена во Македонија. Во СЦ Борис Трајковски се отвори лизгалиштето, но таму во прв план е јавното лизгање, потоа е уметничкото лизгање, а ние како хокеари сме последни. Значи, мора најпрво дома да си ја средиме работава за да може да одиме напред. А, покрај тоа мора две години да имаме изиграно домашно првенство за да добиеме право на настап во официјални квалификации. Затоа, можно е пријателски натпревари да има во блиска иднина, но за квалификации сигурно уште две години ќе треба да почекаме“, истакна на крајот Зоранчо Гриовски.


http://www.slobodnaevropa.mk/content/article/26650782.html
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Дадовме се на ледот, и го добивме максимумот :D


БАЛКАНСКА ЛИГА: ЦЕЛОСНА ДОМИНАЦИЈА НА ХОКЕАРИТЕ НА МЕТАЛУРГ ВО СОФИЈА

Објавено на 26/10/2014 » 145 Прегледи» ОСТАНАТО


После одличниот успех на стартот од новата сезона во Балканската (БАХЛ) лига, по победата над бранителот на трофејот, Ајс девил од 5:2, хокеарскиот клуб на Металург во Софија (Бугарија) забележа уште два триумфи.

Во вториот меч убедливо беше совладан составот на НСА со 15:0 по третини 4:0, 4:0, 8:0, стрелци беа Давор Анастасов, Јуре Внук и Кристијан Ташевски по три голови, по два имаа Стефан Децковски и Тарик Гоцмен, а по еден Ивица Тасков, Дмитриј Прокудин и Урош Бановиќ.

Во последниот трет дуел Металург го совлада и Дњепр со 4:0 (2:0, 2:0, 0:0). Првите два голови беа дело на српските интернационалци Александар Миљушковиќ и Урош Бановиќ. Во втората третина погодуваа македонските репрезентативци Давор Анастасов и Кристијан Ташевски.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Од сабота ќе ја опалеме и хрватската лига на ролерки.
Воедно и најава за првите натпревари во Скопје викенд 15&16 ноември!!!!!!


ПО БАЛКАНСКАТА, ХРВАТСКАТА ЛИГА Е НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА ХОКЕАРИТЕ НА МЕТАЛУРГ

Објавено на 27/10/2014 » 382 Прегледи» ОСТАНАТО



Македонскиот хокеарски клуб на Металург имаше успешен настап во рамките од Балканската БАХЛ-лига (хокеј на мраз) во Софија (Бугарија), откако оствари три максимални победи над шампионот Ајс девилс (5:2), НСА (Национална спортска академија) со 15:0 и Дњепр со 4:0.

Следниот предизвик за нашите хокеари ќе биде наредниот месеци, поточно на 7 и 8 ноември, Металург ги очекува дебито во инлајн-првенството (хокеј на ролерки) во Загреб (Хрватска), а од 14 до 16 ноември 2014 год. ќе се одржи турнир во Скопје.

Еве како изгледа распоредот на натпревари на Металург на почетокот на ноември во рамките од хрватската инлајн лига:

08.11.2014 ПИТОНИ – МЕТАЛУРГ 13,00

08.11.2014 КУНА – МЕТАЛУРГ 15,00

09.11.2014 КОПРИВНИЦА – МЕТАЛУРГ 12,00

09.11.2014 МЕТАЛУРГ – КАРЛОВАЦ 14,00

17.01.2015 КАРЛОВАЦ – МЕТАЛУРГ 13,00

17.01.2015 ТАПИРИ – МЕТАЛУРГ 15,00

18.01.2015 МЕТАЛУРГ – КОПРИВНИЦА 13,00

18.01.2015 МЕТАЛУРГ – ПИТОНИ 13,00

28.02.2015 МЕТАЛУРГ – ПАРТИЗАН 14,00

28.02.2015 МЕТАЛУРГ – КУНА 2 16,00

01.03.2015 МЕТАЛУРГ – ТАПИРИ 13,00

01.03.2015 МЕТАЛУРГ – КУНА 15,00

18.04.2015 МЕТАЛУРГ – СРАКЕ 13,00

18.04.2015 ДИНАМО – МЕТАЛУРГ 15,00

19.04.2015 СИСАК – МЕТАЛУРГ 12,00

19.04.2015 МЕТАЛУРГ – МУНЈЕ 14,00
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Од сабота ќе ја опалеме и хрватската лига на ролерки.
Воедно и најава за првите натпревари во Скопје викенд 15&16 ноември!!!!!!


ПО БАЛКАНСКАТА, ХРВАТСКАТА ЛИГА Е НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА ХОКЕАРИТЕ НА МЕТАЛУРГ

Објавено на 27/10/2014 » 382 Прегледи» ОСТАНАТО



Македонскиот хокеарски клуб на Металург имаше успешен настап во рамките од Балканската БАХЛ-лига (хокеј на мраз) во Софија (Бугарија), откако оствари три максимални победи над шампионот Ајс девилс (5:2), НСА (Национална спортска академија) со 15:0 и Дњепр со 4:0.

Следниот предизвик за нашите хокеари ќе биде наредниот месеци, поточно на 7 и 8 ноември, Металург ги очекува дебито во инлајн-првенството (хокеј на ролерки) во Загреб (Хрватска), а од 14 до 16 ноември 2014 год. ќе се одржи турнир во Скопје.

Еве како изгледа распоредот на натпревари на Металург на почетокот на ноември во рамките од хрватската инлајн лига:

08.11.2014 ПИТОНИ – МЕТАЛУРГ 13,00

08.11.2014 КУНА – МЕТАЛУРГ 15,00

09.11.2014 КОПРИВНИЦА – МЕТАЛУРГ 12,00

09.11.2014 МЕТАЛУРГ – КАРЛОВАЦ 14,00

17.01.2015 КАРЛОВАЦ – МЕТАЛУРГ 13,00

17.01.2015 ТАПИРИ – МЕТАЛУРГ 15,00

18.01.2015 МЕТАЛУРГ – КОПРИВНИЦА 13,00

18.01.2015 МЕТАЛУРГ – ПИТОНИ 13,00

28.02.2015 МЕТАЛУРГ – ПАРТИЗАН 14,00

28.02.2015 МЕТАЛУРГ – КУНА 2 16,00

01.03.2015 МЕТАЛУРГ – ТАПИРИ 13,00

01.03.2015 МЕТАЛУРГ – КУНА 15,00

18.04.2015 МЕТАЛУРГ – СРАКЕ 13,00

18.04.2015 ДИНАМО – МЕТАЛУРГ 15,00

19.04.2015 СИСАК – МЕТАЛУРГ 12,00

19.04.2015 МЕТАЛУРГ – МУНЈЕ 14,00
A билети за турниров ќе има? Цена?
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
A билети за турниров ќе има? Цена?
Според мојте информации безплатен влез.

Денес добив и информација дека во Скопје ќе се играт и натпревари од Балканската Лига, викенд 12-14 декември
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Според мојте информации безплатен влез.

Денес добив и информација дека во Скопје ќе се играт и натпревари од Балканската Лига, викенд 12-14 декември
Супер, ако е бесплатно, ќе дојдеме да ве бодриме. Во СЦБТ ќе бидат натпреварите на 15 и 16, така?
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Супер, ако е бесплатно, ќе дојдеме да ве бодриме. Во СЦБТ ќе бидат натпреварите на 15 и 16, така?
Традиционалниот турнир во хокеј пак, ќе се оддржи на 15-ти и 16-ти ноември, а на него ќе настапат тимовите на Ираклис (Грција), Црвена Sвезда (Србија), Спартак (Србија) и тимот на Металург, кој воедно е и домаќин на настанот. Термините на натпреварите се Сабота (09:00 – Спартак – Црвена Sвезда; 11:00 – Ираклис – Металург) и Недела (09:00 – Натпревар за трето место; 11:00 – Финален натпревар).

http://tocka.com.mk/1/142081/so-hokej-plivacki-i-vaterpolo-turnir-ke-se-proslavi-praznikot-13-ti-noemvri[DOUBLEPOST=1415604538][/DOUBLEPOST]ПС? не е црвена ѕвезда туку червена ѕвезда од Софија[DOUBLEPOST=1415635880][/DOUBLEPOST]Хокеарите на Металург со фуриозен крај во хрватската „турнеја“


Екипата на Металург фуриозно го заврши првиот циклус натпревари од Скопје во рамките на Хрватска лига инлајн-хокеј (на ролерки) што се одржа во Загреб. Во четвртиот натпревар за само два дена, ја оствари и третата победа, овојпат против ХК Карловац, и тоа со 15-0 (по четвртини 2:0, 3:0, 2:0, 3:0).

Головите за Металург ги постигнаа: Кристијан Ташевски 4, Рок Симшич – 3 и Јуре Стопар, Давор Атанасов, Зоранчо Гриовски, Ивица Тасков, Кристијан Грчевски, Боштијан Кос, Нејц Турк и Борјан Пендаров по еден.

Претходно, Металург ги совлада Питони со 4-2, Копривница со 12-2, а загуби од Куна со 4-5.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Резултати од денешните натпревари на Skopje Ice Fest 2014:
ХК Ред Стар Софија - ХК Спартак Суботица 3:7
ХК Металург Скопје - Ираклис Солун 16:1

Утре од 9ч за трето место:
Ираклис Солун - ХК Ред Стар Софија
ФИНАЛЕ од 11ч:
ХК Спартак Суботица - ХК Металург Скопје
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
:rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes:

ХК Металург победнички и против Спартак Суботица за прво место (ФОТО)

Хокеј клубот Металург е победник на „SKOPJE ICE FESTIVAL 2014“, откако во драматичен и до крај неизвесен натпревар успеа да го совлада српскиот прволигаш, Спартак Суботица со 5-4 (0-1, 2-1 , 3-2).

„Металурзите“ иако го загубија првиот период со минимален резултат (0-1), во следните два периоди успеаја на ист начин да возвратат и да остварат минимална победа од 5-4, доволна за првото место на „SKOPJE ICE FESTIVAL 2014“. Херој на нашата екипа беше Јуре Внук кој постигна четири погодоци, од кој последниот на 40 секунди пред крајот на мечот, вреден – победа. Стрелец на еден гол за хокеј-тимот на Металург беше и Димитриј Прокудин.

Во утешното финале за третото место, бугарскиот тим Ред Стар го совлада грчки Ираклис со убедлив резултат од 11-0 (4-0, 5-0, 2-0).



 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Ледена сензација во СЦ „Борис Трајковски“- уметничко лизгање и хокеј
Среда, 19 Ноември 2014 12:42



Ледена сензација започна во главниот град во Спортскиот Центар „Борис Трајковски” каде игралиштето за хокеј и уметничко лизгање е повторно пуштено во употреба за тренензи како и за рекреација.


Со ова двете активности ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија каде сите заинтересирани ќе можат да уживаат во овие зимски спортови.

-Заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржa на 15-ти и 16-ти ноември, во употреба e пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето,” изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:

- Понеделник: од 11:00 часот до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

- Вторник: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

- Среда: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

- Четврток: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

- Петок: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 00:00 часот.

- Сабота: од 12:00 до 00:00 часот.

- Недела: од 12:00 до 23:00 часот.

Специјализираните тренинзи по хокеј, ќе бидат водени од рускиот стратег Димитри Прокудин, а во организација на Хокеј федерација на Македонија. Термините за истите се:

- Понеделник: од 19:00 до 20:00 часот.

- Вторник: од 19:00 до 20:00 часот.

- Четврток: од 19:00 до 20:00 часот.

- Петок: од 19:00 до 20:00 часот.

- Сабота: од 07:30 до 08:30 часот.

Тренинзите по уметничко лизгање, ќе бидат водени од Ксенија Јестшењски. Термините се со времетраење од еден час:

- Понеделник: од 17:00 до 19:00 часот.

- Среда: од 17:00 до 20:00 часот.

- Петок: од 17:00 до 19:00 часот.

- Сабота: од 08:30 до 12:00 часот.

- Недела: од 08:30 до 12:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани имаат можност, да го посетат игралиштето за хокеј и уметничко лизгање и да уживаат во понудата, која Спортскиот Центар „Борис Трајковски” ја создава само за нив.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Стартува Државното првенство во хокеј
  • Автор: ekipa
  • Објавено: декември 10, 2014 15:08

Од утре, четврток, и официјално ќе стартува државното првенство во хокеј на мраз. За првпат во историјата на Македонија ќе учествуваат четири екипи, Металург, Скопје капитолс, Вардар вингс и Фаворит Кико, што е уште една потврда за развојот на хокејот како спорт во нашата држава.

Првенството ќе се игра во четири круга во регуларниот дел, така што сите екипи ќе одиграат по четири меѓусебни натпревари, по што ќе следи и плејоф. Натпреварите ќе се играат на арената при СЦ „Борис Трајковски“, секој вторник и четврток.

Од Хокеарската Федерација на Македонија информираат дека шампионот на државата ќе добие право следната сезона да настапува во Континентал купот, натпреварување кое е второ по квалитет во рамките на Светската хокеарска федерација, пандан на Лигата на Европа во фудбал.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Стартува Државното првенство во хокеј
  • Автор: ekipa
  • Објавено: декември 10, 2014 15:08

Од утре, четврток, и официјално ќе стартува државното првенство во хокеј на мраз. За првпат во историјата на Македонија ќе учествуваат четири екипи, Металург, Скопје капитолс, Вардар вингс и Фаворит Кико, што е уште една потврда за развојот на хокејот како спорт во нашата држава.

Првенството ќе се игра во четири круга во регуларниот дел, така што сите екипи ќе одиграат по четири меѓусебни натпревари, по што ќе следи и плејоф. Натпреварите ќе се играат на арената при СЦ „Борис Трајковски“, секој вторник и четврток.

Од Хокеарската Федерација на Македонија информираат дека шампионот на државата ќе добие право следната сезона да настапува во Континентал купот, натпреварување кое е второ по квалитет во рамките на Светската хокеарска федерација, пандан на Лигата на Европа во фудбал.
Металург во Лига Европа. - Како тоа добро звучи. Напред нашии! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom