Ако тројцата се македонци, од каде тогаш четворица се повредени?
Во никој случај не викам дека нема такви албанци кои едвај чекаат да се закачкаат, јас лично имав таква ситуација, мислеа дека сум македонец и почнаа да провоцираат, ми пуштаа светла на телефони, се смееа...
Поентата ми е што наивно е едговорноста да им ја префрлиме на несфатени тинејџери, кога целото општесвто ги тренираше да станат такви, да не зборам за власта. Што се прави за сзближување на младите? А е поделија неколку средни затоа што имало тепачки... Јасни показатели дека проблемот не се сака да се реши, туку се одложува секој пат. Со казнување на тинејџерите не се решава овој проблем.
Треба сериозен проект за зблужување на младите, средните училишта кои се поделија последните 15 год. Да се обединат, да има заеднички семинари, еден ден во неделата да биде ден на размена на ученици и професори.... Си има начини, проблемот е што нема војла.
Пак, ѕидовите не решаваат проблеми.
Така е навистина, вината пред се е кај политичарите, ама вистина е дека не одат политичарите по автобуси за да тепаат деца, туку тоа го прават деца кои имаат родители, кои што треба добро да ги воспитаат.
Можеби ние се буниме повеќе, бидејќи ние сме тие кои сме најоштетени во ситуацијава. Вие сте оние кои тепате почесто, но не добивате казни за тоа, ние сме оние кои тепаме поретко, а добиваме казни и кога треба и кога не треба.
Ова највеќе им одговара на политичките партии од Македонскиот и Албанскиот блок кои се на власт.
Албанските партии продаваат некаков патриотизам, основан или неоснован, факт е дека сакаат да ги претстават Албанците како жртви и со тоа уште толку поттикнуваат омраза кај помладите исклучиво кон Македонците.
Однесувањето на МВР, само уште толку им дава сила на младите Албанци, а од друга страна ги ограничува Македонците, дури и да не смеат да се бранат во случај на напад.
Затоа и нападите од страна на Македонците се поретки, затоа што повеќето брзо се расчистуваат и завршуваат со големи казни.
Македонецот е сведен на ниво, да бара најосновно право во своја држава, полицијата да му гарантира безбедност или веќе ако не му гарантира, да го остави да се брани, а притоа да има фер казни и за едната и за другата страна.
Албанецот сака да влее страв и свесно да им покаже на другите дека на територијата каде што се мнозинство, не владеат закони. Може нема да изедеш ќотек, ама ако изедеш ќотек, ниту некој ќе те одбрани, ниту некој ќе одговара за тоа.
Лесно ти е тебе да кажеш политиката е крива за се. И ситуацијата да беше обратна и јас ќе ти го кажев истото. Ако ти сам си свесен дека не чини политиката на Албанските партии, зошто не изнесеш таков став пред оние од твојот етникум кои ги прават овие напади?
Албанските партии на секој митинг го нагласуваат Албанскиот национализам, Природна Албанија како што е модерниот назив за државата за која сонувате, ама вистина е дека се тоа го прават за да останат на власт. Кога ќе дојде момент да се одвоите од Македонија, они први ќе си отидат со украдените пари, заедно со нашиве морони продадени, и ќе не остават да војуваме и да скапеме во финансиската беда.
И Македонските партии имаат иста цел - ДА УКРАДАТ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ПАРИ.
Тие си се соработници едни со други, а тука ни глумат лудило дека всушност има опозиција и позиција. Каква опозиција, каква позиција, сите се на една страна и си го делат колачот...
На нив им одговара Македонецот да живее во страв и несигурност, затоа што ќе може да продаваат национализам и они. Балканот е познат по тоа што играњето на националистичка карта ти носи сигурна власт. Секаде е така во сиромашните земји.