Ајде тргна уште еден воз
Покрај Канада, границите за имигранти ги отвoра и Шведска!
Шведската агенција за миграција, денеска соопшти дека бројот на лица кои бараат азил во 2015 би можел да достигне рекордни 105.000 лица.
-Социјалното мора да биде подготвено во 2015 година да прими помеѓу 80.000 и 105.000 баратели на азил, соопшти денеска таа шведска агенција.
Според последните очекувања веројатно 95.000 лица ќе побараат азил, додека претходно се очекуваа околу 64.000 и 94.000 лица. До тоа зголемување доаѓа затоа што бројот на бегалци е најголем после Втората светска војна, додава шведската агенција за миграција.
Агенцијата очекува до крајот на оваа година помеѓу 81 и 84 илјади луѓе да побараат азил, а еден од најголемите предизвици е пронаоѓање сместување на новодојдените.
Шведска до сега забележала рекорден број на имигранти од 1992 година кога од Балканот дошле 82.000 бегалци. Позната по доброто прифаќање на имигранти, Шведска е првата европска земја која во 2013 година им даде довола за престој на сите сириски бегалци.
Од јануари до октомври оваа година повеќе од 68.000 лица поднесоа барање за азил а 40 отсто се од Сирија. Во истиот период во 2013 година беа 44.000.
Агенцијата за миграции смета дека обработката за барање отсега ќе биде 10 месеци во однос на претходните четири до пет месеци.
Да споменеме дека покрај Шведска,
границите ширум ги отвoри и Канада која е подготвена да прими
помеѓу 260.000 и 285.000 доселеници.