Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам а пак да не укажам дека таложењето на саѓи во оџаците е резултат од лошо неефикасно согорување на дрвата.
ама скапо е. Ако дадам 15-18.000 денари за 1 оџак за 1 година, со кои пари ќе набавам дрва. Башка како ќе ми се исплатува да се греам на дрва? Плус ако додадеш камините и ќумбињата во продавница се изгор скапи...со други зборови, поефтино е оти подобро искористува гориво ново возило од 15-тина илјади евра према старо од 4-5000 ама јаде де купи го со плативе. Не моеш така да размислуваш во една енормно сиромашна држава. Заради тоа и луѓето се греат на дрва (или нафта), оти највеќе може да заштедат на сметка на удобноста и здравјето (загревање на само 1 соба, спиење и бањање на мраз ладно...). Инаку би се грееле на сопствено парно ако толку ги чини едногодишно греење.
 
@Lurtz
Пак ја промашуваш главната поента: ефикасноста на согорувањето на дрвата.


Неефикасно согорување = саѓи во оџакот + трошоци за чистење на оџакот + поголеми сметки заради потреба од повеќе дрва

Ефикасно согорување = нема саѓи во оџакот + нема трошоци за чистење на оџакот + помали сметки заради добивање повеќе енергија од помалку дрва
 
Доколку беа главен проблем, Миладиновци, Кочани и голем број други места ќе беа исто загадени. Па само Скопје се греат со централно парно и тоа читам само 50-60000 станови. Главниот проблем го гледам во она што го набројав погоре. Нормално дека во такви услови било кој загадувач ќе ја зголеми својата улога многукратно.
Ако вината е исклучиво од дрвата и оџаците, нека додели владата (како во другите области) бесплатно чистење на оџаците барем еднаш во 2 години за да видиме дали е до нив. Јас (верувам и други) сам го чистам оџакот, но колку е тоа стручно...ама во замена за 8-10.000 денари е сосем солидно.
Едноставно, јас не го гледам дрвото како главен загадувач, туку како дел од последиците од раководењето на РМ, дел од мноштвото загадувачи кои не требаше тоа да бидат. За мене загадувач е и азбестот кој ни виси над глава. Темава е долга и широка и допира многу теми и нечисти игри. За беља некој се обидува главната вина да ја натовари врз граѓаните.
 
Последно уредено:
Ако сметаш дека проблем се исклучиво дрвата и оџаците, нека додели владата (како во другите области) бесплатно чистење на оџаците барем еднаш во 2 години па да видиме дали е до нив. Јас (верувам и други) сам го чистам оџакот, но колку е тоа стручно...ама во замена за 8-10.000 денари е сосем солидно.
Lurtz, те сметам за паметно човече и не ми е јасно како не можеш да разбереш за што ти зборувам. Човече каква врска има загадувањето со тоа дали се чисти оџаците... Оџаците се чистат за влечат и да имаат проток на воздух, и уште поважно: за да не се запалат!

Прво расчисти си го тоа со себе, а потоа обиди се да разбереш зошто се затнуваат оџаците. Можеби ќе ти помогне ако ги поврзеш ефикасноста на согорувањето (која толку пати ја спомнувам), со продуктите на неефикасно согорување.


П.С. Ако владата треба да субвенционира нешто, тоа треба да се субцениции за ефикасни печки на дрва. А не да ти го чистат оџакот.
Тоа ти е како да бараш да ти ископаат нова септичка јама во дворот, наместо да ти донесат канализација. Колку и да помагаат со нови септички јами, после доволно време дворот пак ќе ти се преполни со гомна!
 
Ванлок, ти споменуваше ефикасност на оџаци, ффикасност на согорување и така натаму. Ама пошто се збори за ефикасност на горење, пишувам колку чини таа ефикасност годишно. Во пост 498 велиш норми и регулативи за максимум честички од оџак....
За да се постават норми, треба да се создадат позитивни предуслови. Пак да повторам, за мене други предуслови доведоа до загадување. Лошите економски социјални миграциони и други политики на властите.

Домашниот воздух непроменет, ЕУ ја менува границата на загадување
Денеска во пладневните часови, мерната станица во Лисиче повторно покажуваше „најжешка“ бројка од 400 микрограми, во Гази Баба и Ректорат беа измерени до 250, а во Центар до 200 микрограми на кубен метар.
 
Последно уредено:
Напротив, проблемот е решлив со поефикасно согорување на дрвата. Само треба државата да донесе регулации за употреба на поефикасни печки на дрва, и потоа регулации на контрола на пмХ честички и на домашните оџаци.

Со ефикасно согорување на дрвата, можно е да согорат до 90%-95% од материите што ги има во дрвото (другото впрочем е вода).
Што ќе кажеш ако ти соопштам дека просечна ефикасност на согорување на сегашните неефикасни печки е под 40%?

Всушност ефикасноста на согорувањето оди подолу од 20% кога намерно се намалува дотокот на воздух за дрвата да „тлеат и поспоро да горат. Што мислиш каде одат останатите 60%-80% од дрвата?
Да дел се лепат во внатрешноста на оџакот (и го затнуваат, и стануваат потенцијален пожар), но огромен дел оди во воздухот и го загадува до немајкаде.
Да имаа луѓето пари немаше да се префрлат на дрва, ќе си останеа на парно, ама пуста пара тоа го прави. А и да бидеме реални, инвестицијата што ќе ја направи Топлификација, ќе биде далеку помала од сите домаќинства заедно.
Плус, како во сите нормални северни држави, топлата вода од фабриките (што ионака ја фрлаат) може да се пушти во системот на Топлификација тоа е плус заштеда.
Ама наместо да биде Топлификација сервис на граѓаните, тоа е молзница за пари[DOUBLEPOST=1415125117][/DOUBLEPOST]
Lurtz, те сметам за паметно човече и не ми е јасно како не можеш да разбереш за што ти зборувам. Човече каква врска има загадувањето со тоа дали се чисти оџаците... Оџаците се чистат за влечат и да имаат проток на воздух, и уште поважно: за да не се запалат!

Прво расчисти си го тоа со себе, а потоа обиди се да разбереш зошто се затнуваат оџаците. Можеби ќе ти помогне ако ги поврзеш ефикасноста на согорувањето (која толку пати ја спомнувам), со продуктите на неефикасно согорување.


П.С. Ако владата треба да субвенционира нешто, тоа треба да се субцениции за ефикасни печки на дрва. А не да ти го чистат оџакот.
Тоа ти е како да бараш да ти ископаат нова септичка јама во дворот, наместо да ти донесат канализација. Колку и да помагаат со нови септички јами, после доволно време дворот пак ќе ти се преполни со гомна!
Го уби со чистење на оџаците и греењето на дрва. Се знае што е најдобро греење а тоа е парното, само наместо на мазут треба да го префрлат на гас и да ја намалат цената и подобрат услугата. И загадувањето ќе се намали.
Ако нешто оваа влада субвенционира тоа треба да биде Топлификација, се друго е мачкање на очи. До душа Топлификација ако се среди бирократијата и смени горивото, ќе пријави добивка
 
Последно уредено:
...Ако нешто оваа влада субвенционира тоа треба да биде Топлификација, се друго е мачкање на очи. До душа Топлификација ако се среди бирократијата и смени горивото, ќе пријави добивка
Колку е тоа фер?
Со пари собрани од сите, преку даноци и такси, -да се субвенционира сервис провајдер чии услуги можат да ги користат само мал дел од граѓаните.

Дрвата се добар, евтин и обновлив енергетски извор. Со правилно едикасно согорување, дрвата се и чист енергетски извор.


Ванлок, ти споменуваше ефикасност на оџаци, ффикасност на согорување и така натаму. Ама пошто се збори за ефикасност на горење, пишувам колку чини таа ефикасност годишно. Во пост 498 велиш норми и регулативи за максимум честички од оџак....
За да се постават норми, треба да се создадат позитивни предуслови.
Нема потреба сега да се правиме дека го решаваме стариот философски проблем, „кој е постар, јајцето или кокошката„. Навистина нема потреба.

Едноставно е.
Ако печката има ефикасно согорување, ќе согорат над 90% од дрвата. Нема да има саѓи, оџакот нема да се затне и не да има потреба да се чисти. Ќе заштедиш и на пари за дрва.
Каде е проблемот со овој концепт?

Зошто, подобро е да имаш согорување со ефикасност од некои 40%, па да чистиш оџаци два пати годишни, и да плаќаш скоро 2.5 пати повеќе пари за дрва?
(и да бараш државата да ти субвенционира чистење на оџаците)
Ефикасност на сог
 
Колку е тоа фер?
Со пари собрани од сите, преку даноци и такси, -да се субвенционира сервис провајдер чии услуги можат да ги користат само мал дел од граѓаните.

Дрвата се добар, евтин и обновлив енергетски извор. Со правилно едикасно согорување, дрвата се и чист енергетски извор.



Нема потреба сега да се правиме дека го решаваме стариот философски проблем, „кој е постар, јајцето или кокошката„. Навистина нема потреба.

Едноставно е.
Ако печката има ефикасно согорување, ќе согорат над 90% од дрвата. Нема да има саѓи, оџакот нема да се затне и не да има потреба да се чисти. Ќе заштедиш и на пари за дрва.
Каде е проблемот со овој концепт?

Зошто, подобро е да имаш согорување со ефикасност од некои 40%, па да чистиш оџаци два пати годишни, и да плаќаш скоро 2.5 пати повеќе пари за дрва?
(и да бараш државата да ти субвенционира чистење на оџаците)
Ефикасност на сог
Стварно не те разбирам, дрва па дрва па дрва, да се грееле Русите/Полјаците/Швеѓаните/Норвежаните на дрва денес ќе биле пола население од тоа што треба бидејќи ќе изумирале од студ. Нема подобро греење од централно во комоција и економичност. Чисто за аналогија, кога правиш ручек за тебе лично ќе истрошиш исто струја ако го правиш за четворица ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa
Не ме разбирај погрешно @Chemical Angel. Да е до мене да бирам политика за загревање, знам што би одбрал да се субвенционира и промовира во државава: гео-термални пумпи, и општо топлински пумпи, заедно со разни варијанти на експлоатација на сончевата енергија (со која овде во Македонија сме благословени многу повеќе од некои други држави кои повеќе ја експлатираат).

Но ете обиди се да увезеш гео-термална пупма, и види на колку даноци, такси и законски сопки (разни атести, елаборати за бушотини, итн, итн) ќе наидеш... наместо субвенции и поттикнување.


За дрвата зборувам упорно, затоа што се евтин енергенс кој е и доволно обновлив (ако правилно се експлоатира). Но дрвата се енергенс кој ЦЕЛОСНО ПОГРЕШНО СЕ КОРИСТИ, и многу проблеми произлегуваат од тој факт. Загадувањето не најмалку.
 
и добро сега што испадна од вас тука што коментирате,што е ГЛАВНИОТ проблем за градов што е волку загаден,посебно мојава населба(ново лисиче) ? Дали од Лисичани што се греат на дрва,или што е проблемот ?
 
Релативно чист. Се жалат Скопје, автомобили, ова, она... Нека одат во помалите градови каде што има само куќи и 90% од нив се греат на дрва.
 
Релативно чист. Се жалат Скопје, автомобили, ова, она... Нека одат во помалите градови каде што има само куќи и 90% од нив се греат на дрва.
Дојди во Ново Лисиче да видиш колку е чист.

кучиња се дават по улица од воздухот.
 
Дојди во Ново Лисиче да видиш колку е чист.

кучиња се дават по улица од воздухот.

Баш пред некој ден одев од Ново Лисиче накај Автокоманда и коментиравме за ова. Во Ново Лисиче прст пред око не се гледа, дури кај Близнак приметив дека тоа не е обична магла туку чад, ама густ чад, а и смрди на чад. Веќе во Автокоманда друга приказна. Смрди и тука ама мислам дека не толку и нема густ чад. Најверојатно е од оџаците од Лисиче, којзнае кој колку и ги чисти тие оџаци.
 
не глеам друг проблем да е освен тоа,не знам ни дали има воопшто фабрика во Лисиче ?

а и уште е премногу рано,таму декември-јануари,помини во НЛ да видиш што е.Ова сега е супер,за навечер зборам нели нормално.После тоа на 1 метар одтебе да е човекот,не го гледаш.
 
Дојди во Ново Лисиче да видиш колку е чист.

кучиња се дават по улица од воздухот.
Не викам не, ама по ова медиумите ,,Скопје ова'', ,,Скопје она'' немат видено дали во другите градови се случува нешто...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom