Македонска берза

Член од
28 април 2013
Мислења
45
Поени од реакции
8
Добро вечер, акционер сум во гранит и акциите ги имам купено кога беа околу 300денари...Некој совет што да правам?
 
Y

yob

Гостин
Od mene imash HOLD. Jas ke cekam barem do nova godina. Mislam deka ima prostor uste da raste zatoa sto ima fondovski kupuvaci.
Ova e samo moe skromno mislenje, bi sakal da procitam sto mislat i drugite.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Mislam deka ima prostor uste da raste zatoa sto ima fondovski kupuvaci.
И во 2006/7 имаше доста фондовски купувачи, пред се странски, кои ја надуваа цената и после им ги шитнаа скапите акции на тие што продаваа станови и земаа кредити за да купат акции. Да не се случи истото и сега, само во поблага варијанта.
 
Y

yob

Гостин
Da dopunam samo deka cenite se 300-500% podole od togas, i deka fondovive tek sega pocnaa da vrtat nov krug. Sepak ova e samo moe razmisluvanje. Sekoj za sebe.
Me interesira tvoj verdikt za Granit konkretno BUY , HOLD or SELL i zosto?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Da dopunam samo deka cenite se 300-500% podole od togas
Мала исправка, цена не може да падне повеќе од 100%, освен ако не отиде во минус. Цените се пониски за 70-80% од тогаш.

Me interesira tvoj verdikt za Granit konkretno BUY , HOLD or SELL i zosto?
За мене е ХОЛД, компанијата работи добро во Мкд, ама доста е зависна од владини проекти. Во странство ситуацијата не е толку сјајна, имаат некои добри проекти, но и тотални утки. Дивидендата може да биде поголема, не ни знам каде ја трошат разликата од профитот што го прават (транспарентност 0).
Пред неколку години правев математика за Бај/Сел и дојдов до 300 денари за Бај (што за малку не се постигна, па не купив) и околу 600 денари за Сел. Веројатно сега ќе треба да си ги ажурирам бројките, кога ќе имам време.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Прогнозите за слабеење на економија во Унијата и стагнацијата на водечките европски економски сили носат опасности и за Македонија, бидејќи половина од извозот оди токму во земјите од ЕУ





Еврозоната - најголем светски економски проблем

Светската економија не е во добра форма. Вестите од Америка и од Британија беа релативно позитивни, но јапонската економија и порастот на Кина се значително забавени. Непредвидливи опасности кружат, но најголемата економска закана доаѓа од континентална Европа, пишува весникот „Економист“ во написот „Еврозоната - најголем светски економски проблем“.

- Економскиот пораст во Германија одеднаш забави, што значи дека еврозоната се наоѓа на работ на трета рецесија во последните шест години - пишува британскиот весник.
Франција и Италија ги избегнуваа структурните реформи, а Германија инсистираше на прекумерно штедење. Тоа доведе до пад на цените во осум европски земји, а инфлацијата изнесува само 0,3 отсто и им пречи на владите да ги враќаат долговите и да ја зголемат конкурентноста на своите економии.
Овие прогнози за слабеење на економија во Унијата и стагнацијата на водечките европски економски сили носат опасности и за Македонија, бидејќи половина од извозот оди токму во земјите од ЕУ.

Во последниот извештај на Народната банка на Македонија (НБМ) за макроекономските показатели се вели дека по стагнацијата на економијата во второто тримесечје, високофреквентните економски показатели за еврозоната и понатаму не упатуваат на поголемо закрепнување на економијата во третиот квартал.

Во извештајот се вели дека надворешните ризици и понатаму се неповолни и дополнително се нагласени со послабите економски остварувања на еврозоната од очекуваните и постојаните геополитички тензии.
- Македонската инфлацијата и во септември отстапува од проектираната патека и укажува на помали ценовни притисоци од очекуваните. Ризиците околу проекцијата на инфлацијата и натаму се оценуваат како претежно надолни. Сепак, идентификувани се и нагорни ризици поврзани со надворешни фактори, кои би можеле да предизвикаат нестабилност и појава на поголеми ценовни шокови, кои би се одразиле врз идната инфлација - констатира НБМ.

Крах на еврото


Во ситуација на ниска инфлација и стагнација, предупредува „Економист“, Европската Унија ќе мора да се соочи со намалување на инвестициите и странските вложувања, ќе се зголемат приврзаниците за популистичките политичари, а еврото порано или подоцна ќе крахира. Особено што Европа има лоша демографска ситуација, проблеми на пазарот на труд и огромни долгови, а тоа може да создаде проблем во целиот свет.

„Економист“ пишува дека Германија ќе преземе нешто тогаш кога еврото ќе се најде на работ на катастрофа.
И ОФЦЕ, институтот за анализи и економија од Париз, констатира дека еврозоната се мачи да закрепне и би можела да влезе во рецесија во следните две години.

- Еврозоната е проблем за глобалната економија. Во моментот дејствува како кочница за светската економија и ќе предизвика фаза на ниска инфлација во одредени земји, доведувајќи до рецесија за две години - изјави Хавиер Тимбо, директор на одделот за анализа и прогнози на ОФЦЕ, презентирајќи ги економските предвидувања за следната година.

Француските експерти велат дека промената ќе биде бавна, но дека нема да може да се избегне. Германија, која е основата на еврозоната, се очекува да забележи ограничен економски пораст од 1,5 отсто во 2015 година. Прогнозата за Италија е разочарувачка, бидејќи се очекува земјата да влезе во рецесија. Шпанија, каде што невработеноста останува на високи 25 проценти, е единствената економија од еврозоната каде што се очекува пораст од 2,1 проценти за 2015 година.

Дополнителни мерки за штедење

Франција, Италија и другите земји од еврозоната најверојатно ќе мора да воведат дополнителни мерка за спас на економиите поради високиот дефицит на буџетите, соопшти Европската комисија.
- Деталната процена на буџетот, која ќе биде објавена наредниот месец, ќе покаже дали се потребни дополнителни мерки - изјави Јурки Катаинен, европски комесар за економски прашања.
Годишниот буџетски дефицит на 28 членки на ЕУ треба да биде под три отсто, а јавниот долг под 60 отсто. Доколку се прекршат тие правила, државите се соочуваат со критики, санкции и со евентуални казни, но во практика државите ги пречекоруваат лимитите без никакви последици.
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
ne veruvam deka ke se slucat nekoj poseriozni problemi so EU, seto toa se slucuva zatoa sto Germanija ne dozvoluva da se zgolemat zadolzuvanjata i javnite rashodi...Se pravi teren za bezbedno funkcioniranje na EU i stabilen evropski pazar...
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
ne veruvam deka ke se slucat nekoj poseriozni problemi so EU, seto toa se slucuva zatoa sto Germanija ne dozvoluva da se zgolemat zadolzuvanjata i javnite rashodi...Se pravi teren za bezbedno funkcioniranje na EU i stabilen evropski pazar...
Rabotite odat na dobro vo MK zatoa e pametno da se bide predpazliv.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.121
Поени од реакции
716
Dali ovoj bilans na KMB.znaci deka poleka no sigurno godinata ke ja zavrsi so nekoja sitna dobivka ili nesto loso sum razbral ? Znae li nekoj koga treba da izleze kvartalniot za TNB. i sto se slucuva tamo ?
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Мрачни прогнози за европската економија
Новата Европска комисија започна со работа со лоши вести: и пет години од почетокот на финансиската криза, економијата продолжува со надолен тренд


ЕУ ја намали прогнозата за раст во еврозоната, предупредувајќи дека Франција и Италија остануваат најголеми проблеми за лошата состојба која го загрижува целиот свет.

Во извештајот за есенската прогноза на Европската комисија доминираат заканите од дефлација и рецесија, како и тврдоглаво високата невработеност меѓу 18-те земји-членки на еврозоната.

Прогнозата за растот во 2014 година е намалена од, и онака ниските, 1,2 проценти на 0,8 отсто, а порастот за 2015 година се предвидува на околу 1,1 проценти, и понатаму 1,7 проценти за 2016 година.

Претставниците на ЕУ повикаа на итни инвестиции за отворање нови работни места и поголем раст.

„Економската и состојбата со вработувањата не се подобруваат доволно брзо“, изјави Јирки Катаинен, новиот потпретседател на Комисијата за работни места и развој на презентацијата на податоците.

Повеќегодишните заштеди и реформи не го донесоа очекуваното подобрување, па затоа новиот претседател на Комисијата, Жан Клод Јункер најави инвестициски план вреден 300 милијарди евра кој треба да биде објавен до Божик.

Закана и од дефлација

Пјер Московиси, новиот комесар за економски прашања, предупреди дека претстои тешка работа да се обезбедат инвестиции, но и да се убедат земјите од еврозоната на структурни реформи.

„Не постои магично стапче, и нема едноставен одговор“, изјави Московиси на заедничката прес-конференција со Катаинен.

Голема е заканата од дефлација, иако во комисијата сметаат дека цените нема набрзо драматично да паднат, сепак инфлацијата за годинава е проектирана на само 0,5 проценти. Невработеноста се очекува да остане проблем и во следните години. Стапката ќе падне на 10,2 проценти до 2016 година, но тоа е и натаму повисоко од предкризните години, додека во Шпанија и Грција нема да се спушти под 22 проценти.

И Германија е причина за загриженост, особено поради стагнацијата на нејзината економија, која годинава се очекува да порасне за слаби 1,3 проценти, а догодина уште пониски 1,1 отсто.


Новата Европска комисија ќе има тешка задача да ја опорави економијата

Добри и лоши примери

Сепак, најголеми проблеми остануваа Франција и Италија. Обете земји се под голем притисок да ги намалат трошоците и да спроведат реформи кои Париз и Рим ги ветија, но засега, не им се брза да ги имплементираат. Француската економија годинава ќе порасне за само 0,3 проценти, наспроти очекувањата за 1,0 процент, додека догодина порастот се очекува да достигне 0,7 проценти. Притоа, Париз е на пат да го оствари и својот најголем буџетски дефицит следната година- 4,5 проценти, а во следната 2016 година, во Брисел очекуваат тој да се зголеми на 4,7 проценти. Париз ги отфрли ваквите проценки од ЕУ како „чиста теорија“.

Италија, пак, и годинава, трета по ред, останува во рецесија, додека за следната се очекува минимален раст од 0,6 проценти.

Причина за оптимизам даваат Велика Британија и Ирска. Британската економија годинава ќе порасне за 3,1 проценти, а во 2015 за 2,7 отсто. Уште подобра е состојбата во Ирска каде годинава се очекува раст од 4,6 проценти, а следната година- 3,6 проценти.

Генерално, и комесарот Московиси и аналитичарите сметаат дека кризата во ЕУ може да се надмине со повеќе инвестиции, наместо со штедење.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
Во моментов обичните акции на Стопанска банка - Скопје се поскапи од приоритетните. Приоритетните се со двојно поголема номинална вредност. Дали мислите дека е можно да ги конвертираат приоритетните во обични (во однос 2:1) како што се случи во Комерцијална банка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom