Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е до греење на дрва, тогаш пак прашувам, дали градов бил приближно вака загаден, на пример, пред Втора Светска војна кога 100% од објектите се грееле на дрва?
Пошто, ако дрвата за огрев во куќите, се најголем или еден од најголемите загадувачи, градов во минатото би требало да биде приближно загаден во времињата кога буквално секој објект се греел на дрва.

Повеќе се фактори, никогаш не може само еден да е. Исто така и многу згради се изградија кои се многу блиску и спречија каков такво проток на воздух да има. И тоа е еден доста битен факт кој во минатото го немало во Скопје.

И многу дрва се испосекоа по градов а додека израснат нови треба 10-20 години да поминат.
 
на пример, пред Втора Светска војна кога 100% од објектите се грееле на дрва?

Пред WWII Скопје имало помалку од 100.000 жители, денес оди накај милион. Не може да се прави ваква директна споредба.
 
Повеќе се фактори, никогаш не може само еден да е. Исто така и многу згради се изградија кои се многу блиску и спречија каков такво проток на воздух да има. И тоа е еден доста битен факт кој во минатото го немало во Скопје.

И многу дрва се испосекоа по градов а додека израснат нови треба 10-20 години да поминат.
Секако дека се многу фактори во прашање, кои денес ги има, а тогаш не, но, ако најглавен (како што некои тврдат) или еден од трите најголеми загадувачи се куќите на дрва што се греат, би требало барем да е загаденоста на некое високо ниво, во времињата кога 100% од објектите се грееле на дрва.
 
возилата и домаќинствата највеќе загадуваат, макстил не е ништо у споредба со нив, нез кај прочитав денес и покрај што го затвориле пак нивото на загаденост на воздухот е 8 пати над нормала.
 
Пред WWII Скопје имало помалку од 100.000 жители, денес оди накај милион. Не може да се прави ваква директна споредба.
Може, за загаденоста на тој мал простор, на кој што живееле тие.
Пошто они се грееле 100% на дрва. А ако некои денес тврдат, дека дрвата се најголем фактор за загадување, во време кога има и други еден куп фактори, и во време кога ни приближно процентот на корисници на дрва за огрев не е 100%, тогаш мора да било многу срање порано (да, на тоа место мало кај што биле тие градби).

Видете, мене ми е јасно дека денес имаме и коли, и градби што спречуваат провев и фабрики и други фактори. Али не ли е нереално да се посочуваат дрвата за огрев, како најголеми загадувачи.

Дисклејмер: Ја не се греам на дрва, туку БЕГ ме дере.
 
Ако е до греење на дрва, тогаш пак прашувам, дали градов бил приближно вака загаден, на пример, пред Втора Светска војна кога 100% од објектите се грееле на дрва?
Пошто, ако дрвата за огрев во куќите, се најголем или еден од најголемите загадувачи, градов во минатото би требало да биде приближно загаден во времињата кога буквално секој објект се греел на дрва.

Пред втората светска војна во Скопската котлина не живееле накај еден милион луѓе.Ова е котлина ,а струењето на воздухот е дополнително попречено со изградбата на брани и згради.[DOUBLEPOST=1415046455][/DOUBLEPOST]
Може, за загаденоста на тој мал простор, на кој што живееле тие.
Пошто они се грееле 100% на дрва. А ако некои денес тврдат, дека дрвата се најголем фактор за загадување, во време кога има и други еден куп фактори, и во време кога ни приближно процентот на корисници на дрва за огрев не е 100%, тогаш мора да било многу срање порано (да, на тоа место мало кај што биле тие градби).

Видете, мене ми е јасно дека денес имаме и коли, и градби што спречуваат провев и фабрики и други фактори. Али не ли е нереално да се посочуваат дрвата за огрев, како најголеми загадувачи.

Дисклејмер: Ја не се греам на дрва, туку БЕГ ме дере.

Процентот на греење не е ни блиску до 100% али и 25% да се греат на дрва тоа пак се повеќе луѓе одколку што живееле во Скопје пред втора светска војна.А со зградите и браните веќе нема ветрови и со тоа ја имаме сегашната ситуација.Индустријата е никаков фактор зошто истата не ни постои
 
Според официјални податоци моментално над 50% од домаќинствата во Ск се греат на дрва. Тоа е огромна бројка.
Како на друг начин да го објасниш фактот што Центар (каде претежно се греат на централно и струја) има помало загадување од приградските населби (каде претежно се греат на дрва).

Еве од лани за време на Бадниковиот оган како изгледаше загадувањето во Центар, разликата е очигледна пред палењето на огновите и отпосле
5ckroi.png
 
возилата и домаќинствата највеќе загадуваат, макстил не е ништо у споредба со нив, нез кај прочитав денес и покрај што го затвориле пак нивото на загаденост на воздухот е 8 пати над нормала.

Возилата загадуват само 5%.
 
Според официјални податоци моментално над 50% од домаќинствата во Ск се греат на дрва. Тоа е огромна бројка.
Да. И мене ми личи на огромна бројка. Не претпоставував дека може толку да биде.
Процентот на греење не е ни блиску до 100% али и 25% да се греат на дрва тоа пак се повеќе луѓе одколку што живееле во Скопје пред втора светска војна.А со зградите и браните веќе нема ветрови и со тоа ја имаме сегашната ситуација.Индустријата е никаков фактор зошто истата не ни постои
Во ред, но сметам дека би требало споредбата да оди поинаку.
Не да се споредува бројот на жители на ова и тоа Скопје, туку бројот на жители на една одредена површина.
 
Може, за загаденоста на тој мал простор, на кој што живееле тие.
Пошто они се грееле 100% на дрва. А ако некои денес тврдат, дека дрвата се најголем фактор за загадување, во време кога има и други еден куп фактори, и во време кога ни приближно процентот на корисници на дрва за огрев не е 100%, тогаш мора да било многу срање порано (да, на тоа место мало кај што биле тие градби).

Видете, мене ми е јасно дека денес имаме и коли, и градби што спречуваат провев и фабрики и други фактори. Али не ли е нереално да се посочуваат дрвата за огрев, како најголеми загадувачи.
Бидејќи доаѓам од помал котлински град (Кавадарци), каде скоро 80% од домаќинствата се на дрва, знам како мириса воздух полн со чад од греење на дрва. Разликата е што во Кавадарци има 5-6 големи згради и тоа е се.
Во скопје една куќа, што грее на дрва опкружена со згради е доволна да ја зачади пола населба.
Проблемот се решава со тоа што Топлификација ќе ја подобри услуга и ќе ја намали цената на греење, друг начин нема
 
Има наместо 90% од државната власт да биде во скопје може се да се децентрализира и да се враќаат назад во општините парите наместо повеќе од милијарда евра економија да е само државата па да не мора сите да живеат во Скопје .Може нема ни блиску да биде до масовни иселувања али до пола милион кога би се симнало би било успех и огромно растеретување.Или тоа или нека се направи комплетна урбанизација и нека се забрани греење на дрва ,кој нема пари за парно ( струја е секако најскапо) или нека седи во ладно или нека не живее во Скопје.
 
Децентрализацијата е тежок процес и многу скап, Топлификација да ја подобри услугата, да го смени мазотот со гас, е работа од 1 година, ако се сака
 
Последно уредено:
Проблемот се решава со тоа што Топлификација ќе ја подобри услуга и ќе ја намали цената на греење, друг начин нема
Напротив, проблемот е решлив со поефикасно согорување на дрвата. Само треба државата да донесе регулации за употреба на поефикасни печки на дрва, и потоа регулации на контрола на пмХ честички и на домашните оџаци.

Со ефикасно согорување на дрвата, можно е да согорат до 90%-95% од материите што ги има во дрвото (другото впрочем е вода).
Што ќе кажеш ако ти соопштам дека просечна ефикасност на согорување на сегашните неефикасни печки е под 40%?

Всушност ефикасноста на согорувањето оди подолу од 20% кога намерно се намалува дотокот на воздух за дрвата да „тлеат и поспоро да горат. Што мислиш каде одат останатите 60%-80% од дрвата?
Да дел се лепат во внатрешноста на оџакот (и го затнуваат, и стануваат потенцијален пожар), но огромен дел оди во воздухот и го загадува до немајкаде.
 
Да дополнам за оние кои не се греат на ќумбе. Едно чистење на оџак може да чини некого и минимална плата затоа што се наплаќа од должен метар и тоа 1200-1600 денари што во превод би дошло за оџак од 5-6 метри некаде 100-150 евра минимум. А во весник препорачуваат 2 пати годишно. Кое домаќинство може тоа да го издржи и да го додаде на сметките за греење?
За греењето не ми е јасно зошто некои градови имаат помала концентрација ПМ10 ако греењето е главен проблем, а од друга страна центар и карпош имаат над 100 надминувања со најмалку двојно поголема концентрација. Исто и медиумите некако го запотија со Железара и Југохром. Тие не се единствени големи загадувачи. Топланите, Усје, гумите, отпадите, ред фирми...исто се заборава дека претходно имаше само еден Ѕид-Градски ѕид, а сега покрај Вардар и низ центарот се поставени десетици ѕидови и објекти, Ново Лисиче е преизградено, делот од Карпош кон Момин Поток (помеѓу Орце Николов и Воена болница) исто така се изградија ѕидови од згради, се изгради и делот до скоро Средно Водно, се направија неколку нови административни згради во центарот, а истовремено сите зелени површини или се исечени и пренаменети или не се одржуваат. Сообраќајот, државните и јавни фирми и граѓаните се сконцентрираат (веројатно централизирана држава е полесна за раководење) во така мал и лошо проектиран простор (и според архитектите) за кој е прашање дали се консултирани метеоролози и дали се водело сметка за провевот, ружите на ветер и воопшто струењето. Истовремено се зголеми и бројот на возила за истиот зголемен број граѓани. Сето ова се случува последните 10-15-20 години и никој не одговара кривично за уништување на градот и човековата околина. А дека не е до граѓаните (како што постојано се обвинуваме себеси) е пример и она за што слушав од сараевчани (како еден од најзагадените во Европа, заедно со Скопје). Кај нив се случило слично концентрирање, неконтролирано градење и откажување од греење на плин (заради зголемените цени). Тоа го потврдуваат и нивни стручни лица за екологија и архитектура.
 
Последно уредено:
Да дополнам за оние кои не се греат на ќумбе. Едно чистење на оџак може да чини некого и минимална плата затоа што се наплаќа од должен метар и тоа 1200-1600 денари што во превод би дошло за оџак од 5-6 метри некаде 100-150 евра минимум. А во весник препорачуваат 2 пати годишно. Кое домаќинство може тоа да го издржи и да го додаде на сметките за греење?
Не можам а пак да не укажам дека таложењето на саѓи во оџаците е резултат од лошо неефикасно согорување на дрвата.
Значи не само што се искористува само 40% до 20% од енергијата во дрвата, не само што се загадува воздухот... туку и оџаците се затнуваат и сето тоа треба се чисти и редовно да се плаќа.

Впрочем и глупаво е да не се чистат оџаците ако почнале да се затнуваат со саѓи. Ако е скапо чистењето, пожарот е поевтин??

Ама ајде да не дигресирам. Целата работа е да се промовира поефикасно согорување на дрвата.
Сметките ќе се намалат од сите страни: помалку дрва ќе се горат, нема да има потреба да се чистат оџаците, плус нема да се загадува воздухот.
Не можам да разберам како оволку малку внимание му се посветува на овој важен аспект на проблемот. Кога ќе се реши ефикасноста на согорувањето на дрвата, се рашаваат сите проблеми со оџаците и со загадувањето.

Што е проблемот, дали јас лошо го објаснувам ова, или никој не е заинтересиран да ги разбере работите??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom