ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 61
Слабите девојки веќе не се во мода
Модата постојано се менува, па така и слабите девојки полека исчезнуваат од секојдневието и повторно им препуштаат место на раскошните тела во сите облици и големини.
На тој моден тренд подлегнаа и Американците, кои во последните 20 години ги тресеше лудило за слабеење по секоја цена, открива компанијата "НДП Груп" која се занимава со истражување на пазарот.
Вкупно 55 отсто од Американците во 80-тите години сметале дека вишокот килограми ги прави помалку привлечни, додека денес тој став го застапуваат само 24 отсто.
Истражувањето на "НДП Груп" исто така покажа дека оброците кои содржат само салата веќе не се популарни, како ни производите кои воопшто не содржат масти.
Трендот на раскошни облини успешно го следат и некои познати глумици кои сметаат дека не би биле толку привлечни ако ослабат. Тие порачуваат дека не треба да се изгладнувате и да патите, туку гордо да го носите тоа што го имате. Затоа што кога на крајот се ќе се собере, она што секогаш делува привлечно е самосвесно држење.