Тргна возот
Вардар-Пробаскет 93-57!
За овој меч бевме подзасилени со уште 2-3 играчи, од кои едниот беше ЃОРЃИ КОЧОВ
Ах Џоле, Џоле, слободно паѓање од прва во трета лига. Демек во Куманово требаше да потпише...
Одма се виде разлика кога имаме плејмејкер во играта. Почнавме фуриозно и во прва четвртина веќе водевме со 30-14!
Гостите беа седум души, а еден од играчите беше и тренер
Денес видовме многу подобра кошарка од мечот со Ангели, да им играме сега на Ангели 100 разлика ќе ги добиеме
Пробаскет имаа 5 крмаци во екипата и две деца под 18 години...
Тој што беше тренер, имаше мев како змев. Такво сало ни во сумо борење немаат, а камоли во кошарка. Али симпатична екипа беа, имаше двајца тројкаши, сто тројки дадоа, и еден со суканици што имаше 20 скокови
Не знам дали даде десет поени, ама тука негде беше, така да мечот веројатно го заврши со дабл-дабл учинок
Кај нас, Бранче одново беше стартер. Он ја направи разликата во прва четвртина
Мавна и една тројка, па на крајот од прво полувреме имаше 15 поени. До крај мислам дека не уфрли ниту еден поен, а мечот го напушти поради пет лични. Најгруб играч во екипата е
Стандардно, најдобар во екипата беше Маци. Дефинитивно човекот е барем за втора лига.Даде сигурно над 30 поени, ама не знам точно колку.
Кочов изигра 20-тина минути, даде по некоја тројка, некој добар пас, сигурно имаше и он околу 15-тина поени.
Струја одново разочара, некако се плаши да шутне од чисти позиции, само додава, одново еден куп стартни чекори направи, мада убаво е да добива што поголема шанса, овде ако не се изделка, нема каде...
Имавме уште неколку играчи што воглавно играа под кош и собраа некоја топка, али реализацијата не им беше баш најдобра.
Дечкото со број 12, имаѓе 100 шута за тројка, најчесто од чисти позиции, одвај две погоди
Таман реков, овој никад нема кош да даде, погоди две по ред
Во Пробаскет имаа еден подебел тројкаш. Додуша они повеќе шутеви имаа за три отколку од рекет. Едно време кога не заредија, направија 14-1 серија и намалија на 25-6 разлика, мислев ќе ја вртат
Моментот беше кога тој тројкашот, на истек на трета четвртина, во последна секунда, погоди тројка од пола, откако претходно истотака рецна неколку тројки по ред. Имаа уште еден што цело време вадеше фаул на тројка и шутираше три слободни
Пошто двете екипи имаа бели дресови, они играа со дресовите свртени наопачки
Првата победа ја проследија околу 100-тина души во сала. Комбат можеби најбројни досега на кошаркарските мечеви
Беше извадена и паролата, ПРАВДА ЗА ТУРЧИН.
Добро навивање во текот на целиот меч.