- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.524
- Поени од реакции
- 119.460
Добро, секој со различно гледиште на работите. Не викам дека не си во право со оваа теза. Јас да речеме малце на поинаков начин ги гледам работите. Пример кога ќе чекам некој тенисер и кога тој што го чекам ќе има 0/11 брејк шанси, а противникот 1/1 тогаш тоа ако не е несреќа не знам што друго е несреќа. Секако зборам за среќа од кладилничарски аспект.Се разбира дека промашувам. Многу често. Важно е само да погодам малку повеќе од што промашувам, и да ги играм најголемите можни коефициенти. Ништо друго.
Инаку јас имав неверојатна серија од 32 таи брејкови по ред против моите кладби, па не мислам дека немам среќа, ниту дека ја имам. Кога многу често се кладиш, такви работи се случуваат.
Лани на АО го чекав Ферер-Смичек 1 на едно, а на друго да нема тај брејк во мечот. На 6-5 за Ферер брејк шанса имаше Смичек и притоа лесен волеј на мрежа, значи тоа се промашува еднаш во 100 години, и Смичек ја опна во мрежа и нормално Ферер си го доби мечот лесно.
Како што јас не верувам дека ако сонувам некој дека умрел тогаш тоа значело нешто добро така и ти не веруваш во среќа во кладењето.
