3500 за душа

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.428
Возраст
70
Локација
Skopje
Денес почнува Задушница,па појдов на гробишта,оти утре не ќе можам.
Прво свратив во АДМИНИСТРАЦИЈА на гробиштата,да си платам она редовното,е тука имате и некој новини,не е многу скапо,абре исто е ко и лани само сега нее повеќе на 10 г. туку на 5год.
Да, исто му доаѓа,кој ќе памти дали било пред 10 години плаќањето како порано или на 5год.
Ама сега има уште нешто. Е тоа нешто е уште 3500 на гладно срце ми зедоа за некоја душа.
_Таа ми вели(шмизла веројатно на штикли позади стаклото-шалтер.)
- Треба да го ревалитизирате договорот. Стариот не важи.
- Како тоа да го рева.....(никако да го запомнам) што треба. И велам јас.
- Стариот договор го направил таткови во 1964 година.Треба сега нов да направите.
- Да тогаш почина дедоми, тоа беа негови гробишта,ама мртов не може да направи договор па веројатно направил таткоми. И редовно си плаќаме и велам јас.
-Да ама сега е и таткови таму закопан десет години а не сте го смениле договорот,по новиот закон донесен 2010 година. Ми вели таа (шмизлата)
- Па нели важи онаа тапијана од Турско, или открити смртен лист од Бугарско, а имаме мислам и од Српско некој документ залепен со восок и црвен-бел памучен конец.И велам јас.
- Ништо тоа сега не важи,се е тоа мртво,сега се други на власт.Давај пари. Ми вели таа.
-------------------------
3500 за душа, земаат ли во Конопиште, Старавина,или Витолиште сакам да знам.
 
Не се разбирам од ова, ама што договор е тој ? Нешто ко резервација на местото? Извини ама ништо не разбрав. Не знам како е по градскиве гробишта ни таму а ни овде, Моите фамилијарни се во село, на три гробни места има 9 души закопани од 60тите па до татко ми лани. Никакви давачки околу погреби за местото немало а и нема да има освен тие за свештеникот на закопи, пеења. Се околу селската црква и гробиштата околу неа оди со донации/прилози/работна рака/празнични аукции... Ова со договири само по „култирниве“ места ќе да е.
 
Кажи чичко Анчо кај сакаш да те закопаме, ке дојме цел форум и дињи ке даваме за душа.:D
 
Новото е тоа што треба да имаме ИМОТЕН ЛИСТ за гробот:sick:
И се плаќа 3500 денари,еднаш за секогаш...и пак сме на исто,пак се плаќа такса годишна;)
350 ден.:sick:
 
Кажи чичко Анчо кај сакаш да те закопаме, ке дојме цел форум и дињи ке даваме за душа.:D
EEee.... а јас пак барам,сакам и би се борел Македонија цела да е...(и би гинел за неа)
во заблуда сум бил, сега дури сваќам зошто и не е цела, а и ова тешко ќе остане ...
Новото е тоа што треба да имаме ИМОТЕН ЛИСТ за гробот:sick:
И се плаќа 3500 денари,еднаш за секогаш...и пак сме на исто,пак се плаќа такса годишна;)
350 ден.:sick:
А тоа значи ако ми дадат имотен лист,ако некогаш одлучат поколенијата може коските да си ги земат(фрлат)и го продадат местото-парцелата (за шака трева)
Не се разбирам од ова, ама што договор е тој ? Нешто ко резервација на местото? Извини ама ништо не разбрав. Не знам како е по градскиве гробишта ни таму а ни овде, Моите фамилијарни се во село, на три гробни места има 9 души закопани од 60тите па до татко ми лани. Никакви давачки околу погреби за местото немало а и нема да има освен тие за свештеникот на закопи, пеења. Се околу селската црква и гробиштата околу неа оди со донации/прилози/работна рака/празнични аукции... Ова со договири само по „култирниве“ места ќе да е.
Овие во Бутел се дерикожи,се наплаќаат,не дај боже да ти треба нивна услуга.
Наплаќаат дури и музика ????????????????????????????????????????????????
 
Е Анчо,за продавање незнам...ние имаме еден гроб за продавање и ни рекоа неможеме приватно да го продадеме,мораме на АД.Бутел да го понудиме.
Е сега со имотен лист,наводно можело да се продаде....значи само со платени тие 3500 ден.(имотен лист)
Мене нешто друго ме буни,и ми дава за право да кажам дека се прават како да дојдат до пари...имено татко ми имаше два гроба,едниот е на баба ми и другиот тамо кај што се закопани мојте сега,кој сега е на мое има...а за тој на баба ми треба на нотар да се преведе,нешто како оставинска да правам:mad: а и незнам дали може,два гроба на едно име и дали може едниот гроб да се води на сега починат човек:sneaky:
 
Да му се плукнам во тоа арамиите, животот скап, умирачката поскапа...
 
Од кај цел живот некој живеел во немаштија и на крај во масовна гробница да му ги исфрлат коските. Колку христијански, секоја чест. Ми се здоповраќа од ова што го прочитав за имотен лист за гроб и оставинска постапка. Од каде еден погреб ако немаш гробно место 1500 евра чини, па и имотен лист ти бара. И на мртви луѓе администрација пара прави.
 
Иако не подржувам како тргнала работа најдобро да измислат крематориуми како на „запад“. Па колку и да кошта сигурно ќе е поевтино од овие гробни места, па имотни , па вака „за душа“... еднаш плаќаш, гориш и мирна душа од давачки за лепе очи на вака просветлени „европски“ администрации... :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom