Еве јас како посериозна личност не би тролала на темава, напротив ќе споделам нешо шо ми се десило пред неколку години. Умре тетин ми, лесна му земја, арно ама он беше многу злобен чоек... И сеа после неколку дена идам кај тетка ми и и викам, тето он ваков, он онаков... Подобро, Господ те спасил од него, немој да плачеш... И наеднаш од кујната као шо беа тенџерите на работната маса, како шо седевме у дневната тенџерите пред мене се стркалаа. И јас тишина. Готово!
Значи он контактирал со мене за да прекинам. А јас лично немам повикано духови и да контактирам со некој, пошо ме плаши тоа. И уше едно шо ми се десило после месец дена, исто за овој човек зборев со моите другари... Три пати го слушнавме моето име и тоа сите слушнаа како ме извикува некој. Се зачудиа, не можеа да поверуваат што се случува пошо дошло од тука гласот,како да е некој со нас а ние не го глееаме. После тоа веќе никогаш не го спомнав до сега