Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  • Да

    Гласови: 46 46,0%
  • Не

    Гласови: 38 38,0%
  • Немам одговор

    Гласови: 16 16,0%

  • Вкупно гласачи
    100
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Ух тешко нејзе и уше да има проблеми со тоа кој ке и го чува детето .... (се надевам не). Баш би сакала нејзината страна да ја слушнам и приказната зад секојдневната упорност. Знам дека е опстанокот, ама мислам има многу повеќе од тоа.

Sent from my GT-I9300
Не е дека има проблем, свекрва и го чува сеуште, одење во градинка не беше опција затоа што немаат градинка во близина, а и она и сопругот по цел ден се на работа. Свекрва и сеуште работи, па и таа кога ќе дојде од работа, одма се фаќа за чување бебе.
Примопредајата ја прави сестрата од сопругот (золвата?) таа го чува малиот од 2 до 5 (кога и мајката и бабата се на работа).
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Успешна кариера можеш да направиш и од дома.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.905
Сигурен сум во тоа дека за успешна кариера треба многу трчање кон целта тоа значи многу отсуствување од дома и семејството тоа е насекаде така а кај нас е малку поразлично. Балканштината има друго уредување за луѓето кои во семејството имаат човек со успешна кариера нели кај нас симбол за тоа е бизнисмен... Епа најчесто Таткото бизнисмен е најбитниот член на чопорот и он ја има најубавата кола од сите 5 што ги имаат дома, обавезно има швалерка најчесто секретарката, многу многу ретко се наоѓа дома... Сопругата на бизнисменот и водачот на чопорот се разбира не работи ништо, секојдневието и се базира на тоа да преку ден се трошат илјадници денари на шминка, фризура, облека, накит навечер се оди на кафе или вечера со слични пријателки со новата кола и во многу ретки случаи нема швалер. Децата пак на во погрешна смисла успешниве родители се мрзливи, учат и студираат во приватни училишта, машките ги имаат нај убавите к*рви за девојки, мора да се со нова кола и ајфон се разбира, кога ке стапат во озбилна возраст работат во фирмата на татичко. Во никој период од семејниот живот како еден благословен склоп немаат помеѓу себе никаква хармонија, разбирање и љубов. И ова ви личи на семејство ?
 
Повеќе ми личи на шпанскотурска серија, него на реален живот.
Или имаш студија направено ти за семејствата на сопствениците на бизниси?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.905
Повеќе ми личи на шпанскотурска серија, него на реален живот.
Или имаш студија направено ти за семејствата на сопствениците на бизниси?
Ни тоа, ни тоа. Сум имал вакви семејства не по моја воља во кругот на секојдневието.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Ни тоа, ни тоа. Сум имал вакви семејства не по моја воља во кругот на секојдневието.
Да, ама за волја на вистината, постојат и семејства кои добро заработуваат (со сопствени бизниси, или на добро платени позиции во туѓи бизниси), па не се како горе наведените.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Не е за тоа кој ќе ги чува и кој ќе ги нахрани. Ќе се најде некој. И гладни ако останат понекогаш или ако ги фати грип ќе преживеат.
Проблемот иде подоцна. Децата растат, а родителот од премногу обврски не го следи нивното растење и во главата си смета дека на детето се што му е потребно е топла соба облека и храна. Да има кој да го приварди. И да напише домашно. А на детето му треба долг и јасен разговор барем еднаш на два дена - како со пријател. Тоа расне почнува да разбира. Можам многу примери да набројам ќе ви кажам само една реченица што ја прочитав некаде

---слушај што имаат да ти кажат децата додека се мали, за да ти се обратат и да знаеш нешто за нив кога ќе се големи---

Кариерата е возможна, некој дел ќе се жртвува, и доброто семејство е возможно паралелно (пак нешто ќе се жртвува, не до крајност). Јас гласав дека влијае кариерата на семејството, ама свесен човек што нема да го повлечат материјалните добра што ги заработува кон луксузи за своја душа, и кој се релаксира со семејството, во повеќето животни ситуации ќе успее да направи баланс.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.905
Да, ама за волја на вистината, постојат и семејства кои добро заработуваат (со сопствени бизниси, или на добро платени позиции во туѓи бизниси), па не се како горе наведените.
Но тие се поразлични... Јас опишував типична балканска богата фамилија познавам и средени фамилии богати кои инвестираат во напредок точно испланиран секоја чест за вакви ретки исклучоци.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.237
Малку се професиите кои навистна не оставаат време за ништо друго а кај нас луѓето кои имаат баш такви професии се бројат на прсти. Повеќето се филмаат и оправдуваат дека немаат време за семејството оти имаат многу работа а всушност се работи за себичност.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Но тие се поразлични... Јас опишував типична балканска богата фамилија познавам и средени фамилии богати кои инвестираат во напредок точно испланиран секоја чест за вакви ретки исклучоци.
Е во што се поразлични? Мислам дека сепак не зборуваш за луѓе кои реално ги познаваш, туку за рекла - казала, филмови и серии.
Не дека нема дисфункционални семејства, меѓутоа не баш на начинот кој ти го опишуваш.[DOUBLEPOST=1419241598][/DOUBLEPOST]
Малку се професиите кои навистна не оставаат време за ништо друго а кај нас луѓето кои имаат баш такви професии се бројат на прсти. Повеќето се филмаат и оправдуваат дека немаат време за семејството оти имаат многу работа а всушност се работи за себичност.
Точно така. Најчесто тоа се луѓе кои немаат поим зошто воопшто засновале семејство. Онака, зошто ,,им дошло време,, , ,,оти од дома ги притискале,, итн, итн, итн....
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.905
Е во што се поразлични? Мислам дека сепак не зборуваш за луѓе кои реално ги познаваш, туку за рекла - казала, филмови и серии.
Не дека нема дисфункционални семејства, меѓутоа не баш на начинот кој ти го опишуваш.[DOUBLEPOST=1419241598][/DOUBLEPOST]
Точно така. Најчесто тоа се луѓе кои немаат поим зошто воопшто засновале семејство. Онака, зошто ,,им дошло време,, , ,,оти од дома ги притискале,, итн, итн, итн....
Поразлични се во уредувањето на односите и самото функционирање. Едни од овие полошо уредени богати семејства ни се фамилијарни блиски пријатели и кај нив сум сретнувал слични и бетер од нив.
 
Член од
22 декември 2014
Мислења
30
Поени од реакции
100
Да, влијае и те како. :)
Ама не можеш се да имаш, а знаете како викаат, нема и јаре и паре.
А во денешно време без пари тежок е животот, просечен македонец 300 евра има основна плата, а за тие пари што побрзо да направиш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom