Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  • Да

    Гласови: 46 46,0%
  • Не

    Гласови: 38 38,0%
  • Немам одговор

    Гласови: 16 16,0%

  • Вкупно гласачи
    100
The family man - филмот на Николас Кејџ , мислам дека тоа ќе ви го даде одговорот на темата. :)

Што се однесува до мене , јас би си го дал бубрегот да имам кариера на Вол Стрит со милијарди во банка , макар тоа ме коштало фамилија.
 
Јас мислам дека не.И самите можеби викаме парите го вртат светот зар не ?. Мислам дека нема да пречи на семејаството и развојот на истото од искутво.Тато никад го нема дома постојано е на работа поради фирмата за наше добро.Ако не се ангажира околу тоа тогаш би трпеле за леб и само би ги сонувале одморите во Дубаи.Зашто некој мислат дека подобро се заработува во странство него ли тука ?!. Нема врска,доколку се ангажираме и тука доволно би биле како во ЛОндон.Е сеа има некој семејства кој е распагаат поради ова и децата им стануваат наркомани и тепачи наместо да го зимаат примерот од својте родители и да продолжат понатаму. :noze::pipi::свиркам:
 
Повеќе може да влијае лошо ако е неуспешна кариерата, обострано.
 
Барем еден од двајцата треба да има работа без точно определено работно време за да се завршат некои обврски од типот трчање по градинки/школи и институции што работат само претпладне и бараат чекање редици. Во спротивно, не знам каде би било задоволството од кариерата ако ја ограничува елементарната слобода човек да си ги обави елементарните работи.
 
Има приватни градинки кај нас, особено ја препорачувам монтесори, но колку што разбрав 250 еур месеч е во неа....
 
Некои работи што треба родителите да ги направат за и со своите деца, а кои се од исклучителна важност за квалитетот на односот родител-дете (и обратно), можат да бидат направени само на одредена возраст. Не порано, а секако, ни подоцна.
Бркање кариери, работни обврски кои одземаат премногу време, може лесно да донесат траен проблем во комуникацијата, кој парите нема да го решат.
 
Многу голем проблем. Во моментов сум во најлоша ситуација и нормално син ми најмногу пати за тоа. Од два месеци кога ми наполни малиот тргнав на работа и да биде све потешко работам по 11саати. Десет пати се покаав и размислував да дадам отказ ама пусто добри пари и позиција и многу други ситуации за нашата иднина. Секоја секунда ми е тешко на работа. Доаѓаш дома бебушот те глеа онака ко слика да гледа...се молиш да се сети дека си му мајка да ти се насмее.
Се ова можеби би било поразлично доколку би бил потпораснат...а можеби и не.
Во секој случај претешко е да се кради карира (печалат пари ) и да се ствара топла домашна атмосфера.
 
Ме трогна......
Немој да се грижиш, бебето ќе порасне, тоа чувствува дека ти си му мајка и никоја друга не може да му биде мајка
Терај ја работава и гушни го бебето.....
Исто ќе биде и ако си по цел ден дома
Мајка си е мајка
 
Не станува збор за успешна кариера, туку за време поминато во работа. И да, влијае лошо на семејниот живот.
 
Esapot doma I na pazar ne e bas ist, edna tezina se kariera I pari druga deca familija, ke jades gorki knedli dodeka napravis balans oti kolku sto decata imaat potreba od ljubov I vnimanie duplo poveke imaat roditelite, no veruvam deka na site nie ubavo koga udovoluvame potrebi nastrana hrana I obleka, covekot sam posebe nikogas nema da bide zadovolen, se dodeka ima nesto sto krade nasmevka I zadovolstvo na dobar pat sme.
 
Ме трогна......
Немој да се грижиш, бебето ќе порасне, тоа чувствува дека ти си му мајка и никоја друга не може да му биде мајка
Терај ја работава и гушни го бебето.....
Исто ќе биде и ако си по цел ден дома
Мајка си е мајка
Мајка ми истото ми го кажа и змам дека и двајцата сте во право ама ете потешко е на своја кожа кога ке осетиш.
Имам среќа што маж ми е најфиното суштество на цел свет и ми дава целосна подршка кога е во прашање работата и син ми. Кога сме дома ме мења 100% во домашните обврски за ја да можам времето да го посветам на малиот.
За успех во брак (срмејство) или кариера и тоа е битен момент. Ако се има разбирањ е со партнерот може да се има баланс во кариера и семејство.

Sent from my GT-I9300
 
Можеби не си загледала но јас су постар, имам повеќе од 60 години.
Порано породилното одсуство траеше само 6 недели. покасно го направија три месеци, па после 6, а мислам дека сега е девет месеци.
Значи јас су одгледан како и твоето бебе - бидејќи тогаш немало породилно одсуство
Знам дека ти би сакала цело време да бидеш со бебето. Па зар има некој кој не сака бебења, а ово е твое бебе, но тоа е тоа. Бебето ќе си порасне и се ќе биде супер
 
Во МК се познати случаи на беспоштедна експолатација на работниците, т.е. неплатена прекувремена работа која нема врска со кариера, туку со гол опстанок ан работникот. Секаква друга расправа на темата кариера е теоретска.
Шанса за напредување имаат колку што знам во банките. И? И таму за да се вработиш треба да имаш врски!

Има професии кои не се мерат со позиции. Работата во школо, во болница, во полиција...

Друго сакам да кажам: една од работите на кои сум горда на мојот народ е што во МК никогаш работата не била СЕ на светот. Значи, џабе ти пари ако немаш време да ги трошиш. И многу се чудам кога ќе слушнам како некој (со краиера де) од МК се фали дека работел по 12 часа на ден!! Мене таков муабет директно ме врача у 19.век.

За тим билдингот: една познаничка работеше во голема американска компанија, каде многу често им организираа тим билдинзи, речиси секој викенд беа некаде.
Во еден момент, вели таа, сфатив дека јас немам друг живот освен тој на работа, дека почнувам да ги губам врските и контактите со луѓето надвор од работата, едноставно живеам и постојам само за фирмата.
И цурата даде отказ (се разбира, прво си најде друга работа).
Повеќе од ова не можам да се согласам :)
Морам во животот да работам нешто што интелектуално ќе ме исполнува, парите ми се слаб мотиватор - не ги гледам како некаков си успех на крајот на месецот. Парите ништо не вредат ако немаш со кого да ги потрошиш.
Меѓутоа, ете, не разбирам ни луѓе кои се амбициозни и наеднаш прифаќаат пониски позиции заради домаќинлук.

Типичен пример ми е чистачката на работа - жената е со магистратура на ПМФ, имала солидно работно место, кога останала бремена дала отказ. Во моментот тоа и се чинело како најпаметна одлука, да се посвети на семејството, ама 15 години подоцна, кога децата веќе почнуваат свој живот да гледаат, а не може на овие години да си најде пак така добра работа - е тотално разочарана.

Затоа сметам дека не е паметно со ништо да се оди во крајност, нит со кариера, нит со домаќинлук. Всушност, ако некој за себе одлучи дека во животот му е цел да биде следниот Стив Џобс, воопшто и не мора да формира семејство.
А за нормална кариера, од лично искуство, знам дека ако се сака се се може, и никој не може да ме разубеди.[DOUBLEPOST=1414545672][/DOUBLEPOST]
Мајка ми истото ми го кажа и змам дека и двајцата сте во право ама ете потешко е на своја кожа кога ке осетиш.
Имам среќа што маж ми е најфиното суштество на цел свет и ми дава целосна подршка кога е во прашање работата и син ми. Кога сме дома ме мења 100% во домашните обврски за ја да можам времето да го посветам на малиот.
За успех во брак (срмејство) или кариера и тоа е битен момент. Ако се има разбирањ е со партнерот може да се има баланс во кариера и семејство.

Sent from my GT-I9300

Ај бар ти викаш добри пари и позиција :) Другарка ми си го истера цело породилно (9 месеци) ама што дека, работи за ич пари и тоа како под казна ја ставија само втора смена да работи (предходно само прва работеше) па еден куп перипетија за да ја избркаат од работа.
Сама вика, да имав чаре, денес отказ ќе дадев, ама за гол живот рмбаат со маж и.

За жал во Македонија си крива ако родиш дете, па не ли ти е срам, цели 12 000 те плаќаме :)
 
Ух тешко нејзе [emoji20] и уше да има проблеми со тоа кој ке и го чува детето .... (се надевам не). Баш би сакала нејзината страна да ја слушнам и приказната зад секојдневната упорност. Знам дека е опстанокот, ама мислам има многу повеќе од тоа.

Sent from my GT-I9300
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom