Нема трик. Ви реков лесна е
Ајде уште една.
Дедо Јован им раскажува на своите внуци за неговото јунаштво во војните, пред се во Првата Светска Војна. „За мојата храброст добив бројни ордени и награди. Се уште се сеќавам на мечот кој го добив веднаш по завршувањето на војната, во февруари 1919 година, на кој со големи букви беше изгравирано моето име заедно со натписот `За големите заслуги во Првата Светска Војна`. Бев почитувана и славна личност во тој период, внуци мои. Сите мажи ми се восхитуваа и сите жени ме посакуваа.“
Помалиот внук се воодушевувал на херојствата на дедо му, додека постариот само ладно констатирал: „Лажеш, дедо.“
Дали постариот внук е во право? Зошто мисли дека дедо му лаже?