Поздрав Томи, одамна те нема драго ми е што се врати....
Незнам за овој концепт но продавница од 30-тина квадрати спроти QB осигурување или ЗОИЛ по старо, (од стара Рампа кон центар)...ми се чини растура! Највеќе со кинеска роба иако имаат и српска пластика, продажба по концепт ‘‘парче за 100‘‘ значи најскапата цена на парче 100 денари.... пластика, украсна галантерија, роба од гифт шопови, за домаќинство, хигиена, козметика, за школо и канцеларии понешто потрошен материјал, украси, стакло пластика и тн... џиџимиџарница како реков ми се чини многу добро работи! Кога да поминам (бидејки гравитирам натаму) барем 5-6 луѓе има внатре и по правило сите или повеќето купуваат, дури и работи кои не им требаат (цигарите дневно се поскапи му се невиди)... како робата е во главно кинеска, па верувам набавните сигурно се по 20-30 Денари комад, ми се чини дека чоек ако е прва или втора рака може да смета на голема маржа!.... Па ако се најде добра локација добар мал бизнис може да биде! Не гледам дека имаат премногу залиха, грубо вака не би рекол дека имаат над 10К Евра залиха, а дневно прават сигурно 15-20 наши иљадарки! Чисти наплатени без долгови пишанки, задолжници, плаќање ‘‘од тутунот или сусамот‘‘....и тн.
А ова со роба од али-експрес... ми изгледа сличен концепт и исто ми се чини дека би работело профитабилно!