Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Немаш гајле со М+С зимски би ти затребале при олуја што малце тешко у последниве години ил па евентуално на Маврово, Попова Шапка итн мада и таму веќе ги чистат патиштата ;)
А марки? Знам дека поскапо е подобро, претежно, али знаат и некои поефтини работи да изненадат.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
Поздрав имам проблем со светлото внатре во голф 4 кога ке се затворат вратите не се гаси?
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
А марки? Знам дека поскапо е подобро, претежно, али знаат и некои поефтини работи да изненадат.
Јас тигарче си имам сеа за сеа еве 2ра накај трета година уште гајле немаат :D
 
Член од
7 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
26
Размислувам за зимски гуми 205/55/16, па изборот падна на сава ескимо с3+ и сава ескимо HP, ако може некој да сподели искуство и која е разликата мегу двата модели.

Благодарам
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Препораки за гуми? И дали е подобро башка зимски и летни или може so m+s да се помини? И за маслото сакам да прашам, дали се менува сезонски, без разлика на километри или се гледаат километрите примарно?
Купи си солидни само ЛЕТНИ и ќе немаш проблем ако си од Источна МКД...Али,најубаво е 4 летни,4 зимни,ама тоа е малку поскапо..Маслото се менува на 10.000 км поминати,или 15.000,зависи до маслото..Сезонски,хмм,се препорачува во летен период да се става 20w50 масло,а во зимен 5w40..Али тоа е само теоретски,и воглавно кај нас не се применува..Турај си 10w40,менувај на 10.000 км,дотурај по потреба,и тоа е тоа..
 
Ехее ко така далеку сум од менување, имам околу 3500 км поминати откако лани го сменив. Не знам точно какво има ама мислам кога менуваа тогаш ставија наводно “од поскапото“ така да ќе почека за менување изгледа. Останува само антифризот да си го проверам и то е то спремен сум за зимава. Летните гуми шо и се сега моментално на колата ќе ги сменам со зимските што ги имам, па за нови купување здравjе в година на пролет, можам да си земам 2 нови за предни M+S
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
700
Поени од реакции
157
Дечки кога ќе положиш градска дали може да се вози со таа потврда од мвр што ја даваат?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Препораки за гуми? И дали е подобро башка зимски и летни или може so m+s да се помини? И за маслото сакам да прашам, дали се менува сезонски, без разлика на километри или се гледаат километрите примарно?
Нема више M+S
Мораш само летни или само зимски гуми во зависност од годишнот време односно два пара гуми
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Ехее ко така далеку сум од менување, имам околу 3500 км поминати откако лани го сменив. Не знам точно какво има ама мислам кога менуваа тогаш ставија наводно “од поскапото“ така да ќе почека за менување изгледа. Останува само антифризот да си го проверам и то е то спремен сум за зимава. Летните гуми шо и се сега моментално на колата ќе ги сменам со зимските што ги имам, па за нови купување здравjе в година на пролет, можам да си земам 2 нови за предни M+S
Оди кај механичарот,секој механичар мора да има такво апаратче за определба на температурата на антифризот,колку држи..Го пика во казанчето,повлекува колку 200 грама,и тоа мери колку држи и ќе ти кажат одма..Ако држи до кај -15 добро е..[DOUBLEPOST=1414520684][/DOUBLEPOST]
Нема више M+S
Мораш само летни или само зимски гуми во зависност од годишнот време односно два пара гуми
Не го акај човекот,ќе се повее ќе плесне толку пари за џабе..Ако имаш летни гуми во зимо ти се потребни ланци да си носиш,ако имаш зимски гуми ланци нема потреба да носиш..И јас не ги сфаќам тие М-Ѕ гуми..Неможе гумата исто да се понаша и на асфалт од +50 степени,и на -10,едноставно не иде..Или летни,или апла зимски..
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
М+С се зимски гуми (според законските прописи кои ги дефинираат својствата на зимските гуми). Некои гуми се „позимски“ од другите - се работи за спектар на својства, не за строга поделба на летни, зимски и целосезонски (како што вообичаено се мисли). Мит е дека „зимските“ гуми не можат да се возат во лето, поточно дека губат значително на функционалност во лето; единствено е точно дека „летните“ се подобри гуми од „зимските“ секогаш - освен кога има снег. Всушност, би се рекло дека „летните“ гуми се „нормални“ гуми, додека „зимските“ (пак ќе кажам, овде спаѓаат и оние што кај нас се нарекуваат целосезонски гуми) се гуми со копромитирани одредени својства во однос на „нормалните“, со цел подобри перформанси во услови на снег (или кал).[DOUBLEPOST=1414524182][/DOUBLEPOST]Да не ја тупам, @bobipp , земи си вакви: http://www.ekupi.rs/SPORTIVA-19565R15-91T-MS-Snow-Win-216672.aspx - и терај цело време со нив; ако не минуваш повеќе од 20000км годишно нема потреба да менуваш.
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Зимска гума летно време тресе, не држи пат како што треба и се оштетува.
Зимска гума не значи само на снег, него и на ладно до 7 степени.
За се друго е летна.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Зимска гума летно време тресе, не држи пат како што треба и се оштетува.
Зимска гума не значи само на снег, него и на ладно до 7 степени.
За се друго е летна.
И башка што кочениот пат е многу подолг во лето,со зимски гуми..Не лепат убаво,свират,пиштат..Летните гуми немаат мака ни во зимо ни во лето..Кај нас нема снегови,освен Тетово,Гостивар..Температурите не се -100..Топла клима имаме..
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
М+С се зимски гуми (според законските прописи кои ги дефинираат својствата на зимските гуми). Некои гуми се „позимски“ од другите - се работи за спектар на својства, не за строга поделба на летни, зимски и целосезонски (како што вообичаено се мисли). Мит е дека „зимските“ гуми не можат да се возат во лето, поточно дека губат значително на функционалност во лето; единствено е точно дека „летните“ се подобри гуми од „зимските“ секогаш - освен кога има снег. Всушност, би се рекло дека „летните“ гуми се „нормални“ гуми, додека „зимските“ (пак ќе кажам, овде спаѓаат и оние што кај нас се нарекуваат целосезонски гуми) се гуми со копромитирани одредени својства во однос на „нормалните“, со цел подобри перформанси во услови на снег (или кал).[DOUBLEPOST=1414524182][/DOUBLEPOST]Да не ја тупам, @bobipp , земи си вакви: http://www.ekupi.rs/SPORTIVA-19565R15-91T-MS-Snow-Win-216672.aspx - и терај цело време со нив; ако не минуваш повеќе од 20000км годишно нема потреба да менуваш.
Морам 205-ки пошто 16-ки се бандашите.Или чекај можда сум грешка па, има комбинација 195-ка на 16-ка бандаж?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom