Адам и Ева неспорно биле голи (без облека, во денешна смисла), но нивната голотија е објективно опишана во стихот, а ако го дочиташ истиот тој стих, ќе видиш дека и двајцата не се срамеле еден од друг од проста причина: не можеле да ја погледнат својата лична голотија и голотијата од другиот/та, а гревот сеуште не бил сторен. Тоа значи дека видливоста од нивната голотија била спречена на одреден начин па затоа и двајцата не се срамеле еден од друг. Св. Василиј Велики вели дека нивните објективно голи тела биле покриени со „слој„ од благодатната енергија Божја па оттаму и невидливоста од нивните голи тела.
Адам и Ева ја увидуваат (не ја гледаат!) својата голотија дури во Битие 3.7, после вкусувањето опишано во Битие 3.6, а Адам својот срам во гледа во Битие 3.10, а не во Битие 2.25.