Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Слаб натпревар, динамиката не беше на ниво на кое што сме навикнале да ги гледаме дерби натпреварите во ПЛ.
Јунајтед напаѓаше но немаше шанси, рака на срце си го заслужи бодот заради упорноста.
Мурињо пак, како Мурињо во секое дерби, претпазлив, и мислам дека и да беше 0-0 во последните 15-20 минути, пак ќе играше затворено. Сигурен сум дека ќе беше задоволен со бод, но не според околностите кои се случуваа на теренот.

За мене Ивановиќ не требаше да добие црвен. Немаше намера да го фаулира Ди Мариа, иако сметам дека требаше многу порано да добие жолт.

Како и да е, мислам дека двете екипи ќе бидат задоволни (која повеќе, која помалку :) )
Онака генерално гледано нагости кај Сити и Јунајтед 2 поени собравме, не е и така лошо
Ама лошо е шо водевме 0-1 на двете утакмици и на крајот гол примивме
Се надевам на Бриџ ќе ги надокнадиме поените :icon_mrgr:
 
Мило ми е за Пардс што си ја спаси работата. Онака, харизматичен ми е иако доста членови овде не го делат мислењето со мене околу ова. :)
Е сега наредно коло време е да претрпи пораз. :D
 
Значи судијава Phil Dowd на наптреваров man utd - chelsea беше како почетник - на секој фаул жолт картон ебати судијата.. И јунајтед заслужи да ја изгуби утакмицата - во 94 гол :|
 
А сите ја забораваат шансата на ди Марија во трета минута. Тоа ако не беше изработена акција, не знам што беше.
 
А сите ја забораваат шансата на ди Марија во трета минута. Тоа ако не беше изработена акција, не знам што беше.

Во 90 минути мора да имаш некоја шанса. :) Јас зборувам во глобала за натпреварот.
 

Сами Амеоби постигна гол само 6 секунди после влегувањето во игра
 
Сунес вика дека е заслужен втор жолт, со што се сложија и Карагер и Невил.
Играчот кој ја води топката, секогаш ке гледа да излезе пред играчот со цел да влезе накај 16 метри или да нафрли а да не биде блокиран зашто играчот е зад грб. Го тера играчот или да го руши или да го пушти.
Она на Ивановиќ беше ненамерно, али пресече нафрлување/влагање во 16 метри.

Првиот жолт му го дал за приговор, не за фаулот.



Голот па на Челси што беше една изработена акција, што да ти причам.

Шансата на Ван Перси по пасот на Јанузај во која затвори Куртоа?
Шансата на Ван Перси по пасот на Јанузај во која затвори Кејхил?

Знам дека ти е криво што го примивте у 94-та, ама зборење нешто што не е точно нема да ти олесни на душата
.
неми е криво, само давам мислење како јас ја доживеав утакмица, Манчестер Јунајтед генерално слабо играше според мене, одбрана калукурница, средниот ред ги изедоа Матиќ и Оскар, Мурињо кога Јунајтеед почна да пимпла на средина ништо конкретно, јас така ја видов утакмицата и се надевам дека се оправи до наредната со Сити, бидејќи црно им се пишува, а за црвениот на Ивановиќ несакам да коментирам, фаул да црвен никако.
 
@pixa

Има многу фактори кои влијаеа позитивно за Челси, а тоа е дека не играше во средина Ерера. Според мене најдобар играч од средината во Јунајтед, трча-напред назад, доктор за одземање топка и вршење пресинг. Исто така тука да го спомнам Фалкао кој е повреден, а за оваа тактика беше измислен, онака со молив цртан. :) Исто и Руни издржува(ше) казна.

Но, како и да е, во 95 минути успеавме да постигниме гол од нафрлена топка.
 
Да јадеа на средина Матиќ и Оскар немаше да е ваква статистиката

#јадење #шницла #помфрит @Red John #царој
g3iwiSG.png
 
Некој гледа тоа што сака да види, некој гледа како што е...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom