Какво е образованието во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Образованието во Македонија? Исто како тоалет на железничка станица.
 
Многу зависи од тоа какви ти се учителите. Ако се погодиш во добро училиште и во клас со способни професори ќе научиш многу.
 
Реално гледано, докториве на науки (целам на тие што предаваат на факултет), не можат да пишуваат учебник за основно бидејќи нивниот стил на пишување нема да биде разбирлив или едвај ќе биде разбирлив за основците. Искрено кажано, и во средно може да биде проблематично, камо ли во основно. Еден од главните проблеми во основно и средно е пренатрупаноста со материјал и тоа само теорија, а практика нула. Па после професорката во физика ќе ни објаснува експерименти со футролата од наочарите...
А демек американските учебници со никаков превод ќе бидат посоодветни? Па имаш луѓе кои можат , а несакаат да пишуваат книги. Се сеќавам коа министер за образование беше Тодоров и беше решен да ги натера професорите да напишат нови книги затоа што тие од кои што се учи се со стари податоци и слично да скратам една од професорките велеше море и да ме избркаат од работа нема да го напишам кој е тој мене да ми каже напиши нова книга? Јас само и реков професорке затрамете се и угледајте се малку на Хрватска да не одам подалеку таму не станува збор за достапност на нова литература по било која област не во библиотеките туку и на интернет! Ме погледна и ми рече море вие вмровци ќе ја оправате државата? И кажав истото сеа што им го кажав на сите за кембриџ моделот нас ни треба знаење и факти зошто пред фактите и боговите молчат и нема да може некој да те лаже колкав е долгот или растот на бдп! Стварно незнам што да кажам освен дека ќе добиеме страшно неписмени генерации заради ужасен образовен систем.
 
Главно можам да зборувам за средното образование, бидејќи факултет немам сеуште искусено...
За средното образование, стручно или гимназиско има многу да се кажува, дискутира, критикува и сл.. Моментално средните училишта се БОМБАРДИРАНИ од инспекции кои на еден начин сакаат да го подобрат образованието(читај да го направат слично на она во америка) и притоа незабележително се отвараат такви дупки и пропусти што и самото министерство не е свесно за... Нели средното образование, а воедно и основното се темел на се, е сега во СТРУЧНО образование каков темел ке биди тоа за струката кога ке се учат 14-15 предмети од СИТЕ можни области?? Учениците од гимназиите незнаат каде да студираат потоа поради недоволната ангажираност на професорите за нивно СООДВЕТНО насочување, а не каде и другар ми таму и јас.. Бидејќи да бидеме искрени тоа правило сеуште работи, за жал!
Е сега за практичната настава, во стручните училишта е сведена на 0!! Поради ред прични од кои: недостиг на средства(пари(БЛОКИРАНИ СМЕТКИ)), а со тоа и несдостиг на инвентар, реагенси, и сл. Професорите предаваат сеуште од СКРИПТИ, а КОПИРАЊЕТО на учебници и скрипти Е ЗАБРАНЕТО СО ЗАКОН! Но од што да се учи?? Исто така проф. си ги носат домашните проблеми на работа и секако дека ќе нема поволна атмосфера за одржување настава...
А екстерното оценување... Епа проценете сами, да се оценуваат НАСТАВНИЦИ И ПРОФЕСОРИ, а не успех на ученик, а всушност оцените одат во сведителство, а од кратењето на платите К нема, се е на грб на улениците.
Да не зборувам за наставните планови, кои се претрупани со глупости од типот на МИО(меѓуетнички работилници) или ЕКО ЧАС кој пропаѓаат без врска, поради недоволна упатеност за извршување... РАБОТА ВО ГРУПИ, каде ќе работиш во групи кога се знае дека само еден работи во групата, а другите дремат... А да не споменувам за самата непогодност на училницата СО КОМПЈУТЕРИ за работата во групи, постојано се тргат кабли, монитори и сл и после расипани биле...
Самите УЧЕБНИЦИ се ужас!! Печатни грешки до немајкаде, несоодветни, пишувани или преземани од страна на Х-луѓе кои се нарекуваат автори и секако самиот учебник поминал низ рецензија(од универзитетски проф).

Дете со ваков негативен став не тераш далеку. Земи учи, дружи се и не се замарај. За некое време ќе сфатиш дека се се тоа обични глупости на кои не вреди да потрошиш ни една синапса од нервите и ни минута од своето време.
Барем сега кога можеш да се запишеш на скоро секој факултет и последично нема потреба од високи оценки е лесно. Ако ништо друго учи тоа што ти е кејф.
 
Дете со ваков негативен став не тераш далеку. Земи учи, дружи се и не се замарај. За некое време ќе сфатиш дека се се тоа обични глупости на кои не вреди да потрошиш ни една синапса од нервите и ни минута од своето време.
Барем сега кога можеш да се запишеш на скоро секој факултет и последично нема потреба од високи оценки е лесно. Ако ништо друго учи тоа што ти е кејф.

Апсолутно не се замарам, само на еден начин посочувам и давам до знаење.. Дојди присусутвувај на една нормална учебна седмица и ќе ти стане јасно колку пречки излегуваат и едноставно се тежнее да се изобличи наставата.. Нема потреба од високи оценки?? Хаха, ама татко не ми е Rockefeller..
 
A obrazovanieto vo UK ?

http://listverse.com/2007/09/07/33-funny-exam-answers/


Eve nekolku biseri od testovite za sredno obrazovanie/diplomski ili taka nekako /General Certificate of Secondary Education (GCSE)

1. Ancient Egypt was inhabited by mummies and they all wrote in hydraulics.They lived in the Sarah Dessert and traveled by Camelot. The climate of the Sarah is such that the inhabitants have to live elsewhere.

25. Gravity was invented by Issac Walton. It is chiefly noticeable in the autumn when the apples are falling off the trees.

29. The sun never set on the British Empire because the British Empire is In the East and the sun sets in the West.
............................
 
A obrazovanieto vo UK ?

http://listverse.com/2007/09/07/33-funny-exam-answers/


Eve nekolku biseri od testovite za sredno obrazovanie/diplomski ili taka nekako /General Certificate of Secondary Education (GCSE)

1. Ancient Egypt was inhabited by mummies and they all wrote in hydraulics.They lived in the Sarah Dessert and traveled by Camelot. The climate of the Sarah is such that the inhabitants have to live elsewhere.

25. Gravity was invented by Issac Walton. It is chiefly noticeable in the autumn when the apples are falling off the trees.

29. The sun never set on the British Empire because the British Empire is In the East and the sun sets in the West.
............................
Британците се познати по своите бисери уште од мали нозе :)
 
ОБРАЗОВАНИЕ

Пубертет доаѓа со тортата на мама, Грција излегува на Јадранско Море, баци рака за почит... продолжуваат „лекциите“ за учениците!

„Кога пубертетот ’дојде’, малиот Огнен доби мозолче на лицето, а мајка му конечно направи торта. Потоа, Огнен го пофаќа мозолчето и се возбудуваше. Лакомо jадеше од тортата, а целото семејство го славеше неговиот пубертет. Откако се засити, Огнен ја побара својата соученичка Мара и заедно со прстите си ги пипкаа мозолчињата, полека, нежно, како да фаќаат нежни расцутени цветчиња“, вака петтооделенец би ја раскажал лекцијата од 61. страница од учебникот по македонски јазик.


mkd-221194.jpg

mkd-221195.jpg





Содржината на оваа „лекција за пубертетот“ деновиве се прошири по социјалните мрежи, па повторно на јавна критика се честите небулози, грешки, апсурдните толкувања и дефиниции што се вметнати и може да се прочитаат во дел од учебниците.

Материјалите од книгите треба да служат како редовна станица од образовниот стадиум на еден основец. Децата низ основното образование го оформуваат карактерот, практично, се оформуваат како личност, па не е чудно што се појавуваат коментари на загрижени родители од типот: „Што учат и зошто учат децата вакви работи? Каде да побараме логично и разумно објаснување? Од авторите на учебниците, од Министерството за образование, од кого?!“

Но настрана оваа пубертетска лекција, сигурно многумина се сеќаваат дека јавноста реагираше и бараше ревизија на учебникот за Граѓанско образование за осмо одделение. Осмооделенците таму учат дека „лојалните граѓани се добри и одговорни работници кои секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи“.

mkd-221197.png


„Ако човек го повтори ова седумнаесет пати, и на осумнаесетиот пат сигурно ќе му звучи екстремно глупаво! А како треба ова да го сфати еден млад тинејџер и како ќе влијае врз него?“, беа дел од реакциите по социјалните мрежи откако се појави содржината низ јавноста.

Истовремено истиот учебник, особено на првите страници, изобилува со разни илустрации што ги учат младите на покорност. Пример - бакнувањето рака на повозрасните е израз на почит кон авторитет!

mkd-221198.png


„Кога покорувањето на моќта е прифатена, за таа моќ велиме дека прераснала во власт. Власта претставува облик на моќ која е прифатена како оправдана“, стои во делот за објаснување за власта, кој го пренесоа скоро сите медиуми.

Сликите ја претставуваат власта како огромен и силен моќник, додека граѓаните изгледаат како мали и немоќни пиони. Низ текстовите може да се забележат и карикатури - спринт-трка помеѓу двајца припадници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, како и камион со натоварени гласачи што поминуваат на царина.

mkd-221199.png


Фактички грешки, погрешни или многу сложени дефиниции, јазични неправилности, разни небулози се објавуваа низ ланската година, а имаше „сочни“ примери и во 2013 година, во учебникот по Општество за петто одделение.

Родителите реагираа дека во овој учебник, чии автори се Виолета Митовска, Оливера Величковска, Весна Гаврилова-Аврамовска, може да се најдат „ретки бисери“ што по првото читање од срце ќе ве насмеат, но и ќе ве вчудовидат, ќе ве изненадат и ќе ве револтираат поради фактот што сè може да прочита еден петтоодделенец во учебник што ги поминал сите нивоа на проверка и што бил одобрен од Националната стручна комисија.

На пример, авторите на учебникот „откриле“ дека нашиот јужен сосед Грција излегува на четири мориња, меѓу кои и на Јадранско Море.

„Нашата татковина на југ граничи со Република Грција. Главен град е Атина. Таа е полуостровска и островска земја. Членка е на Европска Унија. Излегува на Егејско Море, Јонско Море, Јадранско Море и Средоземно Море.“

mkd-221201.jpg
Принтскрин од учебникот

Ако човек не е убеден во својата основна географска едукација, тогаш може да погледне во сите релевантни светски енциклопедии, атласи и индекси (како на пример, Енциклопедија Британика, Нешнелџиографик, Енциклопедиа.ком,Грис индекс). Таму пишува дека Грција излегува на три мориња: Егејско, Јонско и Средоземно Море. Во некои од нив се споменува и четврто море: Критско.

Во учебникот може да се прочитаат и вакви дефиниции: „Татковина е наследство, а истовремено и состојба на поседување на земја, територија, духовни вредности и содржини кои ја сочинуваат културата на еден народ. Република Македонија е нашата татковина“. (стр. 7).

Состојба на поседување земја? Како ова може да го прими главата на еден петтоодделенец? Како ли воопшто звучело во главите на авторите и што сакале да кажат со тоа?

mkd-221200.jpg


Прашавме неколку македонски петтодделенци – што е татковина, и тие како од пушка ни одговорија: „Македонија е мојата татковина, земјата во која сум роден“. „Татковина е земјата што ја сакам“.

Оттука, зошто тогаш авторите решиле (а тоа некој го одобрил) да прават хаос во главата на едно десетгодишно дете? Сметале дека ако е покомплицирано, ќе биде и поблиску до вистинската дефиниција?

Пред четири години се појавија куп грешки и во учебниците на албански јазик. Тогаш Здружението на албански издавачи беше загрижено за правописните, техничките и грешките во преводот. Ова здружение тогаш обвини дека Министерството за образование не е издавачка куќа, а на конкурсите за автори и рецензенти, како што рекоа, доаѓаат до израз личните врски и пријателства, а не квалитетот.

Сите смешни дефиниции, погрешни равенки, слаб квалитет, како и содржини што не соодветствуваат на возраста на децата, се само дел од проблемите со кои се соочуваат учениците, наставниците, но и родителите. Проектот на Владата со кој на основците и средношколците им беа доделени околу четири милиони книги, државата ја чинеше најмалку една милијарда денари.

mkd-221202.jpg
Абдулаќим Адеми


Инаку, последниов период имаше низа реакции и за состојбата во која се наоѓаат дел од учебниците што се префрлаат од дете на дете, па ресорниот министер Абдулаќим Адеми ја „смируваше топката“ и најави дека буџетот за образование за 2016 ќе биде повисок. Поточно, како што рече, околу 14 милиони евра се предвидени за снабдување на основците и средношколците со учебници, превод на 50 книги за факултетите, да се платат наследените долгови за лаборатории, почеток на изградба на Универзитетски комплекс во касарната „Илинден“, реконструкција на студентските домови... Останува да видиме дали сето ова ќе стане опиплива реалност или министерството ќе мора да бара приоритети од сите споменати проекти.

Б.Ш.
 
Постои само еден збор за сето ова што се случува - неписменост.
 
Озбиљно.
Од денес тврдам дека основното образование е топ у Македонија, а учителките се воедно и први на браникот на еманципацијата на жените.
Во таа чест и песнава:
Браво за власта ако стварно застанала (ма нека е и по партијска линија) зад учителкава.
Да бев основец ќе се запишев у Куманово.
(Како у мое време немаше бре фејсбук маму му...)
 
Озбиљно.
Од денес тврдам дека основното образование е топ у Македонија, а учителките се воедно и први на браникот на еманципацијата на жените.
Во таа чест и песнава:
Браво за власта ако стварно застанала (ма нека е и по партијска линија) зад учителкава.
Да бев основец ќе се запишев у Куманово.
(Како у мое време немаше бре фејсбук маму му...)
Какви се па и медиумиве со начинов на пишување на вест.Имала некоја си таму учителка со непознато име во тоа непознато основно со голи груди.Ова е голем срам,имало реакција од родители,бараме оставка од министерот и премиерот. :)
 
И ја барам оставка од нив, само ако не застанат на страна на учителкава.
 
Овојпат не пишував со сарказам. Стварно сум на страна на учителкава.

А командант Вентили предавникот Бучко го стаи у влада, ама затоа патриотите одма го стрпаа у затвор чим дојдоа на власт.
 
Загрижен родител: Зошто Костадинова крие за обидот за киднапирање на моето дете?

http://libertas.mk/видео-загрижен-родител-зошто-костади/#

валканата предизборна пропаганда се засилува ... најнапред фантомски труења на ученици, по рецептот на познатите труењата на ученици од албанска националност, потоа фантомски обид на киднапирање, ( родителот не пријавил во полиција ) а наводно настанот се случил на улицата пред училиштето... детето имало модрици, ама никој не видел број на колата и опис на криминалците, а сите ученици имаат мобилни, можел некој и да ја слика таа кола на киднаперите...
А зошто е се тоа потребно, еве ако не им се допаѓа директорката на родителите, не само тука туку секаде, нека се воведе механизам на тајно гласање за доверба на директорот од страна на сите родители од училиштата, не е потребно разни тавтабити да прават предизборен маркетинг...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom