Кои се европските или пак светските индикатори за квалитет во образованието ?
Што мислите, кои се потребните чекори што треба да се направат да се реформира образованието?
Што е тоа што треба да се промени, а што не?
Сметате ли дека треба да се воведат модерни, иновативни методи ? дека постоечките се застарени односно застарен е пристапот на пренесување на знаењето?
Кај државните факултети дали освен теоретската настава и недоволната примена на праксата -испаѓа дека практичната рабта на факултетите е многу слабо застапена или пак на некои воопшто и ја нема поради Х причини- некаде поради лошата опрменост на факултетите, некаде поради не/желбите на професорите.....
--- надополнето: 4 август 2013 во 08:42 ---
.
.
.
Пред некое време пишуваше по медиуми дека :
„има случаи на одредени факултети еден професор да им е ментор на 30 магистранти, отсега оваа бројка се ограничува на максимум 10 за една година. За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание...
За секој објавен труд на еден професор факултетот може да му исплати една плата плус.
Универзитетот ќе има обврска да организира студиски престој за минимум 30 студенти годишно, во траење до три месеци, и тоа на некој од првите 500 рангирани универзитети според Шангајската листа. а трошоците за престој, школарина, осигурување, патни трошоци ќе треба да ги плати универзитетот, односно факултетот.
Првпат државата им нуди помош за вработување на лицата што ќе магистрираат или докторираат на еден од првите 200 рангирани универзитети во светот. Тие лица може да побараат помош од Министерството за образование и наука и деканатот на соодветниот факултет, кои ќе помогнат да го вработат...........................
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12313845537&id=9&setIzdanie=22786