Се кладам дека тоа нема никако да ги намали издавањата на пасошите, ниту пак барателите ќе имаат повеќе компликации при тој процес. Сега во моментов е така.
Евентуално, во иднина да биде, ако биде, покомплицирано.
Но, не ми се верува и тоа, бидејќи нашата влада работи неуморно, и со секој поминат ден, се повеќе ги прилагодува нашите регулативи и закони кон европските, па сите тие разлики, се повеќе ќе се намалуваат, а не зголемуваат.
Всушност, со зголеменото евроинтегрирање на Македонија во сферата на законодавството (кое се случува континуирано), очекувам полесно да биде вадењето бугарски пасош.