ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Ни на Уан мрежата не е најсјајна, губи сигнал, не стигаат смси. Затоа и онакви пакети нудат во последно време.
 
Лошо лошо а се чудам зашто у последно време ми се губи мрежата
 
...

Со своите 23,6% пазарен удел и околу 528.000 корисници на мобилна телефонија и вкупно 640.000 корисници во сите сегменти во четвртиот квартал од 2013 година, ОНЕ ДООЕЛ Скопје е третиот по големина мобилен оператор и втор по големина телекомуникациски сервис провајдер во Република Македонија.

Телеком Австрија Групацијата е присутна на пазарот во Македонија преку својата подружница ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ од 2007 година. ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ имаше околу 630.000 корисници на крајот на последниот квартал од 2013 и пазарен удел од 28,1% и е вториот по големина мобилен оператор на македонскиот пазар. Приходите на ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ се до 65 милиони евра и 14,7 милиони евра ЕБИТДА. Со купувањето на Близу Македонија во јули 2014 година Телеком Австрија групацијата стартуваше со понуда на фиксни сервиси на македонскиот пазар.

Извор

23.6 + 28.1 = 51.7% => НОВ ТЕХНИЧКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МОНОПОЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Ова не ќе да е легално согласно со законот за заштита на конкуренцијата во Македонија.

Освен ако пвеводбениците договориле нешто за нивни ќар, па сепак се реализира ваквата несомнено незаконска бизнис зделка.

Кога Дојче Телеком го купи грчки ОТЕ, Дојче Телеком стана сопственик и на Космофон, кој заедно со Ти-Мобајл услужуваа над 50% од сите корисници на мобилна телефонија во Македонија, што е спротивно на законот за заштита на конкуренцијата во Македонија.

Поради ова, Дојче Телеком беше обврзан да продаде една од двете фирми, по што Дојче Телеком одлучи да го продаде Космофон на словенечкиот Телеком Словенија, кој го ребрендираше Космофон во ОНЕ.

По логика на нештата, ваквото спојување на две телекомуникациски фирми во идна заедничка фирма која би услужувала над 50% од сите корисници на мобилна телефонија во Македонија, е нелегално и не смее да се дозволи.

Абе ако сакаат и со Сител нека се спојат, T-Mobile ќе си останат најдобри.

Потпис !!!

Најдобри и најскапи за жал, но дефинитивно најдобри.
 
^ За 1 процент ли ќе правиме проблем? Па ќе ги деактивираат припејд бројчињата што никој не ги користи и фаќаат прашина по фиоки и магично ќе дојдат на 49%.
Или владата ни наша ќе излезе со соопштение дека го следиме трендот на еу каде што во последно време се случија многу слични спојувања. Па ако треба и законот ќе се смени. Некој дебело ќе профитира од ова, а корисниците можат само да изгубат.


"За да се намали ударот од падот на приходите и да се овозможат соодветни услуги за корисниците, во ЕУ, а и во светски рамки постои тренд на консолидација на пазарите. Овој тренд е единственото решение за повеќето компании, кои освен што на тој начин обезбедуваат поголема продуктивност, овозможуваат и најновата технологија од светот на комуникациите да ја направат достапна за своите корисници. Овој тренд го потврдуваат бројни примери – во Холандија Т Мобиле го презема Оранге, со што на пазарот од 4 мобилни оператори сега оперираат 3 оператори. На уште поголемиот пазар во Велика Британија Т мобиле го презема Оранге и од 5 станаа 4 оператори, додека со преземањето на Е-плус од страна на О2 од 4 станаа 3 оператори. Македонија малку го чувствува тој тренд преку преземањето на кабелскиот оператор Близу од страна на Телеком Австрија групацијата, сопствени на Вип оператор."
 
Лошото и полошото се споија.. Ме интересира дали на сите постоечки корисници ќе им дадат да потпишат нов договор или ќе останат со стариот договор дур не им истече - прашувам дека сакам да прејдам на т-мобиле џД.. :)
 
Единствен полош муабет од тоа дека ВИП нема мрежа е дека Internet Explorer е најлош/најспор прелистувач.

Престанете да користите заебанции стари 10 години.
 
Зошто нема никаква вест ни од Оне ни од Вип? Што ќе се случи со ние што сме веќе на одредени тарифи?
 
Зошто нема никаква вест ни од Оне ни од Вип? Што ќе се случи со ние што сме веќе на одредени тарифи?
Ќе си останете на истите. И кога би се формирала новата компанија условите на договорот што сме го потпишале останува непроменет.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
ВИП го користам веќе 3 години и до сега 1-2 или два пати ми се случило да снемам мрежа, што е нормално, а на такви цени (моментално најевтини) што очекувате. Како се вас ви се случува да немате не ми е јасно.

Ако цените си останат исти по спојувањево, тогаш ќе биде одлично, ќе наследиме мрежа на One, што е многу подобра.
 
А ја со имам 2 телефона еден на Оне еден на Вип (жал ми е женски немам гага на випот :P) нема поише да бидам фаца !?!??! :eek:
 
Како корисник порано на One, сега Vip едно сватив. Немој да ги дираш корисниците на Т-Мобајл. Зашто моментот кога ке кажеш нешто лошо за Т-Мобајл и добро за конкуренцијата, одма следува предавање за бранови,предаватели, па за маркетинг, одеднаш гледаш пред себе експерт во различни области.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom