- Член од
- 24 јуни 2011
- Мислења
- 522
- Поени од реакции
- 462
Со татко ми сум многу ладен,и поради тоа што он е таков тип на човек,и поради тоа што не го осеќам толку близок како мајка ми,додека со неа сум како мало дете,ваљда поради тоа што највеќе она била до мене од мал,и поради тоа што со неа го пројдов проблематичното детство,додека стариов беше повеќе по работа и пари.
Како што кажа некој член погоре,со татко ми сум се гушнал само на полуматура(веројатно)
Не ми е срам од тоа да ја сакам и гушкам,баш напротив ми е мило што имам таква мајка.
Исто и јас, татко ми ми се десило 6 месеци да не го видам и воопшто да не се ни сетам дека го имам или па дури и да не сакам да го видам, на мама ми текнува секој ден па затоа и се слушаме по телефон секој ден а некогаш и двапати. Мене ме изгледа таа, со големи жртви и нервози затоа моментално во животот гледам нејзе да и створам услови кои ги заслужува за добар живот. Никогаш не работела и јас сум нејзината кариера и ќе ја направам горд, се гушкаме често.