Те сакам мамо/тато!

  • Креатор на темата Креатор на темата Jagod4e
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Животот е многу краток и непредвидлив, и не може да ја достигне сета љубов што ја имам за своите родители! Љубовта моја кон нив е бесконечна, но не можам да ја искажам со зборови! Никогаш не сум рекла те сакам мамо/тато...
Ме интересира дали некогаш сте кажале те сакам на вашите мајки и татковци, дали при тоа чуствувате срам и слабост, или тоа го искажувате со дела?
 
Мајка ми е многу ладнокрвно створење, нејќе гушкања бацувања и секогаш коа ќе и отидам ме вика- лигла! :)

Пред некој ден и пишав на вибер: многу те сакам мамичке, на што ми врати: не ме замарај, гледам филм :( :pos:
Татко ми е па бетер, дали два пати го имам гушнато у живот, за полуматура и матура. Типот е не знам.. емотивен инвалид.
Сите дома се такви, а јас сум емотивниот неизгушкан изрод.
:ROFLMAO:
А за срам, нема збор. Секогаш си го кажувам тоа што го осеќам и така ми доаѓа убаво на душичката. :noze:
 
Последно уредено од модератор:
Те сакам мамо, те сакам тате. Уште поќе ќе ве сакав ако земавте швицарска плата. Но и вака ве сакам, остане те ми живи и зрави.
Позраф.
Еј ќе ме глеет на телевизија. Шо зборваш ре?
 
Ме интересира дали некогаш сте кажале те сакам на вашите мајки и татковци..

Над 1.000.000 пати.
Обично во петок / сабота и ко ќе имаше родителска.
 
Со татко ми сум многу ладен,и поради тоа што он е таков тип на човек,и поради тоа што не го осеќам толку близок како мајка ми,додека со неа сум како мало дете,ваљда поради тоа што највеќе она била до мене од мал,и поради тоа што со неа го пројдов проблематичното детство,додека стариов беше повеќе по работа и пари.

Како што кажа некој член погоре,со татко ми сум се гушнал само на полуматура(веројатно):D
Не ми е срам од тоа да ја сакам и гушкам,баш напротив ми е мило што имам таква мајка.
 
Со татко ми сум многу ладен,и поради тоа што он е таков тип на човек,и поради тоа што не го осеќам толку близок како мајка ми,додека со неа сум како мало дете,ваљда поради тоа што највеќе она била до мене од мал,и поради тоа што со неа го пројдов проблематичното детство,додека стариов беше повеќе по работа и пари.

Како што кажа некој член погоре,со татко ми сум се гушнал само на полуматура(веројатно):D
Не ми е срам од тоа да ја сакам и гушкам,баш напротив ми е мило што имам таква мајка.

Same here. Со татко ми речиси и да немам контакт, како воопшто да не постои. Никогаш во животот не сум го прашал за совет ниту пак тој самиот ми дал. Додека со мајка ми можам да разговарам за што било и се однесувам како мало дете некогаш.
 
Jaс и двајцата знам да ги прегрнам и бацам во било кое време онака ако ми се присака. Да им велам дека ги сакам не им велам.

Во последно кога си иди мајка ми од работа, секош ја повторувам една фора. Викам:

-Кој шо има дебела мајка да ја баци одма. И ја бацувам, пошто е дебелка :pos:
 
Кога татко ми доаѓа од работа или пак кога јас се враќам од училиште, секогаш го гушкам, додека мајка ми поретко ја гушкам, но со неа сум малце поблизок, бидејќи татко ми е доста построг. А секој ден им кажувам дека ги сакам.
 
Со татко ми немав прилика да му покажам доволно, ме зезна додека ми лудееја хормоните и почина.
На мајка ми никогаш не сум и кажала дека ја сакам, не се сеќавам дека и она директно некогаш ми кажала зошто цел живот го врти муабетот: се сака со душа, не со уста. Па, и јас си го практикувам тоа. :) Ама и ден денес знам да легнам до нејзе за да ме гали, лигава сум и убаво ми е. :pipi: А веројатно и таа се чувствува дека се`уште има дете што тешко дека некогаш ќе порасне. :)
 
Дела а не зборови! :icon_lol: јас сум од тие што малку зборуваат ( кажуваат) а многу прават, се трудам да им помогнам во било што, да ги подржам во секакви ситуации, да се грижам за нив, да им направам некаков гест кој ќе ги израдува итн.
 
Те сакам да кажам малку е тро глупо но кога се работи за гушкање да колку што можам често тоа го правам пред се мислам дека една мајка е најсреќна во моментите кога го прегрнува своето чедо. Со татко ми не паметам некогаш да сум го гушнал не за друго веќе одамна е заминат од мојот свет нажалост понекогаш недостига таа таткова прегратка.
 
Јас сум си мамино галениче :P а со татко ми сме на ратна нога цел живот,така да не се сеќавам дека некогаш сум му рекол дека го сакам,но во секој случај си се сакаме:D
 
Последно уредено:
За мајка ми животот ќе го дадам камо ли само да и кажам те сакам...секој ден ја потсетувам тоа ...пошто таа жена се жртвува за јас да бидам среќен...

Со стариот никогаш не бевме во добри односи секогаш се расправме ретко кога и да сме се сложиле за нешто ...камо ли да сум му кажел те сакам...му кажав еднаш пред да се оперира...и ден денес ми се плаче коа ке се присетам на тој момент..можеше почесто да му покажувам дека го сакам и почитувам...каков и да бил сепак ми бил родител..можеби не бил најсјаен ама и ја не бев цвеќе за мирисање...сега е малку касно за такви работи...затоа луѓе кажувајте им те сакам дур имате шанса и можност...дур се со вас...немојте да се каете со мене...ништо не ве кошта бар еднаш во денот да им кажете те сакам...2 секунди работа..па и да ги гушнете и баците...не чекајте...не се срамете...ипак животот е кракот...а на нив ќе им значи тоа премногу колку и да не го покажуваат тоа...
 
Jaс и двајцата знам да ги прегрнам и бацам во било кое време онака ако ми се присака. Да им велам дека ги сакам не им велам.

Во последно кога си иди мајка ми од работа, секош ја повторувам една фора. Викам:

-Кој шо има дебела мајка да ја баци одма. И ја бацувам, пошто е дебелка :pos:

И ја штипам за образи :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom